Култура и туризам
Среда, 05 Септември 2012 03:03    PDF Печати Е-пошта
Оценката како мотив за учење

spasov

Дарко Спасев, обучувач по информатика и компјутерска техника

 

Оценката е важен и очигледен мотив за работа на ученикот. Кај нас е врежано мислењето дека слабата оценка го тера ученикот на работа. Јас сум со спротивно мислење. Поголемиот дел ученици слаби оценки ги “убиваат со поим“ и поради тоа губат волја за учење, губат интерес кон предметот по кој имаат “слаба“ до таа мера, што по краток период чувствуваат одвратност кон тој предмет. Секој сака да биде награден за својот труд. Наградата е најдобра мотивација за учење. За ученикот оценката или пофалбата е најголемата награда. Затоа наставниците или професорите би требало што почесто да ги наградуваат своите ученици и нивниот труд: поттикнувачки оценки (обично секој ја има како елемент на оценување – активноста на ученикот), со забелешки во дневникот или барем усна пофалба. Волјата за учење најлесно се губи ако трудот или работата на ученикот не се соодветно наградени. Ако на учениците често им се скусува во оценката, лесно може да се случи да изгубат желба за учење. Тоа е опасност за која што треба да бидат свесни наставниците или професорите кои најчесто даваат пониски оценки, отколку повисоки оценки. Учениците можат да изгубат желба за учење поради чувството дека постојано им се крати на успех или едноставно можат да заклучат дека не им се исплати да работат толку за наградата која што ја добиваат. Резултатот ќе биде малку знаење, незадоволство за наставниците или професорите и уште послаби оценки. Со тоа се влегува во еден затворен круг во кој незадоволни се и двете страни (наставниците или професорите и учениците). Наставниците или професорите често не даваат добри оценки од страв дека учениците ќе се “успијат“ , ќе “кренат раце“ од соодветниот предмет и нема да учат или, пак, дека ќе го намалат критериумот, а учениците ќе имаат превисоки оценки. Мислам дека тој страв е неоправдан. Оценката може лесно да се расипе. Ако учениците се оценуваат доволно често, не може да се случи “да се успијат“. На уснените одговори обично се даваат повисоки оценки, затоа што и така на писмениот дел учениците треба да го потврдат своето знаење – кој е потежок и пообјективен. Многу наставници или професори многу ретко ги оценуваат учениците. Тоа е голема грешка. Оценката е важна и како повратна информација за успешноста на работата. Учениците кои ретко добиваат повратна информација за својата работа, ќе учат малку и нередовно. Учениците треба често да се поттикнуваат на учење со оценки и со коментари. Оценката како мотивација за учење е многу важна, но не и доволна. Исто така, многу е важно оценката да се коментира. Во коментарот, ученикот може да се предупреди што во неговите одговори било точно, добро, а што не. Во коментарот, исто така, ученикот може да се предупреди за некои особини кои би требало да ги корегира, на пример: страв од излегување на табла или трема, но и често брзање во зборувањето, кое резултира со непромислени одговори. Важно е коментарот да искажува доверба во можностите на ученикот и да поттикнува на учење. Такви коментари многу им значат на учениците и добро е ученичкиот труд и работа да се коментираат што почесто и тогаш кога се оценуваат. Со тоа им се покажува дека наставникот или професорот ја следи нивната работа и напредок, но и наставникот или професорот сам си го олеснува оценувањето. Самата оценка со образложение поттикнува за вистинска мотивираност. Таквиот позитивен однос станува дополнителен мотив за учење. Би било добро, наставникот или професорот преку своите коментари да ги поттикнува учениците на самооценување на сопствената работа. Вештината за самопроценување на сопствената работа и труд многу е важна за успех во работата и во учењето. Како мотивација за учење многу е важна и атмосферата која вледее во класот и односот ученик-наставник или професор и обратно. Наставникот или професорот кој е насмеан и расположен, околу себе создава пријатна атмосфера и сигурно поттикнувачки влијае од оној наставник или професор кој е намуртен и мрзлив. Исто така, важно е да почувствуваат дека наставникот или професорот се грижи за нив, дека го радуваат постигнувањата на учениците и го растажуваат нивните неуспеси. Ученикот кој го сака и го почитува наставникот или професорот повеќе ќе се потруди и околу нешто што и не го интересира толку или што го смета за непотребно да го научи. За успешно водење на наставниот процес и управување со мотивацијата на учениците за учењето, наставникот или професорот мора детално да ја познава педагошко – психолошката проблематика на мотивацијата...

 
Среда, 05 Септември 2012 03:02    PDF Печати Е-пошта
Свети Јован Рилски

sv-jovan-rilski-240Со имињата на светите маченици-пустиножители Прохор Пчињски, Гаврил Лесновски и Јоаким Осоговски редовно се врзува и името на светиот Јован Рилски. Во македонското народно творештво за овие четворица светители постојат повеќе преданија. Според едни тие се родени браќа, според други тие се само браќа по вера.

