Среда, 26 Март 2014    PDF Печати Е-пошта
Фолклорот е меѓу најсилните аргументи за нашето постоење

Ивана Нолчева

marko-kitevskiКнигите „Преданија и легенди“ и „Говорни народни умотворби“ (деветти и десетти том) се дела за кои фолклористот и научен советник во Институтот за македонска литература Марко Китевски ја доби годинашната државна награда „Гоце Делчев“ за најдобро научно дело во 2011 година. Главна преокупација на Китевски му е македонскиот фолклор со сите негови богатства што ги истражувал во период од цели четири децении. Автор е на голем број научно-истражувачки трудови од областа на фолклорот и добитник е на најголеми државни награди и признанија.

Какво богатство крие обемниот антологиски избор, едицијата „Македонски народни умотворби“?

- Тука е објавено најубавото што го создал македонскиот народ низ вековите, од половината на 19 век до денес. Консултирани се сите позначајни зборници, весници, списанија и други публикации објавувани во Македонија, но и во центри надвор од земјава, во време кога кај нас не постоеле услови за тоа. Застапени се и народни умотворби од моите архивски истражувања и од собирачката дејност. Книгите се опремени со предговори, во кои се истакнати карактеристиките на народните умотворби, потоа со извори, податоци за песните, речници на дијалектизми, архаизми, други помалку познати зборови и сл. Едицијата е објавувана последниве пет години, а во неа е вложено сето мое знаење и искуство. Со ваквите антологии можеме најубаво да го покажеме нашето фолклорно богатство пред светот. Можеме да покажеме дека одредени примероци од нашите поетски и прозни народни умотворби стојат на исто рамниште со најубавата светска литература.

Колку од народната традиција е зачувана и денес и колку се уште се практикува?

- Македонските народни умотворби најмногу се наоѓаат објавени во зборници и други публикации. Голем број има и во архивите, како кај нас така и низ светот. Задача на науката за фолклорот е да ги истражи и да ги објави. Се разбира, народни умотворби има и на терен, низ населените места во Македонија и надвор од неа, но тие многу брзо исчезнуваат, а во последно време сосема малку се работи на нивно запишување.

Наградата што ја добивате го носи името на нашиот најголем револуционер Гоце Делчев. Дали изданијата за кои сте наградени ги вклучуваат и легендите за него?

- Гоце Делчев е култна личност од нашиот судбински период. Уште од најраното детство живеевме со неговиот лик и дело. Ги слушаме песните за него, се воодушевуваме од легендите и од преданијата за неговата револуционерна дејност. Во деветтата книга од едицијата „Македонски народни умотворби“ - „Преданија и легенди“ се објавени околу 250 преданија и легенди за теми од Стариот и Новиот завет, за многу светци од христијанската вера, различни топоними, култни места, природни појави, митолошки суштества, цркви и манастири и, се разбира, за многу личности од нашето историско минато. Најмногу преданија се поврзани со ликот на кралот Марко, но во голем број ги има и за свети Наум Охридски Чудотворец, за Гоце Делчев, но и за други ликови. Се разбира дека во книгата има преданија и за оваа личност од нашето историско минато поради неговата голема популарност меѓу народот.

Сте учествувале на многу научни симпозиуми. Како странските научници гледаат на македонското народно творештво?

- Со собирање и истражување на македонскиот фолклор се занимавале не само домашните истражувачи туку и многу странци. И тоа од половината на 19 век до денес. Тие биле одушевени од богатството на македонскиот фолклор, од музиката, ората, носиите, обичаите и другите форми на народната култура. И покрај извесни присвојувања на македонскиот фолклор, свесни фалсификувања, генерално, странските фолклористи имаат значајни истражувања за македонскиот фолклор, а истражувањата на нашите фолклористи се прифатени во светската наука како значаен придонес во славистичката наука.

Фолклорот е неизоставен дел од идентитетот на еден народ. Колку е важно повикувањето на традицијата во услови на посегање по македонскиот идентитет?

- Во овие години на транзиција, науката е ставена на спореден колосек, барем кога станува збор за националните дисциплини и институти. Токму тие дисциплини најмногу даваат придонес во одбрана на нашата самобитност и на нашиот национален идентитет. Тоа е така бидејќи дури и во 21 век во културна Европа македонскиот народ мора да го докажува своето постоење. А на тој план најголеми аргументи можат да дадат фолклорот, јазикот, обичаите и другите форми на духовната култура. Македонскиот народ низ вековите создал богат фолклор, кој често бил предмет на присвојување. Особено во минатото, кога сме немале своја држава, свој административен и културен центар, па нашите народни умотворби биле објавувани во странство (Цариград, Москва, Петроград, Софија, Белград, Загреб и други центри), со што добивале и туѓо национално обележје. Но, и покрај тоа, за објективната наука, македонскиот фолклор со низа карактеристики се разликува од фолклорот на соседните, но и на другите словенски народи.

Биле менувани цели стихови од македонските песни.

Како примери од македонскиот фолклор што биле предмет на присвојување и добиле туѓи национални обележја Китевски посочува неколку:

- Трите книги на М. С. Милоевиќ со наслов „Песме и обичаји укупног народа србског“ објавени во Белград (1869, 1870, 1875) се класичен пример за злоупотреба на фолклорот во политички цели. Најчесто тоа се прави со менување на јазикот или допишување стихови од страна на редакторот. Песната таму оди вака: „Шетат моме крај бела Вардара, крај Вардара во Маќедонија, во Маќедонија во Србска мајка, во Србска мајка, во стара Србија“ итн. Очигледно средните три стиха се додадени и не се дел од автентичната песна. Значајниот зборник на Коста Црнушанов во 1956 година во Софија беше објавен под наслов „Македонски народни песни“. Второто издание, исто така објавено во Софија, носи наслов „Б’лгарски народни песни от Македонија“. Една песна од западна Македонија во зборникот на рускиот конзул во Призрен Иван Јастребов од 1886 г. со наслов „Обичаи и песни турецких Сербов“ гласи: „Превила ми се копиња, преку висока планина, и со Србина зборвеше хеллип;“ Во издание од Софија песната гласи: „Превила ми се копина, преку висока планина и со Бугарче зборвеше...“ Во трета објавена верзија песната гласи: „...и со јуначе зборвеше...“ итн.

 

На прво место

News image

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои победничките листи за парламентарните избори

  Муцунски: Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои победничките листи за парламентарните...

Историја

News image

Гоце Делчев неприкосновен лидер на македонската револуционерна борба

Општонародниот водач на македонската ослободителна борба Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 годи...

Иселеници

News image

НАЈГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ ЗА АНСАМБЛОТ „Томов“ И ЗА ГЕОРГИ (ЏОРЏ) ТОМОВ (19)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

Велигденски пост

Првичната цел на предвелигденскиот пост била насочена кон огласените, кои се припремале да бидат крс...

Фељтон

News image

АКТИВНОСТИ НА ФОНДАЦИЈАТА ПО СМРТТА НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ – (ДЕЛ II) (25)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.