Среда, 01 Март 2017    PDF Печати Е-пошта
Петар Самарџиев

Peso SamardzievПетар Самарджиев (1877 – 21.VI 1906 ) е македонски револуционер, Тиквешки војвода на Македонската револуционерна организација. Бил член на тајниот револуционерен кружок „Трајко Китанчев“ во Самоков. Воспоставил врски со Гоце Делчев и со Јане Сандански. Во 1901 година се борел во четата на М. Попето и на Христо Чернопеев . Во 1903 година станал околиски војвода. Учествувал во Илинденското востание, а во 1904 година учествувал на Прилепскиот конгрес на МРО. Загинал кај преслапот меѓу селата Клисура и Дрен, Тиквешко.

Петар (Пешо) Самарџиев е роден во 1877 година во селото Подлес. По убиството на татко му, се преселува со неговата мајка во Неготино, каде завршил трокласно училиште. Потоа заминал на печалба во Романија, но таму не се задржал долго време. Околу 1895 година, Патар од Романија заминал за Самоков, Бугарија. По доаѓањето во Самоков, тој се запишал во Железарското училиште.

Во 1897 година, група ученици од Самоковското железарско училиште го основаат Тајниот револуционерен кружок "Трајко Китанчев". Подоцна кон групата се приклучуваат и ученици од Самоковскиот американски протестански колеџ. Самарџиев заедно со другарите Добри Даскалов, Петар Јуруков и други, влегува во тајниот социјалистички кружок, кој по Виничката афера, под влијание на Гоце Делчев бил трансформиран во македонски револуционерен кружок и е под силно влијание на Македонската револуционерна организација (МРО).

Тајниот револуционерен кружок "Трајко Китанчев" во кој членува Самарџиев ја помагал активноста на Македонската револуционерна организација, придобивал револуционери, собирал средства, пренесувал оружје во Македонија и криел и ги помагал четниците на Организацијата. Самарџиев воспоставил врски со Гоце Делчев и со Јане Сандански.

Во 1900 година, по откривање на групата од бугарските власти, сите членови на организацијата биле исклучени од Железарското училиште и стануваат активни дејци на Македонската револуционерна организација, а подоцна биле назначени за војводи и секретари на чети.

Во 1900 година Самарџиев станал член на Македонската револуционерна организација. Во 1901 година влегува во четата на Јане Сандански, а во 1902 година бил четник на Михаил Апостолов - Попето и Христо Чернопеев.

Во Илинденското востание Самарџиев бил војвода на тиквешката чета во одредот на Чернопеев и се борел кај село Витоша и кај Ново Село, Кочанско. По поразот на востанието, тој е Тиквешко околиски војвода и како делегат учествувал на Прилепскиот конгрес на Македонската  револуционерна организација, кој се одржал во мај 1904 година.

Во почетокот на јуни 1905 година Самарџиев повторно влегува во Македонија со чета, која се состои од Коста Тодоров (секретар), браќата Ангел и Јордан, Васил Пачеџиев од Бања, Ѓуро, Василев, Бишеков. Подоцна кон четата на Самарџиев се приклучуваат и војводата Душо Желев, чија чета е разбиена, како и четата на војводата Христо Симеонов.

Самарджиев делува неколку месеци во Струмичко и Тиквешко и на неколку пати учествува во судири со отомански сили. Самарџиев го стигнува меѓу Неготино и Кавадарци тиквешкиот кајмакам Албанец Ибрахим ага и го обесува.

Воениот суд во Солун за ова дело го осудува Самарџиев во отсуство со смртна казна и била распишана награда од 500 фунти за неговата глава. Самарџиев зимата ја поминува во Бугарија, а во пролетта повторно влегува во Македонија.

На 21 јуни 1906 година Петар (Пешо) Самарџиев бил убиен во заседа на врховистичка чета меѓу селата Петрово, Дрен и Клисура во месноста Преслапот.

 

На прво место

News image

СЕМАКЕДОНСКИ СОБИР ЗА ОБЕДИНЕТА МАКЕДОНИЈА НА 23 АПРИЛ ВО СИДНЕЈ!

18 април 2017 година, Сиднеј, Нов Јужен Велс, Австралија - Во организација на Светскиот Македонски К...

Историја

News image

Последно писмо на гемиџијата Јордан Попјорданов - Орце испратено до неговата Кате- 1903 година

Кога ќе го читаш моето писмо мене веќе нема да ме има - јас ќе бидам труп или веќе фрлен во некоја д...

Иселеници

News image

Тодор Радевски

Тодор Радевски (? - 23.03.2016), познат како Тоде или Тодо...

Култура и туризам

News image

Село Лазоровци – Кичевско, репортажа на Влатко Билески

Селото Лазоровци лежи северо-источно од Кичево: од запад се допира со котлинското дно, а од исток со...

Фељтон

News image

За делото „40 поклоненија пред гробот на свети Кирил философ во Рим“ (23)

Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, поглавар на Македонската правосла...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.