Според едно предание од кривопаланечкиот крај се раскажува дека: „Они биле четворица браќа, четворица биле: Јаќим Осоговски, Прохор Пчињски, Гаврил Лесновски и Св. Јован Рилски. Четворицата браќа живееле заеднички во Осоговието. Са живели во една пештера. По едно време им се јавил на сон, сигурно је бил некој светец и рекол: Вие четворицата браќа да фаќате четири страни, да се разнесете на четири страни и там да се испоснувате, там да држите религијата!

И они са решили, еден ден рекле: Ајде да се раставимо, да не живееме више заеднички! И така се разнеле сите. Јован Рилски ојде во Рила Планина, Св. Јоаќим овде је дојдел, во Осоговието. Прохор Пчињски ојде во Пчињски рејон и Гаврил Лесновски во Лесново. И од тогаш како са умирале, така са наричале светии”.

Според  житието, Св. Јован Рилски е роден околу 876 година во селото Скрино во осоговските планини. Уште во детството бил воспитуван во христијански дух. Кога умреле неговите родители, имотот го раздал на сиромаси, а тој се замонашил во блискиот манастир. Така, определувајќи се за аскетскиот живот се искачил во некоја планина, направил колиба и почнал да се подвизува во пост и молитви, хранејќи се само со диви плодови и растенија. Потоа се населил во некоја пештера во која останал подолго време. Оттука отишол во Рилската пустина каде што исто така продолжил со осаменички живот, со живот во плач, молитви и каење. Се хранел само со трева, се дружел со дивите животни кои кон него се однесувале пријателски. Тука го откриле некои овчари по што мноштво народ се упатил во планината за да го види испосникот. При средбата со него и по неговите молитви мнозина болни оздравеле, а се случиле и многу чуда. Излекувал болен од нечисти духови, и други болни од различни болести, на чуден начин нахранил некои овчари, го штител манастирот итн.

Пред смртта на своите ученици и на сите тие што го почитувале им оставил писмен завет: „Новокрстените луѓе од иста крв, затврдувајте ги во верата и убедувајте ги да ги остават своите пагански обичаи и лошите навики“.

Починал на 70 годишна возраст на 18 август (с.с.) 946 година. Подоцна им се јавил на своите ученици и побарал моштите да му бидат пренесени во Средец (Софија) што било и направено на 19 октомври, ден кога исто така се празнува неговото име.

Најпрвин биле сместени во црквата Св. Георгиј Победоносец, а потоа во црквата Св. апостол и евангелист Лука. Подоцна биле однесени во Унгарија каде што останале неколку години, по што пак биле вратени во Софија, па во Велико Трново, за конечно пак да бидат вратени во неговиот, односно во Рилскиот манастир каде што и денес се наоѓаат.

Насекаде каде што биле пренесувани и каде што престојувале овие мошти на Светиот Јован Рилски се случувале чуда поради што е наречен Чудотворец.

Од книгата „Македонски празници“ од Марко Китевски, Скопје 2001.

(Подготви Марко Китевски)

 
Среда, 05 Септември 2012 03:00    PDF Печати Е-пошта
Од нашето минато

hilendarСтари записи

Пишуваше последниот меѓу еромонасите Венјамин од местото Кратово, во Света Гора, во Хилендар. Којшто ќе прочита, да каже: Бог да го прости, амин.

Псалтир со последование, 17 век.

Повеќе...
 
Среда, 29 Август 2012 03:04    PDF Печати Е-пошта
Црква „Пресвета Богородица Перивлептос“ - Охрид

perivlepta-240Црквата Пресвета Богородица Привлептос се наоѓа во Охрид, Република Македонија. Црквата била изградена пред 1295 година. Фресконатписот во нартексот, покрај други личности, ги споменува Прогон Згур и годината на „подигањето“, односно живописот на црквата, 1295.

Повеќе...
 
Среда, 29 Август 2012 03:03    PDF Печати Е-пошта
Правење шира од шеќерна трска

trskaВаков процес на производство на шира од шеќерна трска во мионатото бил вршен само во селата Миравци и Мрзенци. Инаку познато е дека луѓето од гевгелиско-валандовскиот регион вообичаено шира правеле од грозје од винова лоза.

Повеќе...
 
Среда, 29 Август 2012 03:02    PDF Печати Е-пошта
Влијание на Мијачките градители врз развојот на градбата и градителството на Балканот

karta-na-bugarija-240Во овој труд Мијачката градителска традиција се разгледува од аспект на преселбите и работата на тајфите низ Македонија и балканските земји под Османлиска владеење.

Повеќе...
 
Среда, 29 Август 2012 03:00    PDF Печати Е-пошта
Приказна за хунзите и калешите

hunziОдамна, пред некои 2300 години Александар Македонски ги поведе Македонците по еден долг космички пат полн со енергија. Со многу идеи и дух ги поврза двата континети како два света со различни култури и религии. Изгради градови и проби патишта во најнедостапните краишта

Некои го нарекуваат “патот на свилата” а тоа е македонски пат од светски размери за размена на стока и култура по трајни врски во оредедени меридијани.

