Среда, 15 Март 2017    PDF Печати Е-пошта
Крсто Љондев

KrsteLiondevКрсто Љондев (? - 1927) е македонски револуционер и лерински војвода, деец на Македонската револуционерна организација. Учествува во Илинденското востание како војвода на четата од своето родно село. По Младотурската револуција во 1908 година се легализира и е близок со Јане Сандански и Народната федеративна партија. Љондев е обвинет дека гo организира убиството на србоманския новинар на „Јужна Србија“ Спас Хаџи Поповиќ во Битола.

Крсте Љондев е роден во леринското село Неокази. Тој се приклучил кон Македонската револуционерната организација и бил назначен за Лерински реонски војвода. Во 1903 година учествува во Илинденското востание како војвода на четата од своето родно село. По востанието е четник, а од 1905 година реонски војвода на Организацијата.

Во август 1906 година Крсте Љондев влегува во Леринско со четата, во која се наоѓа четникот Павле Наумов, брат на војводата Иван Наумов Алабакот. Дејствува во реонот на Сетина и Попадиско со 8 лица четници како помошник војвода на Ѕоле Стојчев.

По Младотурската револуција во 1908 година се легализира и бил близок со Јане Сандански и Народната федеративна партија. За време на конституциониот режим во Турција, Крсте е совесен граѓанин како дел од федеративната партија на Сандански. На обидот на бугарскиот консул во Битола Неиков да го поткупи Крсте, по пламениот говор од Љондев на крајот само му одговара: „Сега разбрав оти санданистите се прави."

Во 1910 година повторно станува нелегален и учествува во реконструкцијата на Македонската револуционерна организација. Во текот на 1911 – 1912 година, дејноста на Љондев била поддржана од од учителот од село Косинец Христо Руков кој се населил во село Брезница.

Крсте Љондев учествува со чета во Првата балканската војна и помага во напредувањето во Егејскиот дел на Македонија, но набргу потоа е уапсен со 42-ца четници од грчките војници.

По Втората балканска војна во 1913 година Љондев е војвода на МРО во Битолско, а за време на Првата светска војна Љондев бил постар подофицер во Планинската дивизија, која била составена од Македонци, Албанци и од Турци од Западна Македонија.

По војната е член на Привременото претставништво на поранешната Внатрешна организација. Испратен е како организатор на Организацијата во Албанија, каде привлечен од Лазар Поповски и Христо Цветков  кон Внатрешната македонска револуционерна организација (Обединета) го добива органот на ВМРО (об.) "Македонско дело", но и органот на Македонската федеративнна организација "Македонско съзнание" (1923 – 1926 г.) за да ги распространува во Вардарскиот и Егејскиот дел на Македонија.

Крсте Љондев се настанил во Битола, каде станал уште една од големиот број жртви на Врховистите, кои перфидно ги елиминраа старите македонски кадри преку атентати, предавства на властите каде и да се најдеа, но и со провоцирање на меѓусебни кавги и чистки.

На 3 јули 1926 година во Битола бил убиен србоманскиот новинар на „Јужна ѕвезда“ Спасое Хаџи Поповиќ. Српската проаганда ја посочува Софија како нарачател на ова убиство, додека за извршители ја обвинува ВМРО, чија цел била да се нарушат односите со Грција. Според истрагата директни извршители биле Коста Бицинов (Бичинов), Лазар Мулев и Васил Николов Липитков, а Крсто Љондев бил човекот кој ги замислил и подготвил атентатите.

Според обвинителниот акт на судот, Крсто Љондев бил "шеф"  на организацијата ВМРО во Битола и, пред сè дека тој работел на одделувањето на "Јужна Србија"  од остатокот на државата. Крсте Љондев бил осуден и затворен, а по долги измачувања српските жандарми го убиле при обид за бегство во 1927 година.

 

На прво место

News image

Прилеп не сака бегалци

Предавникот на македонските национални интереси, аболицираниот лидер на СДСМ и воедно актуелен преме...

Историја

News image

Солунска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ - 1900 година

Солунската егзархиска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј”, или Солунската бугарска машка гимназија...

Иселеници

News image

Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ во Париз (4)

Големиот број манифестации се одржуваат по различни поводи...

Култура и туризам

News image

МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПОГОВОРКИ: Бисери на мудроста

Македонските народни поговорки се куси и мудри пораки кои ги создавал нашиот народ во минатото. Прек...

Фељтон

News image

Душан Ристевски – македонски поет и драматург во Австралија (4)

Душан Ристевски  е познато име,  поет, драматург и афирматор на Македонц...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.