Среда, 17 Август 2016    PDF Печати Е-пошта
Тале Христов

tale-hristovТале Христов ( 29. VI 1880 – 19. VII 1903) е македонски револуционер, прилепски реонски војвода и учител. Се школувал во Прилеп и во Битола, каде станал член на Тајниот училиштен кружок (1899/1890).  Учителствувал во с. Цер, Демирхисарско и во Прилеп,  каде бил назначен за член на Реонскиот комитет и реонски војвода. Учествувал на Смилевскиот конгрес. Загинал во судир со османлиски војски.

Тале Христов  е роден на 29 јуни 1880 година во Прилеп. Се школувал во Прилеп и Битола. Во учебната 1899/1890 година, како ученик на машката гимназија во Битола, се вклучува во редовите на Македонската револуционерна организација. Активно учествувал во работата на Тајниот училишен кружок, кој го раководел Даме Груев.

Во 1900 година, Тале Христов завршил гимназија во Битола, по што учителствувал во с. Цер, Демирхисарско и во Прилеп,  каде бил назначен за член на Реонскиот комитет и реонски војвода.

Во  учебната 1901 / 1902 година тој работи како учител во Прилеп. Во периодот додека учителствува во родното место, тој работи на засилување на револуционерната организација во Прилеп и Прилепскиот крај.  Меѓутоа, турските власти го откриваат и апсат, по што лежи една година во Битолскиот затвор.

По излегувањето од затвор, Христов повторно активно дејствува во Македонската револуционерна организација и како делегат на прилепскиот револуцинерен реон, заедно со Петар Ацев и Јордан Тренков, од 2 до 7 мај 1903 година, учествувал на Смилевскиот конгрес.

По Смилевскиот конгрес во Прилепскиот реон започнале интензивни и забрзани подготовки за престојното востание. Поголем број на млади луѓе од градот изглегоа во планините и се приклучиле на четата на Петар Ацев, во која бил Тале Христов.

Две недели пред Илинден, четите на Петар Ацев и Никола Пешков, заедно со триесетина граѓани прилепчани (вкупно околу 80 лица), се ненадејно нападнати во месноста Студеница (Студена Ливада) крај Беловодица. Прво биле нападнати од 20-30 жандарми, а потоа пристигнува и војската од гарнизонот во Дуње.

Четите на Патар Ацев и Никола Пешков биле опколени и нападнати од неколку страни од турскиот аскер. Македонските револуционери во мали групи почнале да водат поединечни борби во кои во загинале 18 македонски борци, главно од граѓаните.

Во судирот со османлиски војски кај месноста Студена Ливада, село Беловодица, Прилепско, меѓу загинатите македонски бирци биле наставникот Георги Сливјанов, јеромонахот Козма, Григор Ракиџиев, Јордан Нунев и други.

Тале Христов кој е тешко ранет успеал да се скрие во една пештера каде што по неколку дена искрварил и умира на 19 јули 1903 година.

 

На прво место

News image

ЕТЕ НИ ГИ БЕНЕФИЦИИТE(!?) ОД ДОГОВОРОТ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, екс министер и амбасадор

Историја

News image

До 1860 година не само овде во Србија туку и меЃу самите Бугари не било познато дека во Македонија има Словени!

“...До 1860 година не само овде во Србија туку и меѓу самите Бугари не било познато дека во Македони...

Иселеници

Култура и туризам

News image

Брајчинските иселенички средби

Се одржаа 23-те „Брајчинските иселенички средби“

Фељтон

News image

Александар Македонски (45)

Александар Македонски штотуку го освои Источен Иран, пред да го започне големиот пох...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.