Култура и туризам
Среда, 17 Април 2013 02:01    PDF Печати Е-пошта
Здравици

zdravica240Два ангела летаа,
по престоли госпотски,
китки цвеќе китеа,
рајски песни пееја:
Алилуја, алилуја,
Господи помилуј,
повели напи се, Иване,
помогол ти денешен.

Повеќе...
 
Среда, 10 Април 2013 02:04    PDF Печати Е-пошта
Легенди од Кратово и Кратовско

Гаѓан камен

kratovoНа 24 километри западно од Кратово, во непосредна близина на познатиот археолошки локалитет Големо Градиште кај селото Коњух, Кратовско, се наоѓа локалитетот Гаѓан Камен. Според кажувањето на тамошните жители Стефан и Солунка Кошарски од селото Коњух и Тодор Петрушевски од селото Димонце, Кратовско, Гаѓан Камен во најстаро време било местото на кое вежбале војниците на царот во тоа време. Во текот на изведувањето на вежбите тогашниот цар ги надгледувал изведуваните вежби со цел да ги одбере најдобрите војници за својата гарда. Првата вежба била фрлањето копје, втората дисциплина скокови во височина и во далечина, според висината да скокнат напред или назад. Војниците вежбале јавање на коњи и се организирале трки со коњи. Најбрзите требало да убијат некое диво животно: дива свиња, зајак, срна или елен. По извршениот улов на животното царот ги принудувал да јадат живо месо со цел да бидат издржливи и силни. Во непосредна близина на Гаѓан Камен течела Крива Река од која ловеле риба и ја јаделе жива, без да ја подготвуваат. Според кажувањето на нашите соговорници, војниците им давале на коњите да јадат риба, претходно посолена. Една од поинтересните дисциплини било фаќањето жива лисица. Тој што ќе фател жива лисица имал привилегија да го чува царот, а ги имал и сите привилегии што царот им ги давал на своите најблиски соработници. Тој го назначувал за свој главен чувар, бидејќи го сметал за најспособен затоа што можел да биде целиот во крв, а царот да го гледа окото на војникот, што ја покажува неговата способност и јунаштво.

Повеќе...
 
Среда, 10 Април 2013 02:03    PDF Печати Е-пошта
Одгледување на свилена буба- Ваташа

svilena-bubaСвилата од секогаш била многу ценета ткаенина, а неа ја носеле и Македонците и Турците. Особено ја ценеле жените кои за свечени прилики знаеле да облечат убави свилени кошули.  Се споменува во пишаните документи, а и се` уште во сеќавањето на постарите ваташани дека во Ваташа во средината на 19 век до почетокот на 20 век неколку ваташки македонски и турски семејства одгледувале свилени буби.

Повеќе...
 
Среда, 10 Април 2013 02:02    PDF Печати Е-пошта
Запис за Битуше

Bituse_1908Битуше се наоѓа во западниот дел на Република Македонија. Распослано е во китното зеленило на Дешат, над кое е надвиснат горостасниот Крчин. Поблиску кажано, Битуше се наоѓа во центарот на Националниот парк „Маврово“, на 25 километри јужно од Маврово и на дваесетина километри северно од Дебар. Пред него на источната страна, од Радика па нагоре до над 2000 метри надморска височина се издига бистрата Бистра планина со бисерот на нашата средновековна култура, манастирот „Свети Јован Бигорски“. Битуше, заедно со соседните села Ростуше, Велебрдо и Требиште, претставува засебна оаза со свои специфични белези и карактеристики.

Повеќе...
 
Среда, 10 Април 2013 02:01    PDF Печати Е-пошта
Верувањa поврзани со животни

sueverijaКога се купувала крава и за прв пат се водела во шталата се покривала со некој покривач за да не ја фатат уроци.

Повеќе...
 
Среда, 03 Април 2013 03:04    PDF Печати Е-пошта
Стрип албум за Александар Македонски

strip-aleksandar-makedonski-240Издаден е нов стрип албум кoј e продуциран од "Del Rio Films". Базичниот  текст на Ниче Димовски-Македон е адаптиран од Оливер Ромески, цртежот е на Зоран Танев, бојата е на Тони Анастасовски, а дизајнот и монтажата се на Александар Николовски.

Повеќе...
 
Среда, 03 Април 2013 03:03    PDF Печати Е-пошта
Археолошки локалитети во Вратница

Vratnica_pogledСв. Дуси

Св. Дуси претставува средновековен локалитет во тетовското село Вратница. Самиот оглавен објект е средновековна црква, која се наоѓа на северниот раб на селото каде се гледаат остатоци од ѕидови на мала црквичка.

Повеќе...
 
Среда, 03 Април 2013 03:02    PDF Печати Е-пошта
Суеверие од Мариово

sueverijaМариовскиот селанец е мошне многу суеверен. Вампири, самовили, зли духови, и слични натприродни суштества царуваат во неговата фантазија. Тие ја возбудуваат неговата душа и кај него предизвикуваат силен впечаток. Тој верува во тие демони наполно и за да си ги претстави, така да се каже во поконкретна форма се обидува нивното постоење да го поврзe со практичните цели на животот.

Повеќе...
 
Среда, 03 Април 2013 03:01    PDF Печати Е-пошта
За некои Mијачки печалбарски обичаи, посебно од Галичник

galicnikКај Галичаните и посебно кај Мијаците постојат бројни обичаи (и обичајни права) сврзани со печалбарството. Тие се почитувале како неприкосновени и важечки животно нормативни и претставуваат мошне драгоцени извори за осветлување на печалбарството како социјална и стопанска појава, истовремено се и важни елементи за етнопсхологијата на Мијаците.

Повеќе...
 
Среда, 27 Март 2013 02:25    PDF Печати Е-пошта
Ваташката гајдаџиска тајфа на семејството Баснаркови

gajda1Песната, орото и веселбата биле сакани како од младите така и од постарата генерација. Животот на населението во Ваташа бил тежок и напорен, било потребно да се вложи многу труд за да одолее на скапиот живот, на експлоатацијата и да се обезбеди егзистенција на семејството.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

ГОРАН АНГЕЛОВ СО ПОРАКА ДО ДРУГАРИТЕ: Браќа да се обединиме против трговците со човечки судбини

ГОРАН АНГЕЛОВ СО ПОРАКА ДО ДРУГАРИТЕ: Браќа да се обединиме против трговците со човечки судбин...

Историја

News image

Запознај ја татковината за да ја сакаш повеќе!

Запознај ја татковината за да ја сакаш повеќе!

Иселеници

News image

МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ – ПРВИОТ АРХИЕРЕЈ ВО МАКЕДОНСКОТО ИСЕЛЕНИШТВО (18)

ОСВЕТУВАЊЕ НА ЦРКВИТЕ „СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ“ ВО ХАМИЛТОН ...

Култура и туризам

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (1)

ДЕЛ ОД ИСТОРИЈАТА ЗА МАКЕДОНИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.