Среда, 03 Март 2021    PDF Печати Е-пошта
Македонци во Индија

makedonci-vo-indijaФалангата крстарела по светот пред две илјади триста триесет и три години. Александар гологлав ги предводел Македонците во сите победи. Зад него застанувале сите умни луѓе од Македонија: научници, филозофи, архитекти, уметници и сите си ја вршеле својата работа, пред отворените порти на многу народи на исток каде што Александар се движел по патот на сонцето, обединувајќи го светот со својата космополитска идеја.

Неколку градови и војски се испречиле и морале да бидат уништени до темел. Тоа беа Теба и Тир. Со тоа Александар си го чувал грбот во Македонија. Последна битка била во Индија со Пор. Останатото време Александар го посветил на градење на градови Александрии, царски патишта и светилишта, оставајќи секаде дел од македонската душа. Не само луѓето и народите, туку и боговите му помагале.

Уште како дете сам заминал во шумата да види како расте дренот висок и до шест метри. Од него се правеле копјата за фалангата. Таму открил калем на дрен со дрен без да се примети спој на стеблото.

Сè што оди, лета и плива, го предизвикувало неговото љубопитство со инстинкт за опстанок. Со голема интуиција, вродени претчувства и знаења за природата ја збогатувал свеста со разни сознанија. Се консултирал со сите, а решавал сам со непогрешливост во предвидувањата. Знаел како да ги помине пустините и планините, како да победи десет пати помногубројна војска, како да го одржува духот и довербата кај Македонците, знаеше сè и можеше сè.

Кога се менувале условите, се менувала целата тактика или се пренаменувала фалангата.

Така било и во битката со Пор во Индија. Никој не можел да сфати што подготвува Александар. Пор чекал со распоредена повеќеилјадна војска, со многу слонови и најразновидно оружје. На Александар како и пред битките кај Гавгамела со Дарие му се врежала мислата дека силата не е во мнозинството. Изгледало како да се повлекува, откажува, а тој самиот градел удар врз митолошка основа. Од како разбрал за Индискиот култ кон кравата како свето животно Александар наредил да се соберат илјадници крави од сета пристапна територија.

Пор со многубројната индиска војска тргнал кон фалангата. Македонците се разделиле и ги пропуштиле светите крави подгонети во стампедо. Индијците и слоновите во паника се напаѓале едни со други, бегајќи пред налетот на обожуваните свети крави.

Ниту еден Македонец не загинал. Пор не побегнал срамно како Дарие, туку се предал, барајќи од Александар да постапи со него царски.

Умната постапка на Александар, во Индија се почитува.

Многу Индијци и денеска се прикажуваат како Македонци по женска линија. Впечатокот што го оставил Александар и Македонците во Индија не избледува.

 

Ангелина Маркус

 

На прво место

Историја

News image

Го подготвувале народот за идната Голема Македонија

Оваа Дружина припаѓа кон денешниот преовладувачки словенски елемент, дека името на тој елемент му е ...

Иселеници

News image

ИЛИНДЕН – НАЈСВЕТЛИОТ ДАТУМ ВО ИСТОРИЈАТА НА ПЕЧАЛБАРСКА ПРЕСПА И ЉУБОЈНО (2)

Илинден е најголемиот ден на слободарскиот дух од сите ден...

Култура и туризам

News image

МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА РОМИТЕ 8 АПРИЛ И НИВНИОТ РАЗВОЈ ВО СВЕТОТ

Меѓународниот ден на Ромите 8 Април се слави, речиси, во сите места во Република Македонија, каде&...

Фељтон

News image

ИСТОРИСКИ ДОКАЗИ ЗА ВИСТИНАТА НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (5)

Во Воведот на публикацијата „Историја на македонскиот народ од антички времиња до ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.