Среда, 03 Февруари 2021    PDF Печати Е-пошта
Идиличниот пејсаж на селото Гари и други села на Мијаците

selo-gari

„Поради исклучително убавата географска местоположба и исклучително добрата расположеност, Гари е ретка комбинација на идиличен природен романтизам. Селото има повеќе од 180 куќи, повеќето со два или три ката, кои со својата масивна камена структура, изложени на југ и амфитеатрално симетрично распоредени, му даваат еден прекрасен пејзаж. Вечно шумната селска река под него, со кристална планинска вода, му дава уште поголем привлечен романтизам.“ -  пишува Георги Трајчевво својата „Книга за Мијаците“ (Македонска библиотека No. 12, Софија, 1941).

Трајчев кој освен за Галичник, ни дава кратки црти и за другите населби на Мијаците, најмногу се задржува на селото Гари за кое ќе напише: „Селото Гари е на час и половина источно од Осој, заградено со шумата “Канеш“ и стрмнината на еден дол. Го заобиколуваат карпестите разграноци на Стогово. Крај селото тече реката, чиј извор е на Стогово. Има 180 куќи густо поредени покрај прекрасната црква „Успение на Пресвета Богородица“ и при училиштето. Селото е крај патот Дебар – Кичево – Прилеп, затоа има и анови“.

Во својот осврт за селото Гари, авторот го цитира Ст. Алексиев Озоски, кој за публикувањето на „Книгата за Мијаците“ во своите белешки ќе напише:

„Мило ми стана, кога разбрав дека на Софискиот универзитет беше преставена историјата за племето Мијаци од нашиот добар сонародник Георги Трајчев, кој со таква ревност се зафати за  оваа тешка задача  да го изнесе случајот со Мијаците во нашата татковина.  Ме возбуди и убавата иницијатива на реканските братства во Софија за печатењето на  престолната книга „Мијаците“, бидејќи родословието на првите доселеници и основачи на родното мое село Гари припаѓа исклучиво на ова племе. Бидејќи тие се прадедовци и родоначалници на моето семејство, како значаен придонес кон материјалот застапен во историјата на Георги Трајчев, сметам за свој долг навреме да изложам и јас во резиме она што јас сум слушнал и доживеал уште од моето дество, за да знаат и идните генерации за историјата на моето родно село Гари.“

Како што ни пренесува Трајчев, говорејќи за своето родно место и за историјата на село Гари, која сака да им ја остави на идните генерации да ја паметат, Озоски ќе забележи:

„Гари е идеално балканско село населено од Мијаците во 1760 година, во најзападниот планински дел на реканската област, чиј административен центар е селото Жировница, во Дебарско. Расположен е во карпестата планинска клисура меѓу девствените букови шуми во пазувите на највисоката падина на планината Стогово. Од оваа клисура преку планинските сртови, на исток мерата му се слива со населбата Лазарополе, на север со Осој, на запад со Коџаџик и на југ со мерата на село Ехловец. Од тука се граничи со планинското разграничување на исток со Кичевската околија, на запад со Охридската, а на север со Дебарската.

Поради исклучително убавата географска местоположба и исклучително добрата расположеност, Гари е ретка комбинација на идиличен природен романтизам. Селото има повеќе од 180 куќи, повеќето со два или три ката, кои со својата масивна камена структура, изложени на југ и амфитеатрално симетрично распоредени, му даваат еден прекрасен пејзаж. Вечно шумната селска река под него, со кристална планинска вода, му дава уште поголем привлечен романтизам.

Според преданијата и кажувањата на најстарите луѓе во Гари, населувањето на истото датира од 1760 година. Пред тоа таа месност била пуста. Поради суровата клима од големите и долготрајни врнежи од снег, кој во текот на зимата достигнувале обично два до четири метри дебелина, планинските премини биле тешко проодни. Само во лето си доаѓале сточарите со своите стада овци од Битолско, Прилепско и Мариовско за користење на богатата и обилна паша. Сепак со доаѓањето на зимата биле принудени да ја напуштат и да ги однесат стадата на време за зимување во потопли места.

Ова се разбира било многу тешко и неподносливо за сточарите. Оние кои биле посмели и претприемачите, се решиле да се населат постојано на оваа земја и да ги доведат семејствата, и бидејќи била без сајбија (без сопственик) и ненаселена од други, на тој начин да завладеат засекогаш со околните шуми.“

Освен Галичник и Гари, Трајчев во кратки црти се осврнува на мијачките села Лазарополе, Осој, Тресонче, Мелничани, Могорче, Селце, Росоки и Сушица, за кои ќе напише:  

Лазарополе е на 5 часа источно од Дебар, во високата котлина "Коритник", богата со пасишта. Селото има 500 куќи, големи и убави, со дуќани и анови, пресечено со главни улици и со доста чешми. Црквата е св. Ѓорѓи и крај неа училиштето. Од тука е отец Х. Теофил, убиен од луѓето на грчкиот владика Антимос, тука се родени архимандритот Анатолиј, Ѓурчин ќеаја и др. дејци...

