Среда, 22 Февруари 2017    PDF Печати Е-пошта
Коста Георгиев - Кукето

kuketoКоста Георгиев Куков (? - 1896), познат како Кукс, Кукото, Куко или Куку војвода, е македонски ајдутин и револуционер, војвода од Македонското (Кресненско) востание. При нападот на Кресна, второто одделение на македонските востаници било под команда на Коста Кукото. По формирањето на Штабот на Македонското востание тој бил втор војвода. По востанието Кукето бил страв и трепет за грчките фанариоти и Турците во Серско и Драмско.

Коста Георгиев е роден во Серското село Лакос, Егејскиот дел на Македонија. За време на Руско-турската војна (1877 - 1878) дејствува со четата на Стојан Карастоилов во Кресненското клисура, во Мелничко и Серско. Подоцна е војвода на самостојна чета во неговото родно Серско. Четник на Кукето бил идниот војвода Стојо Костов, а негови четници од Горно Броди биле Георги Зимбилев, Крсто Дабижуров, Димитар Радев, Атанас Павлов, Петко Смиленов, Петар Перухов и Гурата.

Пред почетокот на Македонското (кресненско) востание, по советувањето во Горна Џумаја, македонските востаници заминале во селото Србиново, каде што го организирале военото раководство на востанилките сили.  Четата на Кукето учествува во збирниот одред кој бил организиран во четири одделенија. На чело на првото одделение бил војводата Стојан Карастоилов, второто одделение било под команда на Коста Кукото, со третото раководел Стојо Торолинко, а со четвртото Крсто Аризонов од Свети Врач (денес Сандански). Главен војвода на сите одделенија бил Стојан Карастоилов. На 2 октомври, во Србиново пристигнал мајорот Калмиков, а веќе на 3 октомври, под влијание на Џумајскиот комитет Единство. Калмиков бил поставен за атаман, односно командант на македонските востанички сили.

По формирањето на военото раководство се сметало дека подготовките за вооружено востание во Македонија биле завршени. Под водство на Стојан Карастоилов, Коста Кукето и другите, во утринските часови на 5 октомври 1878 година, македонските востанички сили го нападнаа турскиот гарнизон кој бил сместен во ановите на селото Кресна.  По заземањето на гарнизонот во Кресна, востаниците брзо напредувале во освојувањето на други села. Истиот ден било ослободено селото Оштава, а по жестоката битка на 7 октомври го зазеле и селото Влахи.

По тие успеси, започнало организирањето на востаничките сили според воените правила и принципи, односно создавањето на македонската востаничка војска. Биле формирани Штаб на востанието како највисоко раководно тело, и команда на востаничките сили.  Тој бил наречен Штаб на востаниците македонски. За началник на штабот бил поставен Димитар Поп Георгиев Беровски, за помошник, благајник и логистичар бил поставен Г. Михајлов. За атаман на македонските востаници бил наименуван мајорот Адам Калмиков, за прв војвода бил прогласен Стојан Карастоилов, за втор, трет и четврт војвода биле поставени Коста Кукето, Стојо Торолинко и Крсто Аризанов.

По задушувањето на востанието Коста Кукето продолжува да дејствува меѓу Серско, Валовищко и Мелничко, непречено од властите.  На 12 февруари 1880 година четата на Кукето влегува во градот Сер со цел да го фати Димитриос Марулис, директор на грчкото училиште. Откако не успеа во својата намера, четниците почнале демонстративно да играат оро на сред маалото Катаконос. Известен за овој настан мутесарифот (управител на санџак) собрал околу 2.000 лица и започнал со гонење на четата. Кукето зел десет заложници и без жртви успеал да ја изведе четата.

На 26 февруари 1880 година Куко војвода заедно со други чети го напаѓа гратчето Зелјахово (денес Неа Зихни), го разбива гарнизонот, ја запалува околиската управува и ги ослободува сите затвореници. При повлекувањето од градот Коста Кукето бил ранет.

Ранетиот Куко војвода, кој долго време ги држел во страв грчките фанариоти и Турците во Серско и Драмско, се криел и лекувал во една пештера на планината Драмски Боздаг. Но, по предавството на грчки калуѓери од Серскиот манастир, тој  бил фатен од турските власти. Турците го осудиле Кукето на смрт, но потоа пресудата ја замениле со вечен затвор во окови.

Македонскиот востанички војвода Коста Кукето затворската казна ја издржувал на островот Лезбос, каде умира во 1896 година.

 

На прво место

News image

Груевски: Нема да се повлечам од лидерската позиција

Груевски: Нема да се повлечам од лидерската позиција- СДСМ имаат страв од ова раководство, затоа што...

Историја

News image

На пловниот џин кој потонал со Титаник на 14 април 1912г имало и Македонци

Првото и последно патување на Аце Малинкоски за Америка завршило во “сините гробишта”

Иселеници

News image

Велика Британија – земјата на минатото и на иднината (1)

Голем е предизвикот да се патува за Велика Британија, земј...

Култура и туризам

News image

Стибера

Градот Стибера се наоѓал на ритчето "Бедем" кај Чепигово, во централниот дел на Пелагонија.

Фељтон

News image

Солунските браќа свети Кирил и свети Методиј (5)

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот С...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.