Култура и туризам
Среда, 31 Јули 2013 03:01    PDF Печати Е-пошта
Марково Кале

markovo-kaleМарково Кале е феудална крепост 1 км југозападно од познатиот Марков Манастир покрај Маркова Сушица и 1 км северно од Малчиште. Претставува издаден рид во подножјето на планинскиот венец Караџица, што од запад го затвора северниот дел од долгата речна клисура на Маркова река. Ридот Марково Кале се издига 100 м високо над реката и 530 м н.м. Од ова место се контролира патот долж Маркова река до нејзиниот извор, што преку планинскиот премин на Караџица продолжува кон соседните области Порече и Азот; денес овој пат има само локално значење. Во северното подножје на Марково Кале лежат антички испиралишта на златоносен песок, кои повремено биле експлоатирани и низ средниот век и турскиот период, до наше време.

Повеќе...
 
Среда, 24 Јули 2013 03:04    PDF Печати Е-пошта
Слава на извршителот Бог кој како Тројство го славиме

trojstvo-240Слава на извршителот Бог кој како Тројство го славиме. Јас, смирениот и последен меѓу калуѓерите Виктор монах, на кого татковина му е гревот, а мајка - земјата ја напишав оваа Божествена книга наречена Законик во „Свети Ѓорѓи“ кај Езерото. Настојници беа протопоп кир Божидар и неговиот брат кир (...). Вечна им памет!

Повеќе...
 
Среда, 24 Јули 2013 03:03    PDF Печати Е-пошта
Лазаровци

lazarovciЛазаровци е село во Општина Кичево. Според пописот од 2002 година селото има население од 88 жители. Лазаровци се наоѓа во областа Горно Кичево, на 4 километри северозападно од градот.

Повеќе...
 
Среда, 24 Јули 2013 03:02    PDF Печати Е-пошта
Будинарска тврдина

portaБудинарската тврдина се наоѓала во близина на денешното село Будинарци, Општина Берово, Македонија. Тврдината се издига 20—70 м високо над реката Брегалница. Тврдината била изградена во античко време, и зафаќала простор голем 300 х 60 м. На просторот на акрополата, со димензии 55 х 50 м., врз доцноантичкото обѕидие бил подигнат еден подоцнежен ѕид без малтер (од прирачен материјал). Очигледно настанал во средниот век. Постојат и предмети кои датираат од средниот век, како и парчиња од словенски бронзен накит: прстења, делови од белегзии, појасни токи, приврзоци, парчиња од стаклени белегзии.

Повеќе...
 
Среда, 24 Јули 2013 03:01    PDF Печати Е-пошта
Асеманиевото евангелие или Асеманово евангелие

aseman_240Асеманиевото евангелие или Асеманово евангелие е средновековен македонски книжевен споменик кое потекнува од 10 или почетокот на 11 век. Евангелието е составено од 158 листови.

Повеќе...
 
Среда, 17 Јули 2013 01:35    PDF Печати Е-пошта
Кичевија
001

Кичевијата е ограничена област која ја опфаќа Кичевската котлина која се наоѓа во западниот дел на Македонија. Према Полог граница е планината Буковика (1518 м. надморска височина); према Мијаците планината Бистра (2100 м.); према Дебарската котилина и Дримкол планината Стогово (2242 м.); према Деборци планината Гољак (1468 м.), па Беличко-пространската планина (1500-1600 м.); према Демир Хисар (Железник) границата е на изворот на Црна река, па на планината Лубен (1762 м.) и Стрмол (1762 м.); према Крушево планината Венец (1738 м.); према Прилеп планината Бушава (1702 м.); према Порече планината Песјак (1744 м.), па Цело'ица (1896 м.) и Добра Вода (2082 м.).

Повеќе...
 
Среда, 17 Јули 2013 01:29    PDF Печати Е-пошта
Градиште (Миокази)

clip_image001_copy_copy_copy_copyГрадиште или Венец е археолошки локалитет во Кичевското село Миокази. Локалитетот претставува населба од неолитското, железното, хеленистичкото, римско, доцноантичкото време и средниот век. Се наоѓа на околу 800 метри југоисточно од селото, каде што се издига височинка издолжена во правец запад-исток. Од нејзината западна страна има помала височинка со правилна конусна форма наречена Крст, одвоена од градиштето со мал преслап.

 

 

Повеќе...
 
Среда, 17 Јули 2013 01:23    PDF Печати Е-пошта
Битолска тврдина
Bitolski_kuli

 

Битолската тврдина нарекувана и само Џепане (од турски cephane, во слободен превод муниција, односно барутана или арсенал) претставува споменик на културата од прва категорија во Македонија.

 

 

Повеќе...
 
Среда, 17 Јули 2013 01:16    PDF Печати Е-пошта
Зурла - македонска
zurla

Зурлата е македонски народен дувачки инструмент направен од оревово или сливово дрво. Зурлите, исто така, се користат во народната музика од земјите во регионот, особено Ерменија, Бугарија, Хрватска, Турција, Азербејџан, Ирак, Курдистан, Грција, Асирија, Иран, Израел, Авганистан, Албанија, Босна и другите Кавкаски земји. Најчесто се изработува од кајсија (Prunus Armeniaca). Името зурла дошло преку турскиот збор „zurna, surla“, кој потекнува од персискиот збор сурна(ј) سرنای surnāy (сур = прослава + нај = кавал). Се состои од два дела: конусна цевка и славец кој се вметнува во горниот крај.

 

 

 

Повеќе...
 
Среда, 10 Јули 2013 03:04    PDF Печати Е-пошта
Да се знае кога дојде ереј Лазар од Ковачевци во Лесновскиот манастир

lesnovski-manastirДа се знае кога дојде ереј Лазар од Ковачевци во Лесновскиот манастир, во храмот на архистратег Михаил и на светиот преподобен отец Гаврил Лесновски, пустиножителот, кој водеше испоснички живот на Обловската планина. Така да се знае, кога доаѓаше Лазар при игуменот Исаија еромонах и Филотеј по милоста на Божјата благодет владика Ќустендилски и на други места. Јасно да ти биде на тебе, попе Христо од Кочани – да знаеш за најсветлиот и научениот отец и господин кир Висарион еромонах од Рискиот манастир.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите и ќе освои 54 пратеници

Анкета на БИПС: ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите и ќе освои 54 пратеници

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (61)

Милче Милошевски денес е пензионер кој од детство другарува со Маноил Мане Јаковлевски. Нивното др...

Култура и туризам

News image

Настанување на селото Лазорополе и потеклото на неговите жители

Лазорополе за прв пат се споменува во Кодиката (книгата на дарители) на манастирот Слепче, во вторат...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (28)

ПОТЕРА ПО АРГОНАУТИТЕ И НИВНОТО ВРАЌАЊЕ – ДЕЛ I Кога Јасон и Медеја дошле на брод...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.