Вторник, 24 Ноември 2009    PDF Печати Е-пошта
Свети великомаченик Мина Чудотворец

Според календарот на МПЦ

Денеска е Св. великомаченик Мино

Свети Мино беше по род Египјанец, а по професија војник. Подоцна ја напушти службата и се повлече на пусто место, и полека, преку пост и молитва, сé повеќе му се приближуваше на Бога, кој му даде дар да ги гледа работите што се случуваат на далечина. На тој начин, тој го виде незнабожечкото празнување во градот Катуанија, па слезе во градот и го разобличи поклонувањето на идолите. Затоа беше ставен на маки, и најпосле му беше отсечена главата. Свети Мино особено се прослави како застапник пред Бога по напуштањето на земниот живот, слично како свети великомаченици Димитриј и Ѓорѓи.

Како војник качен на бел коњ им помагал на тие што биле во неволја

Sv-MinaСветиот великомаченик Мина настрадал зашто ги разобличувал идилопоклонството и паганството како најголем мрак и незнаење.

Роден во Мисир, египетскиот војник Мино живеел за време на царот Диоклецијан кога бил вршен прогон на христијаните. Бил офицер во царската војска но ја напуштил службата и заминал во пустина зашто подобро се снаоѓал меѓу ѕверовите отколку меѓу луѓето неверници. Еднаш додека паганите прославувале некој свој празник Мино влегол во градот, објавил дека е слуга Христов и ги разобличил идолопоклонството и паганството како најголем мрак и незнаење. Поради тоа бил изложен на големи мачења, бил тепан, струган со железни четки, а потоа исечен со меч и фрлен во оган за да не можат христијаните да го погребат. Но тие сепак спасиле делови од неговото тело и пристојно ги погребале. Подоцна тие биле пренесени во Александрија и биле погребани, а над нив била подигната црква посветена на неговото име.

Свети Мино настрадал околу 304 година. Правел чуда и за време на животот и по смртта. Често им се јавувал на тие што му се обраќале, некогаш како војник качен на коњ, и им помагал на тие што биле во неволја.
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.