Среда, 14 Септември 2016    PDF Печати Е-пошта
Ѓорѓи Радев - Бродалијата

georgi-radevГеорги Николов Радев (1857 - Асеновград, Бугарија, 15. II 1942) е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација и серски војвода на ТМОРО/ВМОРО/ ВМРО. Извесно време бил комита во четата на Гоце Делчев (1899), а потоа војвода на Серскиот револуционерен округ на ТМОРО (1899-1904). Учествувал во битката во с. Баница при загинувањето на Г. Делчев (4. V / 1. IV 1903). Познат е како Ѓорѓи Бродалијата, кој подоцна ги фатил и егзекутирал предавниците.

Георги Радев е роден во 1857 година во селото Горно Броди, Серско, Егејскиот дел на Македонија. Неговиот татко бил овчар и тој самиот се занимавал со овчарство до триесет и осмата година. Како овчар тој им бил јатак на војводите Георги Зимбилев и Стојо Костов – Скрижовски. Во 1895 година поради тоа бил уапсен и затворен од османлиските власти.

По излегувањето од затвор Ѓорѓи Радев стаал комита во четата на Илија Крчовалијата. Со четата учествува во т.н. Мелничко востание во летото  1895 година, кое го организира Македонскиот комитет. Под влијание на Гоце Делчев, Крчовалијата со својата чета се приклучува на ТМОРО во 1897 година. Така кон крајот на 1899 и почетокот на 1900 година нез целата земја крстосувале чети и речиси секој реон имал своја чета, што ја наметнала потребата од точно определување на местото и улогата на четите во македонското револуционерно движење.

Делчев и Ѓорче изработиле Правилникот за четите на ТМОРО, но поради недостаток на командувачки кадар, најпрво во организациските чети биле вклучени старите ајдути и ајдутски војводи меѓу кои: Кочо Мустракот, Апостол Петков - Терзиев, Иванчо Оџаров Карасулијата, Илија Крчовалијата, Атанас Тешовалијата, Георги Бродалијата и други. Имено, Георги Бродалијата извесно време бил комита во четата на Гоце Делчев, а потоа бил назначен за војвода на Серскиот револуционерен округ на ТМОРО, каде дејствувал од 1899 до 1904 г.

Во февруари 1902 година, на Серското советување, заедно со војводата на Драмската чета на ТМОРО Димитар Гуштанов, војводата на Демирхисарската чета Илија Крчовалијата, Неврокопската и Мелничката чета, кои располагале со околу 80 комити и 200 младинци пријавени за идни комити, во селото Караѓој ја дочекале четата на Гоце Делчев.

На тукашното советување на Серскиот револуционерен округ, Гоце Делчев им говорел за објавување на востанието и бил прифатен неговиот предлог за минирање на железничката мрежа и напади и атентати на воените утврдувања и жандармериските станици. Потоа сите заедно заминале за пештерата Капе на планината Али-Ботуш. По извесно отсуство, Гоце Делчев пак се вратил во тој комитски логор.

На 4 мај 1903 година, Георги Бродалијата учествувал во битката во село Баница, Серско, во која е убиен Гоце Делчев. По долга потрага, во декември 1904 година, Бродалијатаги фатил и егзекутирал предавниците на Гоце Делчев.     

На 5 март 1905 година четата на Георги Бродалијата влегува во Елшани и ги опкружува гркоманско лидери, на чело со Васил Челебиев (Василиос Целебонис) и при започнатата престрелка загинува Хараламби Диамандиев (Хараламбос Диамандис) и е повреден Петар Андонов (Петрос Антониу) од Кумли.

Во 1908 година за време на Младотурската револуција Георги Радев Бродалијатае уапсен и затворен во Сер.


Во 1912 година, за време на Првата балканска војна, Бродалијата со својата чета им помага Сојузничките војски. Исто така учествувал во Втората балканска војна во 1913 година и во Првата светска војна (1915-1919). Се преселува со семејството во Орјаховскиот крај, а во текот на 1941 година го посетил родниот крај. Потоа заминал во Асеновград, каде умира на 15 февруари 1942 година.

 

На прво место

News image

ЕТЕ НИ ГИ БЕНЕФИЦИИТE(!?) ОД ДОГОВОРОТ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, екс министер и амбасадор

Историја

News image

До 1860 година не само овде во Србија туку и меЃу самите Бугари не било познато дека во Македонија има Словени!

“...До 1860 година не само овде во Србија туку и меѓу самите Бугари не било познато дека во Македони...

Иселеници

Култура и туризам

News image

Брајчинските иселенички средби

Се одржаа 23-те „Брајчинските иселенички средби“

Фељтон

News image

Александар Македонски (45)

Александар Македонски штотуку го освои Источен Иран, пред да го започне големиот пох...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.