Култура и туризам
Среда, 24 Април 2013 03:01    PDF Печати Е-пошта
Гостивар во минатото

gostivarА сега нешто да ни кажете за традиционалните јадења, како се приготвувале?

Повеќе...
 
Среда, 17 Април 2013 03:04    PDF Печати Е-пошта
Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Охрид

800px-Porta-Sv.Bogorodica-Kamensko-Ohrid-240Црквата Успение на Пресвета Богородица (позната како: Света Богородица Каменско) е македонски православен христијански црковен храм во градот Охрид.

Повеќе...
 
Среда, 17 Април 2013 03:03    PDF Печати Е-пошта
Света преподобна маченица Евдокија (Летник), 14./1.III

evdokija240На 1 март (според стариот календар) Светата православна црква го празнува споменот на Светата преподобна маченица Евдокија, родена во феникискиот град Илиопол. Како девојка била многу убава и со неморал спечалила огромно богатство. Во тоа време по вера била Самарјанка. Подоцна го примила христијанството, го напуштила расипничкиот живот, имотот го поделила на сиромашни христијани и се закалуѓерила. Во манастирот минала 56 години. По наредба на тогашниот управник на градот Илиополе била исечена со меч во 126 година.

Повеќе...
 
Среда, 17 Април 2013 03:02    PDF Печати Е-пошта
За празникот поврзан со Раѓањето на Свети Јован Крстител

sv-jovan-krstitel-240Тајане претставува македонски календарски обичај поврзан со празникот Раѓање на Свети Јован Крстител - Иванден (7 јули /24 јуни). Најдолго се задржал во Прилепско, Битолско и Крушевско. Од обичаите што се изведуваат на овој ден повпечатливи се оние поврзани со растението папрат. Имено вечерта спроти празникот се бере папрат, а тоа пак е поврзано со верувањето во неговата апотропејска моќ. Папратот се става на постелата и на него се спие за здравје, а рано наутро на самиот ден Иванден се плетат венци што се ставаат во бавчите за да ги чуваат од разни болести, временски непогоди како и други несреќи.

Повеќе...
 
Среда, 17 Април 2013 03:01    PDF Печати Е-пошта
Здравици

zdravica240Два ангела летаа,
по престоли госпотски,
китки цвеќе китеа,
рајски песни пееја:
Алилуја, алилуја,
Господи помилуј,
повели напи се, Иване,
помогол ти денешен.

Повеќе...
 
Среда, 10 Април 2013 03:04    PDF Печати Е-пошта
Легенди од Кратово и Кратовско

Гаѓан камен

kratovoНа 24 километри западно од Кратово, во непосредна близина на познатиот археолошки локалитет Големо Градиште кај селото Коњух, Кратовско, се наоѓа локалитетот Гаѓан Камен. Според кажувањето на тамошните жители Стефан и Солунка Кошарски од селото Коњух и Тодор Петрушевски од селото Димонце, Кратовско, Гаѓан Камен во најстаро време било местото на кое вежбале војниците на царот во тоа време. Во текот на изведувањето на вежбите тогашниот цар ги надгледувал изведуваните вежби со цел да ги одбере најдобрите војници за својата гарда. Првата вежба била фрлањето копје, втората дисциплина скокови во височина и во далечина, според висината да скокнат напред или назад. Војниците вежбале јавање на коњи и се организирале трки со коњи. Најбрзите требало да убијат некое диво животно: дива свиња, зајак, срна или елен. По извршениот улов на животното царот ги принудувал да јадат живо месо со цел да бидат издржливи и силни. Во непосредна близина на Гаѓан Камен течела Крива Река од која ловеле риба и ја јаделе жива, без да ја подготвуваат. Според кажувањето на нашите соговорници, војниците им давале на коњите да јадат риба, претходно посолена. Една од поинтересните дисциплини било фаќањето жива лисица. Тој што ќе фател жива лисица имал привилегија да го чува царот, а ги имал и сите привилегии што царот им ги давал на своите најблиски соработници. Тој го назначувал за свој главен чувар, бидејќи го сметал за најспособен затоа што можел да биде целиот во крв, а царот да го гледа окото на војникот, што ја покажува неговата способност и јунаштво.

Повеќе...
 
Среда, 10 Април 2013 03:03    PDF Печати Е-пошта
Одгледување на свилена буба- Ваташа

svilena-bubaСвилата од секогаш била многу ценета ткаенина, а неа ја носеле и Македонците и Турците. Особено ја ценеле жените кои за свечени прилики знаеле да облечат убави свилени кошули.  Се споменува во пишаните документи, а и се` уште во сеќавањето на постарите ваташани дека во Ваташа во средината на 19 век до почетокот на 20 век неколку ваташки македонски и турски семејства одгледувале свилени буби.

Повеќе...
 
Среда, 10 Април 2013 03:02    PDF Печати Е-пошта
Запис за Битуше

Bituse_1908Битуше се наоѓа во западниот дел на Република Македонија. Распослано е во китното зеленило на Дешат, над кое е надвиснат горостасниот Крчин. Поблиску кажано, Битуше се наоѓа во центарот на Националниот парк „Маврово“, на 25 километри јужно од Маврово и на дваесетина километри северно од Дебар. Пред него на источната страна, од Радика па нагоре до над 2000 метри надморска височина се издига бистрата Бистра планина со бисерот на нашата средновековна култура, манастирот „Свети Јован Бигорски“. Битуше, заедно со соседните села Ростуше, Велебрдо и Требиште, претставува засебна оаза со свои специфични белези и карактеристики.

Повеќе...
 
Среда, 10 Април 2013 03:01    PDF Печати Е-пошта
Верувањa поврзани со животни

sueverijaКога се купувала крава и за прв пат се водела во шталата се покривала со некој покривач за да не ја фатат уроци.

Повеќе...
 
Среда, 03 Април 2013 04:04    PDF Печати Е-пошта
Стрип албум за Александар Македонски

strip-aleksandar-makedonski-240Издаден е нов стрип албум кoј e продуциран од "Del Rio Films". Базичниот  текст на Ниче Димовски-Македон е адаптиран од Оливер Ромески, цртежот е на Зоран Танев, бојата е на Тони Анастасовски, а дизајнот и монтажата се на Александар Николовски.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (65)

На 17 јуни 2018 година е потпишан од шефовите на дипломатии на Грција, Никос Коцијас и Македонија,...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ПРВИОТ БИБЛИСКИ РЕЧНИК НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК (9)

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе претставиме дел од „Библискиот...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (32)

ПЕЛАШКО-ЕОЛСКА АТИНА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.