Култура и туризам
Среда, 10 Јануари 2018 04:03    PDF Печати Е-пошта
Некрстените денови во Mакедонија (7-19 јануари), период исполнет со религиозен страв и разни магиски заштити

survari-180Во верувањата на македонскиот човек посебно важно место има периодот од Божик до Водици, односно според верувањето, од  раѓањето на Исус Христос до неговото крштевање. Овие дванаесет денови познати како Некрстени денови, но и како Ристосови или Погани денови според верувањето се најризичните или најопасните денови во годината. Според народните верувања и суеверија дете некрстено и жена леунка се изложени на силно влијание на негативните демони.

Повеќе...
 
Среда, 10 Јануари 2018 04:02    PDF Печати Е-пошта
Ренесансата на Ѕвегорската сурова за бериќет и напредок

zvegorska-surova-180Еден од најстарите народни обичаи во Пијанечкиот крај (денешна Општина Делчево) е обичајот со маски, познат под името Сурова. Овој обичај е невообичаена процесија на културното наследство, со кое се гордеат жителите на Ѕвегор.

Повеќе...
 
Среда, 03 Јануари 2018 04:02    PDF Печати Е-пошта
Календарите и прославувањето на Божиќ

Hortus Deliciarum Die Geburt Christi-180Иако се правени обиди за усогласување на празнувањата, разликите остануваат, и покрај укажувањата на математичарите дека ако продолжат да се применуваат и двата календара, дел од православците Божик во 2101 година наместо на 7 ќе го слават на 8 декември. Тоа е затоа што стариот Јулијански календар доцни зад соларниот еден ден на секои 128 години, што кај Грегоријанскиот календар се случува по 3300 години.

Повеќе...
 
Среда, 03 Јануари 2018 04:01    PDF Печати Е-пошта
Да се патува по Тибет, покривот на светот, значи да се патува низ историјата и низ времето

tibet-180Одамна ми беше скроен планот за едно подолго поклоничко патешествие по Тибет, Кина и Индија, требаше само да дојде денот кога ќе тргнам, а дојде наредната година. На долгиот двомесечен пат тргнав со одбрана група, составена од продуховени, просветлени и богопонизни луѓе. Тие беа со добри сознајби за источноазискиот побожен свет и тамошната религиска традиција и сегашна реалност. Сакав да узнам какво е поклонението на тамошните луѓе по патот на милоста божја.

Повеќе...
 
Среда, 27 Декември 2017 04:02    PDF Печати Е-пошта
Скопско кале

skopsko-kale-240Старата скопска тврдина, претставува зачеток, односно историско јадро, на денешно Скопје, се наоѓа на височинката Кале, која се наоѓа во центарот на градот, крај левиот брег на Вардар.

Повеќе...
 
Среда, 27 Декември 2017 04:00    PDF Печати Е-пошта
Приказна за царот Константин

carot-konstantin-240„Царот Константин и богољубената царица Елена не можеа, а да не изградат свој храм во саканото им Скопје“

Повеќе...
 
Среда, 20 Декември 2017 04:03    PDF Печати Е-пошта
Алпинистички локалитети во Македонија

ДЕМИР КАПИЈА

demir-kapija

Демир Капија е најквалитетната според својот состав карпа во Македонија. Сочинета е од чист варовник со одлична компактност.
До карпата може да се пријде од Автопатот Скопје - Солун, возилото се остава на паркингот меѓу два маркантни тунели на самиот автопат и тука на самиот паркинг има неколку алпинистички насоки и можност за голем број интересни спортско качувачки насоки. Другиот приод е од населбата Демир Капија низ нивите крај пругата, преку автопатот се оди во лево од првиот тунел и по маркирана патека прво се искачува еден дел од карпата а потоа се спуштаме покрај реката Вардар каде започнуваат голем број насоки.

За жал засега нема водач-книга за алпинистичките и спортско качувачките насоки, па карпата е интересна пред се за љубителите на нови премиерни искачувања. Можноста за заштита во карпата е одлична, она нуди користење на клинови, чокови, френдови, практично се. Должината на алпинистичките насоки изнесува од 200 до 300 метри.

Најдобро сместување е во шатори крај реката Вардар.

Најдобар период за качување е Март - Јуни и Септември - Ноември, исто како и за Матка.

Доплнителни информации можат да се добијат кај претседателот на Сојузот на алпинистите на Македонија.

