Култура и туризам
Среда, 06 Февруари 2013 04:08    PDF Печати Е-пошта
Гостивар во минатото

old-gostivar-240Ја сум Трифуноски Симе, сега жител во Гостиар. Меѓутоа, сум роден во село Долно Јеловце во илјада деветстотини триесет и прва година. У ствари, триеста година, а преселени сме во Гостивар илјада деветсто триес прва година, така да нашите роднини работеле во Романиа, спечалиле некој динар и направиле куќа во Гостивар. Откако е направиле куќата, се доселиле во Гостиар.  Мие од село коа сме дошле, сме донеле и крави, сме напраиле и амбари дома, сме рачунале полу-селски, полу-градски да живееме. Бидејќи Гостивар беше претежно тоа време бил и беше земјоделски град, така да секоја куќа имала по еден ул’чук, два, три и чувале по една крава, две. Со тоа така егзистенција имале. Народот бил многу сиромашен тоа време. Голем дел само од домашните производи се бавел, од тоа преживуал. Еден дел граѓаните биле по гурбет. Другиот дел ситни занаетчии, мали, меѓутоа сиромаштија, немало кој кому да продават за да имат добра зарада и егзистенциа. Така се живило денеска за утре. Без многу печалби и богатење. Така тоа-време. (...)

Повеќе...
 
Среда, 06 Февруари 2013 04:04    PDF Печати Е-пошта
Градиште (Банско)

Gradiste-bansko-240Месноста „Градиште” лежи над јужниот дел на Банско, во подножјето на масивот на Беласица, 540 м н.м. Се издига 250 м високо над полето и има многу стрмни падини што паѓаат во две паралелни длабоки поројни долинки. Едно сосем тесно седло од југ го дели од повисокиот терен. Врвот му е тесен, зарамнет и населуван во минатото. Озгора се гледа поле-то многу километри на север, северозапад и североисток. На 0,8 км североисточно од Градиште, во подножјето, избива термална вода која била користена од дамнини; денес тука се наоѓа познатото термално лечилиште и хотелот „Цар Самуил”.

Повеќе...
 
Среда, 06 Февруари 2013 04:01    PDF Печати Е-пошта
Давина Кула

davina0kulaДавина Кула е тврдина и регионално средиште 3 км југозападно од Чучер и 12 км северозападно од Скопје, покрај магистралниот пат за Косово, на јужниот крај на Качаничката Клисура. Претставува издолжен рид, горе зарамнет, чиј јужен дел паѓа 230 м длабоко во долинката на Лепенец. Преку едно благо седло на северниот дел продолжува постепено во венецот на Скопска Црна Гора. Падините му се стрмни и лесно е пристапен само од североисток. Озгора има преглед врз магистралниот пат повеќе километри на север (во клисурата) и на југ (низ Полето). Стари рудници на железо регистрирани се на неколку километри североисточно оттука.

Повеќе...
 
Среда, 30 Јануари 2013 04:04    PDF Печати Е-пошта
Јулијански и Грегоријански календар

Julian_calendarЈулијанскиот календар го вовел Гај Јулије Цезар и се користел во цела Европа до XVI век, кога се прифатил Грегоријанскиот календар. На првиот екуменски собир во Ница во 325 година, христијанската црква го прифатила Јулијанскиот календар како основен календар.

Повеќе...
 
Среда, 30 Јануари 2013 04:03    PDF Печати Е-пошта
Свадба во Зубовце, понеделник- носење на невестата на вода

svadba-zubovce-240Понеделникот, од традиционалната стара зубовска свадба, започнува со носењето на невестата на вода на една од маалските чешми во селото. Ја заводува машко детенце, водарче. Него невестата го дарува со плетени волнени калчинчиња.

Повеќе...
 
Среда, 30 Јануари 2013 04:02    PDF Печати Е-пошта
Верувања од Разлошко

razlogГрадба на куќа

Кога се започнува да се копа темел за градење нова куќа, обично, се почнува со работа во понеделник (поретко во четврток). Во темелите се поставува првиот камен, како и ново грне „неукотлено“, т.е. неупотребувано и шишенце со светена вода (вода осветена во црква од свештеник). Кога пак, се започнува да се гради куќата се коле курбан – бело јагне или бела овца. Курбанот го јадат мајсторите, членовите на семејството што ја гради куќата и нивни блиски роднини. Се` што ќе остане од курбанот (кожа, коски и сл.) се закопува во темелот на куќата.

Повеќе...
 
Среда, 30 Јануари 2013 04:01    PDF Печати Е-пошта
Свети Гаврил Лесновски 28/15.I.

gavril-lesnovskiСвети Гаврил Лесновски живеел кон крајот на XI и почетокот на XII век. Потекнувал од Осечко Поле. Неговите родители биле богати но долго време немале деца па времето го минувале во плач и молитви упатени кон Бога да ги дарува со пород. Потоа Господ ги дарувал со машка рожба. Сакале детето да им биде образовано поради што кога пораснало го дале да се школува. Во неговото житие се вели дека „и откако помина малку време, ги изучи сите книги, и не еден јазик - туку повеќе, а Евангелието не го испушташе од рацете ни еден час”.

Повеќе...
 
Среда, 23 Јануари 2013 04:02    PDF Печати Е-пошта
Народни поговорки од струшко

pogovorkiАј без пари, ај без ум, се` едно ти е.

Ајванот немат ј’зик, та не зн’јт да кажит шчо го болит.

Ајванот се врзвит со ј’же, а чвек со збор.

Повеќе...
 
Среда, 16 Јануари 2013 04:03    PDF Печати Е-пошта
За празниците во Велес

velesОд книгата „Така се зборува во Велес“, приредила Снежана Петрова – Џамбазова, Скопје 2007.

За празниците да кажеме нешто. На втори јануар је Игнет. И татко ми на сабајле, коа ќе станеме, одма за уши ќе не истегне, да сме растеле поголеми. На Коледе пред Божиќ Коледе, се збиравме деца со коледашки, стапчиња, ишарени, изонадени, делкани убаво и одевме од куќа на куќа. И ни даваа оравчиња, коштанчиња, колачиња, почнавме и поголеми д’ одиме, па ни викаа: Што сакате, колаче ли, девојче ли? Не задеваа.

Повеќе...
 
Среда, 02 Јануари 2013 16:41    PDF Печати Е-пошта
Споменици на културата

akvadukt240На периферијата на Скопје, покрај патот Скопје – Качаник се наоѓа стариот аквадукт, изграден од камен и тули со 55 лукови што се опираат на масивни столбови.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Список на делегати за 17 Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, кој ќе се одржи на 12.12.2021 во СЦ Јане Сандански во Скопје

Список на делегати за 17 Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, кој ќе се одржи на 12.12.2021 во СЦ Јане Санданс...

Иселеници

News image

ЊУЈОРК – ГРАДОТ НА ЖИВЕЕЊЕТО НА Георги (ЏОРЏ) Томов - ДЕЛ (8)

Во метрополата Њујорк се издвојуваат, пристанишниот, тргов...

Фељтон

News image

ОПИС НА ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМАТА БИТКА КАЈ ГАВГАМЕЛА (11)

  Во ова продолжение за читателите ќе  претставиме дел од седмата глава &...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.