Среда, 07 Септември 2016    PDF Печати Е-пошта
Хаџи Христо Данков

greek-war-of-independence

Хаџи Христо Данков (1783 - 1853) е македонски револуционер, учесник во грчката војна за независност (1821 - 1823). Христо бил прв командант на грчката коњаница, а за своите заслуги добил чин генерал на грчката армија. Подоцна учествува во изградбата на грчката држава и во грчкото собрание ги застапува Македоно-Траките. Поради неговото не грчко потекло, Грците му даваат прекар Вулгарис. Тој е еден од многубројните македонски револуционери кои од солидарност учествуваат во грчкото востание за ослободување од турското ропство, а со надеж дека нивното ослободување ќе придонесе и за ослободување на македонскиот народ.

Христо Данков е роден во 1783 година во воденското село Нисија. Неговиот татко Патар Данков (Данкович) и неговиот брат Ставро загинуваат при опсадата на Белград во 1806 година за време на Српското востание. Се смета дека Петар и двајцата негови синови служеле во одредеот на генерал Исаев, кој бил испратен во помош на српските востаници во текот на руско-турската војна (1806 – 1812 г.) По завршувањето на војната заедно мајка му Ана гонети од Турците, Христо заминува во Босна, потоа во Венеција, Родос и Кипар, за да на крај пристегне во Александрија.

По пристигнувањето во Египет, македонскиот револуционер хаџи Христо влегува во служба кај египетскиот валија Мехмед Али паша, родум од Кавала, Егејска Македонија, кој се стреми да се отцепи од Отоманската империја и прифаќа во војската голем број христијани. Поради своите воени вештини и храброст во борбата со мемелуците, хаџи Христи го добива прекарот “шахин“ (сокол) и бил назначен за началник на обезбедувањето. Во текот на службата се бори против непокорните арапски племиња, а подоцна оди во поход против јаничарите во Алепо, Сирија. Потоа служи кај Хуршид паша, а по неговото назначување од султанот за управител на Пелопонес, Хаџи Христо заминува во Мореја.

Во 1821 година, при опсадата на Триполица, храбриот Македонец наместо да се бори против своите христијански браќа, успева да избега и се става на располагање на грчките востаници.  Водачите на востанието Теодорос Колотронис, поранешен ајдучки војвода, и Александар Ипсиланти, го поставуваат на чело на голем одред во кој најголем дел се Македонци.

Неговите војнички квалитети и лична храброст се манифестираат уште при битката за Триполица, а негиовиот одред од Македонци бил главна причина за поразот на Махмуд паша (23.09.1821 г). Потоа познати се подвизите на Хаџи Христо и неговиот одред кај Фтиотида, Термопилите, Будница и Навплион. Голем придонес овој одред дава во битката кај преминот Дервенаки каде османската војска го доживува еден од најтешките порази.  

На летото 1922 година македонскиот одред учествувал во решавачката битка  кај преминот Дервенаки, при што била разбиена 40.000 турска армија испратена да ги уништи грчките востаници. Во мемоарите на Колотронис стои дека битката била добиена благодарение на умешноста на Хаџи Христо, кој на чело на единицата извршил маневар и удрил во тилот на османската војска. Но пред оваа победа, македонскиот одред ја спречува кавгата која настанала во грчките редови. Биографот на Хаџи Христо пишува: "Овој одред изврши грамада докажани подвизи, од кои едниот е прославениот подвиг кај Дрвенаки на 26 и 27 јули 1822 година".

Грчкиот историчар Трикупас за овој настан ќе забележи:  „Водачите на двата завојувани логори сред грчките востаници веќе се подготвуваа да се нападнат. Одеднаш среде нив излегоа двајца (македонски) војводи Хаџи Христо со (македонската) коњица и Хаџи Стефко [од Охрид] со (македонската) пешадија и го спречија овој јазик на безумните, кои сакаа да се исколат: - Ние поминавме планини и долини. Ние и нашите другари дојдовме со вас да се бориме до вас за крстот и грчкиот народ. Не не ви сакаме никакво право за своите заслуги, за кои веруваме дека сме придонеле, а ве молиме да не се испотепате сите до еден... Бидејќи не можеме да го преживееме срамот, да присуствуваме при вашите внатрешни кавги, и тоа во високиот момент на војната за ослободување на вашата татковина. - Благодарение на овие двајца благородни луѓе началниците на двата табора, опомоменати, се помирија, за да ја остранат веднаш опасноста која ги загрозуваше плодовите на толку пролеана крв.

Во текот на 1823 година одредот на Хаџи Христо извојува нова победа над турските војски кај Кромиди. На 23 мај 1824 година, Хаџи Христо бил произведен во чин на генерал на грчката армија. Истата година, по негов предлог била извршена реорганизација на војската, при што коњаницата стекнуа статус на самостоен дел и е предводена од него. Меѓутоа, во 1925 година, тој бил заробен од Ибрахим паша и затворен три години во тврдината Медон (Метони).  

Сепак, авторитетот на Хаџи Христо бил толку голем што за негово ослободување флотите на сојузниците Русија, Англија и Франција, ја декласираше отоманскиот флота кај Наварин кон крајот на октомври 1927 година. Хаџи Кристо бил ослободен во 1928 година и пречекан како херој на островот Егина, во тоа време главен град на Грција. Потоа тој продолжува учеството во грчката ослободителна борба. Завзема различни воени и административно позиции и ја ужива почитта на грчкото население.

Хаџи Христо добива од грчките власти повеќе признанија. Во владинот декрет од 1833 година се вели: "Од денес па натаму во знак на благодарност дел од тврдината Метони да го носи името на Хаџи Христо". А во Атина на македонскиот херој му е подигнат споменик.

По ослободувањето на Грција, Македонецот Хаџи Христо останува во грчката престолнина и зема активно учество и во грчкиот политички живот. Во 1843 година тој е пратеник во грчкиот парламент како преставник на Македоно-Траките. Современиците го опишуваат како исклучително човекољубив, праведен и воспитан човек. Хаџи Христо Данков умира во 1853 година во Атина од мозочен удар.

 

На прво место

News image

Нивното достоинство имало цена - на Република Македонија ѝ турија пепел

Северна – зашто нивното достоинство имало цена (ФОТО) Владанка Авировиќ, Емилија Александрова, Љу...

Историја

News image

140 години од МАКЕДОНСКОТО ВОСТАНИЕ во Кресна, Пиринска Македонија!

Печатот на Главниот штаб на МАКЕДОНСКОТО востание, на кој убаво се чита им...

Иселеници

News image

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски - најголемиот инвеститор од македонското иселеништво (15)

Семејното дрво на Атанасовски е интересно со своите личнос...

Култура и туризам

News image

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (13)

ВОВЕДУВАЊЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА ВО ХРАМОТ

Фељтон

News image

Александар Македонски (54)

Овде, во Опис, на најблиската точка до Вавилон и на линијата за комуницирање со Запа...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.