Среда, 19 Април 2017    PDF Печати Е-пошта
Сребрен Поппетров

Srebren PoppetrovСребрен Поппетров (18. X 1869 – 17. XI 1950) е македонски револуционер припадник на Македонската револуционерна организација, учител и училишен инспектор. Завршил гимназија во Солун и славјанска филологија на Софискиот универзитет. Во Првата светска војна бил окружен управник во Битола и Куманово, а по војната во Петрич. Во 1922 година од ВМРО и Македонскиот национален комитет бил пратен во САД и Канада, каде што организирал иселенички друштва и учествувал во формирањето на МПО. Бил пратеник во бугарското Народно собрание, а потоа главен инспектор-организатор на црковно-училишното дело во Албанија.

Сребро Поппетров е роден на 8 октомври 1870 година во Леринското село Горно Врбени (Екши Су) во семејството на егзархиски свештеник. Во 1891 година завршува на педагошкиот оддел на Солунската машка гимназија и во текот на три години, до 1894, учителствува во Леринското село Прекопана и во родното Екши Су. Потоа го продолжува своето образование на Софискиот универзитет, каде завршува славјанска филологија во 1897 година.

Во 1895 година, Поппетров станува член на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација и учествува во основањето на револуционерниот комитет во Екши Су. Работи като учител, училищен инспектор и директор во Струмица, Скопје, Тетово, Солун и Сер. Во 1895 - 1898 година предава литература во Скопското педагошко училиште. Во текот на 1897 и 1898 Сребрен Поппетров е член на окружниот комитет на ВМОРО во Скопје, а во 1906 - 1907 е председател на градския комитет во Солун.

По Младотурската револуција во 1908 година станува деец на Сојузот на бугарските уставни клубови и е избран за делегат на неговиот основачки конгрес од Сер. Учествува во создавањето на управното тело на Учителската организација и во редактирањето на печатениот орган весникот "Учителскиот глас" (1910 - 1912). Училишен инспектор е во Сер, а по затворањето на институтот на училишните инспектори е учител во Одринско бугарска гимназија.

По затворањето на Сојузот на бугарските уставни клубови Поппетров предводи самостојна политичка група, која издава во Солун весник "Вистина" (1912). Групата околу Поппетров не прифаќа предизборната платформа на "Искра", "Вијести" и "Право".

По Втората балканска војна Поппетров учествува во обидот за унија. Учествува во дискусиите, иницирани од Националниот сојуз во октомври 1913 година и објавува проуниатска статија во весникот "Дневник". Работи како учител во Самоков. За време на Првата светска војна е училишен инспектор во Скопско и Тетовско и окружен управител во Битола (1916 - 1917 година) и Куманово (1917 - 1918 година).

По војната Сребрен Поппетров ги организира македонските емигрантски братства во Бугарија, како и основачкиот конгрес на Македонската патриотсна организација (МПО) во САД и Канада (1 октомври - 4 октомври 1922).

На 20 декември 1922 година, со согласност на ВМРО е назначен за окружен управител во Петрич. Како окружен управител успешно ги користи противречностите во владеењето од Бугарскиот земјоделски народен сојуз (БЗНС), за да ги омекне нивните обиди за притисок врз ВМРО во Пиринска Македонија.

На 18 април 1923 година, по затегнување на односите меѓу ВМРО и владата на Александар Стамболиски, поврзано со потпишувањето на Нишката спогодба, Сребрен Поппетров е отпуштен и дури е испратен во Сливенскиот затвор.

Сребрен Поппетров е активен соработник на "Илустрација Илинден". Како претставник на Петричката околија е пратеник во 21 Обично народно собрание (1923 - 1927) и е член на Македонската парламентарна група, која ја застапува ВМРО.


Во периодот 1928 - 1931 година Сребрен Поппетров е главен инспектор-организатор на црковно-училишното дело во Албанија. Умира на 17 ноември 1950 година во Софија.

 

На прво место

News image

Напад на македонската култура и традиција

Колумна на Џејсон Мико: Напад на македонската култура и традиција

Историја

News image

На пловниот џин кој потонал со Титаник на 14 април 1912г имало и Македонци

Првото и последно патување на Аце Малинкоски за Америка завршило во “сините гробишта”

Иселеници

News image

Велика Британија – земјата на минатото и на иднината (1)

Голем е предизвикот да се патува за Велика Британија, земј...

Култура и туризам

News image

Стибера

Градот Стибера се наоѓал на ритчето "Бедем" кај Чепигово, во централниот дел на Пелагонија.

Фељтон

News image

Солунските браќа свети Кирил и свети Методиј (5)

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот С...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.