ЛЕШНИЦА

lesnica

Лешница преставува еден мошне живописен регион во срцето на Шар Планина, најубавиот планински масив во нашата земја. Алпинистичките локалитети во регионот се разместени на површина во радиус од 10 км. Лешница е пред се атрактивна за зимски алпинизам за што нуди можности за сите различни вкусови на зимскиот алпинизам : Заледени кулоари со должина од 300 до 700 метри, комбинирани искачувања на кулоари со карпа, замрзнати водопади (околу десетина) со должина од 10 до 30 метри, одлични терени за екстремен ски алпинизам со можност за организирање натпревари. Со оглед на тоа што околу Лешница се наоѓаат највисоките врвови на Шар Планина со висина околу 2700м и огромни пространства кои се наоѓаат на висина над 2500м со дебела снежна покривка од Ноември до Мај, што пружа идеални услови за подготовки за експедиции. Во локалитетот се среќаваат зимски алпинистички проблеми со екстремни тежини, а амбиентот на искување е комплетно алпски.

Локалитетот е главно девствен. Во изминатите 15 години интензивно качувавме на Лешница и не успеавме да искачиме повеќе од 15% од она што може да се искачи.

Карпата по состав е варовник со прилична кршливост, значително намалена во зимскиот период кога температурите достигнуваат околу -30 степени, во просек околу -15. Објектите интересни за алпинизам се главно северно експонирани но има и такви со западна па и јужна поставеност. Алпинистичките насоки, со оглед на тоа што станува збор за зимски искачувања се слабо обезбедени.

Приод. До Лешница може да се стигне на повеќе начини но најдобар приод во зимскиот период е од скијачкиот центар Попова Шапка, па преку врвот Церипашина се спуштаме во долината на Лешница. Во зимски услови приодот од Попова Шапка до Лешница во зависност од снежните услови, за добро подготвени алпинисти изнесува од 3 до 10 часови.

Сместување. Во долината на Лешница постојат неколку објекти кои нудат удобно сместување а можат да се користат со претходна најава. Покрај тоа има неколку бачила од цврста градба со релативно добар комфор. Влезот во алпинистичките насоки е одлаечен околу 30 до 45 минути од објектите за престој.

Едноставно Лешница вреди да се посети.

Дополнителни информации можат да се добијат во Сојузот на алпинистите.

СОЛУНСКА ГЛАВА

solunska-glava

Солунска глава е најмаркантниот алпинистички објект, сместен во централниот дел на земјата, на планината Јакупица.

Солунска глава всушност преставува врв на планината Јакупица со надморска височина 2540 м. Алпинистички објект е јужната страна на врвот која преставува еден амфитеатар со широчина од околу 5 км. и височина од 500 до 1000м. На јужната карпа на Солунска Глава се разликуваат два дела : еден помасивен и покомпактен свртен кон југозапад и другиот свртен кон југоисток.

Должината на карпата изнесува од 250 до 700 метри. По состав е варовник со кршливост која што варира во различни делови од истата. На карпата има околу дваесетина алпинистички насоки со могу слаба заштита in situ. Најголемите проблеми во оваа огромна карпа се уште го чекаат своето реализирање.

На Солунска Глава може да искачуваат само добро подготвени алпинисти, заради тоа што карпата има комплициран приод по еден див и непристапен кулоар во време од 3 до 5 часа од најблискиот планинарски дом. Симнувањето од карпата е по лесен планински терен за околу 2 до 3 часа до домот Чеплез.

Со целиот амбиент, квалитетот на искачувањата, приодот и слегувањето од карпата, Солунска Глава во голема мерка потсетува на карпите од долината Тамар или Северната Триглавска карпа во Словенија.

Приод. Најдобра појдовна точка за карпата е планинарскиот дом Чеплез кој се наоѓа на надморска височина од 1445м, а до кого се доаѓа по лош автомобилски пат од населбата Богомила (50 км југозападно од Титов Велес), преку селото Нежилово или пак преку селото Папрадиште. Со возило по патот до домот се стигнува за околу 1 час од Богомила.

Пешки, до домот се стигнува : со воз до станицата Орешје (првата станица после Богомила) а од таму по маркиран пат за селото Нежилово, а потоа по маркирана планинарска патека до домот Чеплез. Време на приодот околу 3 до 4 часа.

Најдобро сместување е во планинарскиот дом Чеплез, кој има капацитет од околу 50 легла и е отворен во текот на целата година.

Приодот од планинарскиот дом Чеплез до карпата не е едноставен но дополнителни инструкции можат да се добијат кај домарот.

Приодот води преку изворот на реката Бабуна, а потоа по централниот кањон над изворот по мошне див предел, совладувајки тежини од II до III степен, се стигнува во дното на амфитеатарот под карпата.

Најдобар период за качување е од почетокот на Јуни до крајот на Септември. Карпата се карактеризира со своја микро клима и чести врнежи. Температурите во летниот период се соодветни на големата надморска височина.

ОСТРА КАРПА, СТОГОТ

ostra-karpa-2

Остра карпа е по многу што единствен локалитет во нашата земја. Се наоѓа во карпест масив на Селечка планина кој се протега во должина од 20 км, сместен северно и југозападно од градот Прилеп. Карпата по својот состав е гранит со примеси и нуди одлични услови за уживање во искачувањето од типот на clean free climbing.

