Среда, 07 Јуни 2017    PDF Печати Е-пошта
Димитар Узунов

dimitar-uzunovДимитар Христов Узунов (1842 – 9. X 1887) е македонски преродбеник од задоцнетата преродба во Македонија. Во 1867 година издава заедно со Димитар Македонски "Букварь за употрѣбеніе во македонскыте училишта", и пишува во весниците "Македонија", "Право" и "Прогрес". Во 1868 година заедно со Гругор Прличев бил неколку месеци во Цариград, каде двајцата се запознаваат повеќе со славјанската литература и култура, а по нивното враќање во Охрид доаѓа до замена на грчкиот јазик со мајчиниот македонски во црквите и училиштата.

Димитар Узунов е роден во 1842 година во Охрид. Татко му Христо Узунов кој учел во Скадар во 1830 година е меѓу малкуте жители на Охрид, кој знае да чита славјански. Димитар своето првично образование го стекнува во Охрид во училиштето на Георги Мустрев, ученик на Бигорскиот манастир, кој во својот дом, заедно со својот син Никола, ученик на Зографскиот манастир, го отвора првото вечерно приватно училиште на македонски јазик. Двајцата се потикнати од Партеније Зографски, што ќе се одрази и на младиот Димитар Узунов, кој потоа образованието го продилжува во Русија.

Димитар бил близок соработник на Григор Прличев, кој е оженет за неговата сестра Анастасија. Извесен краток период работи како трговец, а потоа од 1866 до 1879 година учителствува во Охрид, Кукуш, Струга, Битола и Куманово.

Во 1867 година издава заедно со Димитар Македонски "Букварь за употрѣбеніе во македонскыте училишта" и  пишува за цариградските весници "Македонија" (3 декември 1866 - 25 јули 1872), "Право" (1869 - 1873) и "Прогрес" (???).

Во 1868 година заедно со Григор Прличев бил неколку месеци во Цариград, каде двајцата се запознаваат повеќе со славјанската литература и култура. По враќањето во Охрид во почетокот на ноември 1868 година, во согласност со Охриѓани доаѓа до замена на грчкиот јазик со мајчиниот македонски во црквите и училиштата.

По создавањето на Кнежеството Бугарија во 1878 година Димитар Узунов се населил во Софија и работи како помошник библиотекар во Народната библиотека.

Во 1881 - 1882 година, Димитар бил назначен од Егзархијата за учител во Охрид и за  училишен инспектор во Охридско и Струшко. Во овој период доаѓа до заладување на односите со неговиот зет Прличев.

Во 1883 година е учител во Кукуш, во 1883/1884 учебна година е економ во Солунската машка гимназија, а од 1884 година бил повторно учител во Куманово, каде останува се до својата смрт. За време на своето учителствување во Куманово, тој активно се бори против српската пропаганда.

Димитар бил оженет за Анастасија Узунова (1862 - 1948), која потекнува од стариот струшки преродбенски род Чакарови, која е прва братучетка на Христо Матов и Милан Матов. Димитар и Ансатасија се родители на тројца дејци на ВМОРО Христо Узунов, Андон Узунов и Ангел Узунов. Братот на Димитар, Константин Узунов е кројач, кој меѓу 1855 - 1860 година е учител во Охрид, а потоа заминува да учи во Русија, но истата година умира.

Димитар Узунов починал на 9 октомври  1887 година во Куманово. Според Симеон Радев, Узунов, кој вложува многу напори во борбата против српската пропаганда во Куманово, најверојатно е отруен од србоманите.

 

Историја

News image

Грција напаѓа без аргументи

Грчкото министерство за надворешни работи во пресрет на средбата во Њујорк помеѓу Министерот за надв...

Иселеници

News image

Сто години од Илинденското востание (4)

Втори август е запишан со крупни позлатени букви во календ...

Култура и туризам

News image

Голем Кораб

До планината Кораб која е во состав на националниот парк Маврово (315 KB) се стигнува по западната м...

Фељтон

News image

Александар Македонски (1)

Денес, ние Македонците, правдолјубивите научници и реалниот свет сме сведоци на тоа ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.