Култура и туризам
Среда, 15 Мај 2013 02:02    PDF Печати Е-пошта
Народни рецепти за храна

gjomlezecТо се прајт каша, исто како палачинки шо прајме. Ќе ’о замесиш, ќе му фрлиш малку масленце, тро солца, вода, кисела-вода, фрлат некој, ние порано не фрлафме, само со водичка и ќе фрлиш една тепција голема глобока, два прсти да е глобока, фрлај тесто, сачот да е џежок и така испечи се, подгори се малку губата, не многу да е гориш, малку, и ќе му фрлиш масло, пак губа, пак ќе му фрлиш тесто, пак сачот и два прсти, три прсти ѓомлезец се прајт то, каша да имаш, богами без две кила и пол брашно не ојт, две кила и пол обавезно, да не е сув, тарабак да напрајш, а богами два кила масло ојт, со појќе масло не се прајт то, то е каша.

Повеќе...
 
Среда, 15 Мај 2013 02:01    PDF Печати Е-пошта
Легендата за тапаните во градот Тиквеш

staro-kavadarciСе раскажува и денес: името Тиквеш и Тиквешија не им е непознато на сите кои ги интересира историјата. Зад тоа име се крие една голема област во Централна Македонија пресечена од двете историски реки Вардар и Црна – и со чисто македонско население и Помаци – насилно потурчени пред 350 години.

Повеќе...
 
Четврток, 09 Мај 2013 23:02    PDF Печати Е-пошта
Источен Петок - Балаклија, или Светол Петок

balaklija1-001Првиот петок по Велигден се вика Источен Петок Балаклија. Тој спаѓа во Светлата недела поради што некои го викаат и Светол Петок, а поради тоа што во светлата недела се блажи, може да се сретне и како Благ Петок.

Со овој празник, посветен на Пресвета Богородица, и се оддава признание на мајката Божја, поради тоа што непосредно по Велигден нема друг празник поврзан со нејзиното име. Поради тоа што Богородица му ги миела раните на Исус, на овој ден луѓето ги посетуваат изворите ги мијат лицето и очите, или три пати преку себе префрлаат вода од изворите. Поради тоа најчесто овој празник се празнува во црквите што се покрај извори. Според легендата изворот Балаклија, поврзан со името на Пресвета Богородица, се наоѓал во близината на Цариград и во него имало златни риби.

За Ајазмото Балаклија во Стамбол

Кога царуал цар Костадин на Стамбол, Турците беа дошле близу до Стамбол и од ден на ден се туку се приближуале за да влезат во него.

Една вечер, беше му пржеле риби на цар Костадин и беше му рекол некој покрај него, што седел:

- Честити царе, ме страв, Турците да не ни го земат Стамболот.

- Ако станат рибиве од тавава - му рекол царот - да оживеат и да појдат во најазмото, тогај и Турците ќе ни го земат Стамбол.

За чудо големо, уште не беше дорекол зборот и рипнале рибите, та пошле во најазмото и оттогај му нарекле името: „Бал'клија“. Велат, оти уште имало од тие риби живи, само една умрела и со патрико облечен ја закопале, како чоек што се закопуат некоаш за чес да и сторат.

(Подготви Марко Китевски)

 
Среда, 08 Мај 2013 02:21    PDF Печати Е-пошта
Предание за црквата Св. Спас во Вевчани

crkva-vevcaniДо селото Вевчани (Охридско) имат црква „Св. Спас“. Дошле Турци и испоганиле некое место во црквата; тога воеднош Св. Спас летнал и к’де шчо минал, останало местото бело како вар.

Повеќе...
 
Среда, 08 Мај 2013 02:17    PDF Печати Е-пошта
Хамзали - манастир Светите Климент и Наум Охридски

hamzali15Машкиот манастир на Светите Климент и Наум Охридски чудотворци во Хамзали почива во подножјето на планината Огражден, на далечина од Струмица 17 km. Почеток на неговото подигање е изградбата на манастирската црква во 2000 година. Посветена е на најчествуваните духовни светила на македонските простори, Светите Климент и Наум Охридски.

Повеќе...
 
Среда, 08 Мај 2013 02:15    PDF Печати Е-пошта
Банско - манастир Св. 40 Севастиски маченици

bansko240По патот што скршнува од бањата Банско кон центарот на истоименото село, случајниот намерник не би можел ниту да претпостави дека оди во пресрет на неодамна устроениот машки манастир, којшто како и древниот сакрален локалитет на далечина од петнаесетина минути пешачење од манастирот, е посветен на Светите четириесет Севастиски маченици. Под падините на Беласица, во предел благо издигнат на ридесто плато над Струмичкото поле, со векови меѓу населението во овој крај се задржало името на топонимот „Свети четириесет“. Возобновувањето на монашкиот живот овде денес повторно сведочи за длабоките духовни корени на православното монаштво во историјата на Струмичката епархија.

Повеќе...
 
Среда, 08 Мај 2013 02:04    PDF Печати Е-пошта
Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Охрид

Sv.Bogorodica-Kamensko-Ohrid-MK-240Црквата Успение на Пресвета Богородица (позната како: Света Богородица Каменско) е македонски православен христијански црковен храм во градот Охрид. Оваа црква се наоѓа во строгиот центар на градот Охрид, во стариот дел на градот, над стариот чинар и фонтаната во чаршијата.

Повеќе...
 
Среда, 01 Мај 2013 02:04    PDF Печати Е-пошта
Велики Четврток

tajnataVeceraВо четвртокот пред Пасха, односно Велики Четврток, Господ Исус Христос се враќа во Ерусалим каде ја востановува Новозаветната Пасхална жртва. Црквата на овој ден си споменува за светото миење на нозете, Тајната вечера, предавањето на страшните тајни, Првосвештеничката натприродна молитва, и самото предавство на Синот Божји, кое впрочем треба да се случи денес, за еврејската пасха (Јагнето Божје) следниот ден (Велики Петок) да може да биде жртвуванo.

Повеќе...
 
Среда, 01 Мај 2013 02:03    PDF Печати Е-пошта
Велики Петок

veliki-petok-240Велики Петок, (или Велипеток, Распет петок) е ден кога е распнат Исус Христос.

Повеќе...
 
Среда, 01 Мај 2013 02:02    PDF Печати Е-пошта
Велика Сабота

velika-sabota-240Од времето на страдањето на Господ Христос на крст на Голгота, секоја Велика сабота е исполнета со исчекување на благодатта на Неговото Воскресение.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ од понеделник тргнува на терен

Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.  

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (39)

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (39)

Иселеници

Култура и туризам

News image

ЗА БОЖИЌ -СО ДЕЦАТА ОД МАКЕДОНИЈА И СВЕТОТ

Поетесата Марија Емилија Кукубајска ЗА БОЖИЌ  -СО ДЕЦАТА ОД МАКЕДОНИЈА И СВЕТОТ

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (3)

ЕПИСТЕМОЛОГИЈА НА ОНОМАСТИКАТАНА ПАНОНИЈА (ДЕЛ I)

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.