Среда, 29 Март 2017    PDF Печати Е-пошта
Илија Дигалов

ilija-digalovИлија Дигалов (1890 – 26. XI 1922) е македонски револуционер, костурски и преспански војвода, деец на Македонското револуционерно движење. Познат како Ило Дигала, тој уште како млад станува кирир на Македонската револуционерна организација. Учествува во Балканските и Првата светска војна, а по неа со другарите воспоставува мрежа на Внатрешната македонска револуционерна организација. Тој еден од светлите фигури на Македонското револуционерно движење кој дејствува по I светска војна во Западниот дел на Македонија.

Илија Дигалов е роден во 1890 година во костурското село В’мбел, Егејскиот дел на Македонија. До второ одделение учи во грчко училиште, а потоа уште две во егзархиско. Иако не се стекнал со повисоко образование, тој имал голема животна школа. Освен на мајчиниот јазик, тој знаеше да чита и пишува уште на грчки и албански јазик. Уште како ученик имал буен карактер и како млад станува кирир на Македонската револуционерна организација.

Во 1912 година, за време на Првата балканска војна, тој се приклучува на четата на Васил Чакаларов и учествува во борбите кај Олишта и други населени места. По Втората балканска војна, во неможност да го избегне служењето во грчката армија, по шестмесечмо криење се пријавува во во Лерин. Служи прво во митролеското одделение, а подоцна станува подофицер на грчката армија. Но, согледувајќи дека таму не му е местото и дека треба да му служи на својот македонски народ, Дигалов со еден свој другар дезертира и станува војвода на чета во Костурско и Преспанско.

За време на Првата светска војна се префрла во Битола каде Бугарите прво го апсат, а потоа дејствува како разузнувач за бугарската армија во Преспанскиот крај. По 1918 година заминува во Бугарија, каде прави обиди да го продолжи своето образование.

На крајот на 1919 година со помошниците Алија Ибраим од Пласница, Кичевско, и Стојан Георгиев од Стење, Преспанско, Илија Дигалов заминува за Македонија, каде дејствува во Горна Преспа. Во пролетта на 1920 година дејствуваат во Кичевско, а во текот на летото - во Охридско. Зимата на 1920-1921 година ја поминуваат во Албанија, а во пролетта дејствуваат во Преспа. Со другарите Дигалов воспоставува мрежа на Внатрешната македонска револуционерна организација, организира јатаци и го казнува соработниците на власта.

Во 1921 година заминува за Бугарија, но е предаден и во борба во Мариово е ранет. Се крие кај јатаци во Прилепско. По нова борба крај Вардар се враќа и се повлекува во Албанија. Делува во Костурско, а потоа преку Албанија поминува во Преспа, каде дејствува до зимата.

Во Албанија контактира со Христо Цветков и Крсто Љондев, преставници на Македонската федеративна организација, кои во соробатко со автономистите на Александар Протогеров се обидуваат да ги воспостават раководните органи на албанска територија. Дигалов сметаше дека не може да се ангажираме македонскиот народ за странски интереси и дека Македонија е достојна да го издржава македонското движење.

Во пролетта на 1922 година продолжува со своите активности во Горна Преспа, во мај се префрла во Костурско, а потоа ги организира селата во Мала Преспа, кои во тоа време се во грчка територија. Во 1922 година Дигалов заедно со четворица свои четници е предаден на грчките власти за 20 000 драхми. Во борбата која се развива со грчка жандармерија Дигалов загинува заедно со својот другар Стојан Георгиев на 26 ноември 1922 година кај Корчанското село Глобочани (Албанија).

Загубата на Илија Дигалов е оценета како една од најголемите за ВМРО во Западна Македонија пред 1924 година. Преспанското војвода Дигалов е наследен од Петар Ангелов.

 

На прво место

News image

Напад на македонската култура и традиција

Колумна на Џејсон Мико: Напад на македонската култура и традиција

Историја

News image

На пловниот џин кој потонал со Титаник на 14 април 1912г имало и Македонци

Првото и последно патување на Аце Малинкоски за Америка завршило во “сините гробишта”

Иселеници

News image

Велика Британија – земјата на минатото и на иднината (1)

Голем е предизвикот да се патува за Велика Британија, земј...

Култура и туризам

News image

Стибера

Градот Стибера се наоѓал на ритчето "Бедем" кај Чепигово, во централниот дел на Пелагонија.

Фељтон

News image

Солунските браќа свети Кирил и свети Методиј (5)

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот С...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.