Селото Осој е на 2 часа, источно од Дебар, во близина на терасовидна ливада, со овошни дрва, на падините на планината Кенјаница (?). Брои 80 куќи, има црква „Св Ѓорѓи“ и светилиште „Св. Архангел“, кај старото село. Манастирот „Св. Арангел“ се наоѓал кај селото Осој. Во 1908 година се откриени темелите на црквата и стари икони со славјански натпис. На Ѓурѓовден жителите на Осој излегуваат со литија до манастирската месност. Има преселници од Могорче. Куќите им се малтерисани со вар. Расположено е на осојно место, од каде и потекнува името. Од ова село се прочуените рекански резбари Филиповци, кои работеле уметнички иконостаси низ целата земја  и во странство...

Селото Тресонче е на 1 час северо-западно од Лазарополе, во подножјето на планината Брзавец, со 220 куќи, во 5 маала и 3 цркви „Св. Петар“ и „Св. Никола“. Училиштето е во дворот на црквата „Св. Петар“... Старото село било кај манастирските урнатини. Од тука е Максим војвода и други просветни дејци. Во 1521 година добиле султански ферман дека се царски дерменџии.

Селото Мелничани е на 1 час и 30 минути одалечен од градот Дебар. Расположено е на  густо лиснатите ребра на Маруша и е поделено со една страшна провалија на 2 населби: горна и долна кои се на ½ час растојание. Горно-мелничани брои 45 куќи, а долно 27 куќи. И двете имаат пооделно своја црква, свој поп и свое училиште. Горното село има црква „Св Безсребреници“, а долното „Св. Воведение Богородично“. Во ова село има покрстено Помаци, на кои им кумувал Томо ќеаја. Од покрстените Помаци е родот Стефановци. Околу горното село има светилиште каде било старото село. Произведуваат зелка, круши и црници.

Селото Могорче е на два часа источно од Мелничани, крај стрмните падини на Маруша, Во него има и Помаци, брои 120 куќи.

Селото Селце, се именува како Селце – Река, зошто има и друго село со истото име во Дебарско. Тоа е северо-западно од Тресонче на половина час, расположено на падините на Дрезга(?) планина. Има 60 куќи и убава голема црква „Св. Илија“ и училиште. Селото доста дало пробудени луѓе, како Велко Негриев и др., кои дејствувале од 1883 до 1861 година, за создавање на славјанска црква и училиште  во Солун. Голем број бегалци има и во Бугарија.  

Селото Росоки е западно од Селце на ½ час, по левиот брег на Мала – река и густо пошумената дабова шума Џигелица (?), низ која слободно се движат диви свињи. Брои 100 куќи. Во неговата околина има воденици и тепавици. Црквата е „Св. Пречиста“ и при неа има училиште. Реката има валавици.   

Селото Сушица е на 1 час по северо-западна насока од Росоки. Тоа е на висока безводна карпа. Надморска висина 1.100 метри.“

Сите овие 10 населби, се по левиот брег на реката Радика, во областа на Мала Река. Како што вели авторот, тие се чисти, сочувани од Турци, бидејќи се гледа каде се кријат, во стрмните и диплените рзграноци на Бистра планина и Стогово. Освен за овие населби, исто така, авторот дава кратки црти и за следните села:  

Селото Долно Косоврасти на десниот брег на реката Радика, е при минералните извори со силна миризба која се осеќа уште од далеку. Околината е полна со мали минерални извори.  По ридовите има пукнатини од кои излегуваат задушливи гасови, отровни за птиците и други животни кои паѓаат мртви доколку вдишат од нив. Селото Скудриње е високо во Крчин на Кораб. Постојат урнатини од “Кале“, “Пазариште“. “Градиште“ и улици. Тука бил манастирот „Св. Богородица“.

Селото Јанче, по левиот брег на Радика, под стрмните карпи од кај Галичник. Селото Ростуше е на ниска терасовидна површина, по десниот брег на Радика. Соседното село Велебрдо е во иста мера со селото Ростуше. Битуше, високо во Крчин, со букова гора.  И селото Требиште со средна терасовидна височина на Крчин, со многу извори.“

Во овој текст имињата на планини, реки, шуми и цркви, во голем дел ги пренесуваме како што авторот Ѓ. Трајчев ги дава во својата „Книга за Мијаците“.

Македонска нација

 

На прво место

News image

Попис на Дијаспората !

  Можат да не бришат, можат да не кратат но ако се потпишеме масовно не ќе можат д...

Историја

News image

Родољуб Славин „намерност или грешка“: Македонската емиграција може да придонесе за афирмирањето на републиката во сит

„...Дека пророштвото на Солунски има далековидство никако не можеш да му откажеш на овој славен стар...

Иселеници

News image

СВЕТОЗАР (СВЕТЛЕ) – СТИВ СТАМЕВСКИ - МАКЕДОНСКИ БИЗНИСМЕН ВО САД (8)

СЛОГА ВО СЕМЕЈСТВОТО – КАРАКТЕРИСТИКА ЗА СТАМЕВЦИ  ...

Култура и туризам

News image

Куќа на Робевци во Охрид

Куќата на Робевци во Охрид се смета за едeн од најрепрезентативните објекти на градската архитектура...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (62)

ЗАКЛУЧОК КОН ЗАЕДНИЧКАТА ИСТОРИЈА И ИДНИНА 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.