Среда, 19 Октомври 2016    PDF Печати Е-пошта
Атанас Тешовалијата

Atanas TeshovskiАтанас Шабанов - Тешовалијата (1860 – 12. V 1905) е македонски ајдутин, револуционер и војвода на Македонската револуционерна организација. Учествувал во Кресненското (1878/79) и во Илинденското востание (1903). Бил член на ТМОРО, борец во првата агитационо-организациска чета во Серскиот округ на Илија Крчовалијата. Како неврокопски војвода, ги прогонувал врховистичките чети (1901–1902). Загинал во борба со османлиската војска.

Атанас Шабанов е роден во 1860 година во селото Тешово, Неврокопско, Пиринска Македонија. Останува неписмен. Учествува во Кресненското востание во 1878/79 година.  Во 1897 година излегува ајдук во Пирин и учествува во четите на војводите Дончо Златков и Кочо Муструкот.

Во летото 1899 година во селото Горно Броди, Атанас Тешовалијата се среќава со Гоце Делчев и под негово влијание влегува во редовите ТМОРО. Тој се приклучува на првата агитационо-организациска чета во Серскиот округ на Илија Крчовалијата.

Делчев и Ѓорче изработиле Правилникот за четите на ТМОРО, но поради недостаток на командувачки кадар, најпрво во организациските чети биле вклучени старите ајдути и ајдутски војводи меѓу кои: Атанас Тешовалијата, Кочо Мустракот, Апостол Петков - Терзиев, Иванчо Оџаров Карасулијата, Илија Крчовалијата, Георги Бродалијата и други.

Имено, во 1901 година Атанас Тешовалијата е назначен за војвода во Неврокопскиот реон. Во овој период тој врши организациска работа и ја проширува мрежата на Организацијата основајќи комитети во сите села  на неговиот реон.

Во текот на 1901/1902 година, како неврокопски војвода, Атанас Тешовалијата ги прогонува врховистичките чети. Во април 1902 година ја присоединува четата кон Јане Сандански во село Банско за заедничка борба против врховистите и станува еден од најверните соработници на Ј. Сандански.

На 7 јуни 1903 година здружените чети на војводите Атанас Тешовалијата, Димитар Кашиналијата, Георги Спанчовалијата, Христо Танушев и Стојан Филипов, водат борба со турските војски кај врвот Голеш (Валовишта).

За време на Илинденското востание во 1903 година, Тешовалијата дејствува во својот крај. Спроти Крстовден, заедно со војводата Стојан Филипов ги прекинуваат телеграфските врски помеѓу селата Куманич и Долно Броди. На 26 октомври 1903 година, чета на Тешовалијата која брои 20 луѓе, била нападната од 200 војници на османлиската војска. Во борбата загинале 4 востаници и 20 припадници на турскиот аскер.

По Илинденското востание Тешовалијата останал во родниот крај и ја продолжил борбата против турските разбојнички банди, грчките андартски чети и разните народни предавници.

На 12 мај 1905 година (ст.ст.), Атанас Шабанов - Тешовалијата загина при враќањето од од обиколката на Серско, кога кај врвот Али Ботуш (Пирин Планина) паѓа во заседа на турската војска. Во огорчена борба која траела цел ден загинале војводата заедно со повеќе свои четници.

 

На прво место

News image

Македонија е вечна, а власта не е!

Македонија е вечна, а власта не е! Народот ќе ви врати на следните претседателски избори

Историја

News image

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПСКО

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПС...

Култура и туризам

News image

ВРЕМЕ Е

Чедомир Б.Шопкиќ

Фељтон

News image

Александар Македонски (62)

ИЗГРАДБА НА БРОЈНИ ЗНАЧАЈНИ ХРАМОВИ ПОСВЕТЕНИ НА АНТИЧКОТО ВРЕМЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.