Среда, 17 Мај 2017    PDF Печати Е-пошта
Јанаки Стрезов

Yanaki Strezov from OhridЈанаки или Јаким Георгиев Стрезов (1818 – 23. IX 1903)е македонски просветен деец, деец на преродбата во Македонија. Во средината на XIX век активно се вклучува во борбата против патријаршиските (грчки) – црковни и училишни институции и воспоставување на првите македонски црковно-оросветни општини. За време на своето учителствување во Охрид тој го воведува во Охридското централно училиште мајчиниот македонски јазик.

Јанаки Стрезов е роден помеѓу 1818 и 1820 година во Охрид. Син е на Ѓорѓи (Ѓоре) Јанакиев Стрезов (1793 - 1856) од Трпејца, готвач на владиката Калиник Преспанско и Охридски и Арса Стрезова. Имал брат Анастас и четири сестри, од кои најголемата Марија (? - 1900) е мајка на Кузман Шапкарев. Учел во родниот град кај Димитар Миладинов и во грчка гимназија во Атина до 1840 година. По завршувањето на средното образование учителствувал во Охрид, во месноста Дебој, Месокастро и во Долна и Горна Влашка Маала како главен грчки учител.

Во есента 1850 година се запишал на историско-филолошкиот факултет на Атинскиот универзитет, а во 1853 ходина прекинал со студиите поради недостиг на средства и станал главен грчки учител во Крушево. Поради интриги на гркоманско влашката партија, Стрезов по неколку месеци бил принуден да го напушти градот. Повторно се вратил во Охрид, каде бил главен учител од 1854 до крајот на 1856 година. Од 1857 до 1859 година Стрезов учителствувал во блискиот град Корча, каде бил проследен од синовите на сите повидни охриѓани. Поради здравствени причини се вратил во Охрид и во наставните 1859 - 1860 и 1861 - 1862 година повторно е главен учител во градот.

Во периодот на преродбата предводена од Димитар Миладинов, кога македонскиот народ кон средината на XIX век се стреми за возобновување на Охридската архиепископија и воведување на мајчиниот јазик во наставата, Стрезов активно учествувал во црковно-просветната борба против Цариградската патријаршија. За време на своето учителствување во Охрид тој го воведува во Охридското централно училиште мајчиниот македонски јазик. Во 1862 година, кога кај сите славјански народи под османска власт доминира црковно-просветната борба против Патријаршијата, тој во Цариград помогнал во основањето на фондот на кожарскиот еснаф, кој ги презел трошоците за славјанското црковно-училишно дело.

Во 1865 гододина Стрезов учителствувал една година во Ксанти (Скеча), а во 1866-67 и 1867-68 година е учител во солунската грчка гимназија каде директор бил охридскиот гркоман Маргарит Димзов. Во Солун, Стрезов зема активно учество во животот на солунската славјанска колонија и контактира со браќата Ѓорѓи и Никола Паунчеви од Охрид, браќата Кирјак и Константин Држилови, од Негушкото село Држилово, Зографските монаси Климент (подоцна Зографски игумен) Евстатиј (подоцна пелагонијски митрополит) и ѓакон Аверкиј.

Во овој период покрај објавените учебници на Партенија Зографски („Кратка свештена историја“ 1857 г. и „Началное учение за децата“ 1859 г.) се јавуваат бројни пишувачи на учебници за училиштата во Македонија на македонски јазик, како што се Димитар Македонски („Кратка свештена историја за училиштата во Македонија“ 1867 г. и „Буквар за употребление в македонските училишта“ 1867 г.), потоа Кузман Шапкарев, Венјамин Манчуковски, Ѓорѓија Пучевски и други. Од Кузман Шапкарев од Кукуш, Стрезов добива учебници на мајчин македонски јазик, поради кои по две години престој во Солун бил отпуштен.

Во 1870 и 1871 година, Стрезов учителствувал две години во Драч. Од 1873 до 1875 година е повторно во Охрид, но веќе како учител назначен по препорака на митрополит Натанаил Охридски. Од 1875 - 1876 до 1876 - 1877, две години бил учител во Ениџе Вардар, а во 1877 - 1878 година во Богданци.

По Руско-турската војна се населил во Пловдив, каде што предава во 1878 - 1879 година. Потоа бил назначен за судија во Ќустендилскиот окружен суд, Бугарија. Но во 1880 година по барање од Егзархијата станал учител во Воден, потоа во Прилеп (1880 - 1881) и пак во Воден (1881 - 1882) и Кукуш (1882 - 1884). Потоа поради напредната возраст е повлекол во својот роден град.

Во текот на својот живот, следејќи ги стапките на Миладинов, Шапкарев и други преродбеници, Стрезов собира народни умотворби, а во 1895 година ги пишува своите спомени за преродбенски борба во Охрид.

Јанаки Стрезов умира на 23 септември 1903 година во Охрид.

 

На прво место

News image

Напад на македонската култура и традиција

Колумна на Џејсон Мико: Напад на македонската култура и традиција

Историја

News image

На пловниот џин кој потонал со Титаник на 14 април 1912г имало и Македонци

Првото и последно патување на Аце Малинкоски за Америка завршило во “сините гробишта”

Иселеници

News image

Велика Британија – земјата на минатото и на иднината (1)

Голем е предизвикот да се патува за Велика Британија, земј...

Култура и туризам

News image

Стибера

Градот Стибера се наоѓал на ритчето "Бедем" кај Чепигово, во централниот дел на Пелагонија.

Фељтон

News image

Солунските браќа свети Кирил и свети Методиј (5)

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот С...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.