Во некои населби живеат потомци на војниците од фалангата и го гледаат светот со сафирно светли очи. - Ние сме од Македонците, велат, бели сме, различни сме од другите. Од Авганистан преку Пакистан до Пенџап на околу 400 километри се живее живот останат од Македонците, сочуван кај племиња високо во планините по патот на фалангата. Таму останале Калешите и Хунзите. Го чуваат и го негуваат македонскиот бит во носиите, везот, накитот, мелодиите и музичките инструменти. Сочувале архаични зборови само Македонци што ги разбираат.

Пред десеттина години во две такви населби се инсталирале грчки мисионери од Атина да ги лажат дека биле потомци и браќа на грчки племиња, дека Александар бил Грк и дека Македонија е грчка.

Ама крвта не се разблажува со вода како вино.

Калешите и Хунзите не се предаваат, го чувствуваат својот ген и зборуваат за тоа како од колено на колено се пренесува македонски идентитет. Раскажуваат како што им раскажувале како Александар дошол со Македонците во нивната земја со непрегледна убавина слична на Македонија.

Три години живеел со нив како дома да си бил и се оженил со нивна принцеза. Се ожениле и војниците и потомство оставиле. Тоа се тие Хунзите и Калешите чии претци се Македонци оставени во градовите Александрии, цели гарнизони, да ја чуваат границата на Македонија како светска империја.

За Македонците тоа не било тешко.

Си живееле фамилијарен живот во негибната убавина како во Македонија. Зад секој хоризонт од планините се криеле уште повисоки планини и со пораскошна природа. Во долините изобилство на води, шуми, лозја, овошни градини, билки, цветови растеле од семињата што Македонците ги донеле и ги засадиле каде што останувале да се потсетуваат на Македонија.

Останале до денеска насади на тополи, јасички, црници крај секој поток како во Пелагонија.

Пред секоја куќа босилек и сардела мирисаат, а во секој дом има садови од бронза и глина какви што ги правеле Македонците.

Јаболкото делишес од Преспа засекогаш ги освоиле луѓето и во секој проспект се гледа и како цвет и како плод во нивите.

Кајсиите, грозјето и смоквите ги сушат како резервна храна што ја носеле во торбите Македонците од Фалангата, така ги научиле и така потомците си прават зимница.

Од суво овошје и снег фалангата си правела сладолед и македонска салата. тие два рецепти го освоиле светот.

На нашите генетски роднини треба да им помогнеме во осознавањето.

Треба да им овозможиме споредба на шарите и боите на везовите и килимите дека се исти како нашите.

Треба да им кажеме дека лавот на нивното знаме доаѓа од Херакло што се наметнувал со лавја кожа.

Треба да им објасниме дека обликот на павтите и другите женски украси претставуваат македонски штит.

Иако немаат објаснување за се, длабоко во себе го чуваат споменот за Александар и Македонците како за свои претци.

Александар е нешто најсвето како мит и религија.

Го слават, му подигнуваат споменици, го изучуваат по школите, се колнат во неговото име.

Ангелина Маркус

 
Понеделник, 27 Август 2012 21:09    PDF Печати Е-пошта
Успение на Пресвета Богородица

________23.11.2011_77Празникот Успение на Пресвета Богородица се слави на петнаесетиот ден од месец август (28 според новиот календар). Нему му претходи двонеделен Богородичен, или Преображенски пост. Овој празник го слави успението, воскресението и прославувањето на Пресвета Богородица, и нејзиното преселување во Царството Божјо во полнотата на нејзиното духовно и телесно постоење.

Повеќе...
 
Среда, 22 Август 2012 03:03    PDF Печати Е-пошта
Библиотеките со книги од Аристотел

AncientlibraryalexНаучната работа на Аристотел  вклучувала голем број луѓе во препишување на книгите и нивно сместување во библиотеките по светот. И Филип и Александар помагале во изградба на градови со библиотеки, го помагале во образовниот процес во Македонија и во Светот.

Повеќе...
 
Среда, 22 Август 2012 03:02    PDF Печати Е-пошта
Цепенков и одломка од драмата „Црне војвода“

cepenkov240Марко Костов Цепенков (1829-1920), е најголемиот собирач на македонски народни умотворби, народен раскажувач, поет и писател. Сам се образувал, читајќи разна литература.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

Историја

News image

Едмонд Бушие де Бел напишал книга под наслов: „La Macedoine et Les Macedoniens", (Раriѕ 1922, 80, IV. 303)

Едмонд Бушие де Бел, роден на 23 август 1878 година во Везиње, Франција. Завршил класична гимназија ...

Иселеници

News image

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски - најголемиот инвеститор од македонското иселеништво (11)

По осамостојувањето на Република Македонија, господинот Ат...

Култура и туризам

News image

Македонски литературен кружок во Софија

Македонскиот литературен кружок беше формиран во август 1936 година, при редакцијата на весникот „Ма...

Фељтон

News image

Александар Македонски (50)

И овој пат ќе нагласиме дека во изминатите, а и во наредните продолженија ќе се обид...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.