Карпата се наоѓа на надморска височина од околу 1300м, со експонираност на делови кон сите страни на светот, така да дозволува искачување во текот на целиот период од годината. Должината на алпинистичките насоки изнесува околу 150м, со тежини од III до VIII. Има релативно добра заштита in situ ситу но неопходно е носење на доволно опрема како friends, nuts, и по некој питон.
Регионот е главно девствен, и дава одлични услови за екстремни спортско качувачки насоки со должина и до 100м.

Приоди има повеќе.

Еден е од градот Прилеп преку селото Селце по маркирана планинарска патека за околу 3 часа.
Друг приод води од Прилеп по асфалтен пат за регионот Мариово, па потоа по земјен пат за манастирот Св. Никола над селото Прилепец. Од манастирот се пречи падината на планината во лево се до широкиот кулоар под карпите. Потоа по кулоарот нагоре до карпите. Време на приод од манастирот околу 1 час.

Сместување. Најдобро сместување е во манастирот Св Никола, кој не може да се пофали со својата хигиена. Постои можност и за сместување на едно плато над карпите, во шатори.

ПАТИШКА РЕКА

patiska-reka

Патишка река се наога на 40 км од Скопје. Со својата специфична организација на мразот Големиот кулоар нуди одлични услови за качување на насоки со разлицни тежини и во различни техники на качување. Должината е преку 150м.

Сувата карпа е со должина од околу 200м. Нуди прекрасни услови за качување во летниот период токму поради северната експонираност и пријатната клима, в зима е оргинална “копија” на тешките карпи во Алпите.

Амфитеатарот природата го создала како терен погоден за обука на почетници. Овде може да се постават голем број вежбалишта каде би се вежбале техники за качување на мраз, но може и да се качува во посебно сложени миксови во некој од кулоарите повисоки од 200м.

ЛОКАЛИТЕТ  ПЛОЧА

Локалитето Плоча се наога во југоисточна Македонија со местоположба меѓу градовите Штип и Радовиш во непосредна близина на магистралниот пат М6. Локалитетот е на надморска височина од 320 метри во основата и 400 мнв на врвот од карапта со североисточна експонираност. Карпата по состав е гранит измешан со басалт каде на места е многу цврста но на места и ронлива. Поголем дел од насоките се со експанзиони клинови, има насоки и со алпинистички клинови на локалитетот има повеке од 30 насоки со различна тежина. Локалитетот нуди можности за спортски насоки исто така има доста можности за болдер качување. Во непосредна близина на локалитетот има мал алпинистички дом кој е со капацитет од 20 кревети со кујна и купатило за целосното уредување на стручната помош голем удел допринесе Центарот за Стручно Оспосубување при Федерацијата на Планинарски Спортови на Македонија.

Убава Македонија

 
Среда, 20 Декември 2017 04:01    PDF Печати Е-пошта
Откриен древен загубен град на Истокот

Still1216 00013-180Откриен е древен загубен град на Истокот. Станува збор за некогашната населба Марчово, која постоела од V до XVII век на самата граница меѓу општините Штип, Радовиш и Конче, кај рудникот Боров Дол.

Повеќе...
 
Среда, 20 Декември 2017 04:01    PDF Печати Е-пошта
ПОУКА ЗА СМИРЕНОУМИЕТО

smirenie-180Еден од старците рекол: Пред се` потребно ни е смиреноумие за да бидеме подготвени на секој збор што ќе го слушнеме да кажеме „прости“, зашто од смиреноумието се кршат сите стрели на лукавиот и завидливецот. 

Повеќе...
 
Среда, 13 Декември 2017 04:02    PDF Печати Е-пошта
Музеј на Старата скопска чаршија

Suli han-180Музејот на Старата скопска чаршија е сместен во рамките на Сули ан. Основан е како придружна институција на Музејот на град Скопје во мај 1983 година, со задача да ја прикаже историјата, културната вредност и занаетите во чаршијата. Дејноста на музејот е сложена и се состои од систематска научноистражувачка и прибирачка работа, обработка на музејски збирки и создавање на информативни средства за тие збирки, прикажување на збирките преку постојани и повремени изложби и објави, како и заштита и чување на музејски предмети.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои победничките листи за парламентарните избори

  Муцунски: Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои победничките листи за парламентарните...

Историја

News image

Гоце Делчев неприкосновен лидер на македонската револуционерна борба

Општонародниот водач на македонската ослободителна борба Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 годи...

Иселеници

News image

НАЈГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ ЗА АНСАМБЛОТ „Томов“ И ЗА ГЕОРГИ (ЏОРЏ) ТОМОВ (19)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

Велигденски пост

Првичната цел на предвелигденскиот пост била насочена кон огласените, кои се припремале да бидат крс...

Фељтон

News image

АКТИВНОСТИ НА ФОНДАЦИЈАТА ПО СМРТТА НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ – (ДЕЛ II) (25)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.