Среда, 09 Август 2017    PDF Печати Е-пошта
Благој Јанков - Мучето

Blagoj JankovБлагој Јанков - Мучето (3. VI 1911 – 14. VII 1944) е македонски револуционер, шивачки работник, комунистички деец и народен херој. Го раководел штрајкот на струмичките шивачки работници (12–15. X  1936), по што заминал во Белград. Во 1936 година бил примен за член на КПЈ. По враќањето во Македонија бил член на МК на КПЈ во Струмица и член на привремениот ПК на КП во Македонија (од септември 1940). Како инструктор на ПК со седиште во Штип (октомври 1940 – август 1943), бил еден од организаторите на НОАВМ во Струмица, Скопје, Штип, Берово, Пехчево, Валандово и Радовиш. При една партиска провала во Штип (17. VIII 1943) бил ранет, а во друга провала во Струмица загинал во борба со бугарската полиција. Прогласен е за народен херој на Југославија (11. X 1951).

Благој Георгиев (Гонев) Јанков е роден на 3 јуна 1911. година во Струмица, во сиромашно семејство. На четири години останал без татко, по што неговата мајка се премажила за Гоне Јанков, по кого Благој го добил презимето. По основното училиште, Благој завршил уште два класа пред да биде исклучен од струмичката гимназије. По исклучувањето, почнал да го изучува шивачкиот занает, а потоа заминал на печалба во Београд.

Во Белград се вработил во шивачка работилница за машка и женска облека. Таму му пристапува на работничкото движење и поради интензивната работа набрзо станува синдикален функционер. Организаирал штрајкови и излети, и станал омилен меѓу македонските печалбари во Белград.

Дејност на Благоја била забележана од полицијата и веќе во 1927 година првпат бил уапсен како опасен антидржавен елемент. Тој бил затворен во белградскиот затвор Главњача, каде бил измачуван. По шест месеци бил пуштен и протеран во роднит град.

По доаѓањето во Струмица, Благоја се ангажирал во организирињето на работниците во Сојузот на работничките синдикати на Југославија. Наишол на добар одзив и во периодот од 12 до 15 октомври 1936 година го раководи штрајкот на кројачките работници кој успешно го завршил. Поради развиената сидикална активност, полицијата го прогонува и тој повторно заминал за Белград.

Во 1936 година станал член на Комунистичката партија Југославија. Како искусен синдикалец и организатор на штрајкови влегол во Штрајкувачкиот одбор во Белград. Во текот на една демонстрација, полицијата повторно го уапсила и го мачела во затворот Главњача. По излегувањето од затвор Благоја станал член на Реонскиот комитет на КПЈ во Белград.

Во септември 1940 година Благој Јанков станал член на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија. Потоа била упатен на местото инструктор во источна Македонија. По враќањето во Македонија бил член на МК на КПЈ во Струмица и од септември 1940 година станал член на привремениот ПК на КП во Македонија.

Благоја Јанков - Мучето бил организатор на првите отпори на бугарските окупаторски власти во Струмица. Како инструктор на ПК со седиште во Штип од октомври 1940 до август 1943 година, бил еден од организаторите на НОАВМ во Струмица, Скопје, Штип, Берово, Пехчево, Валандово и во Радовиш.

Бугарската полиција набрзо го открила и ја пратела неговата дејност. Како илегалец најмногу се движел во Штип и околината. Во својство на член на Обласниот комитет создал партизанска база во селото Долани.

Како секретар на Четвртиот окружен комитет на КПМ во Штип од март 1943 до1944 година, при една партиска провала во Штип бил ранет на 17 август 1943 година, а во друга провала загинал во борба со бугарската полиција на 14 јули 1944 година во Струмица.

Благој Јанков – Мучето прогласен е за народен херој на Југославија  на 11 октомври 1951 година.

 

На прво место

News image

ЉУБОВТА КОН ОКУПИРАНИОТ РОДЕН КРАЈ НЕ Е ИРЕДЕНТИЗАМ!

ЉУБОВТА КОН ОКУПИРАНИОТ РОДЕН КРАЈ НЕ Е ИРЕДЕНТИЗАМ! Пишува Тодор ПЕТРОВ

Историја

News image

Составот и карактерот на Карнегиевата Комисија

Во почетокот д`Естурнел наведува кој се` е консултиран од останатите членови на Фондацијата при испр...

Иселеници

News image

Македонските симболи вечно ќе се веат на сите Македонски собири во Канада!

Одговор од Македонската заедница во Канада до моменталната...

Култура и туризам

News image

Охридска книжевна школа

Најстарата средновековна македонска книжевна школа е Охридската книжевна школа формирана во 886 годи...

Фељтон

News image

Сотир Митрев и неговата хуманост и донаторство за Македонија (3)

Сотир Митрев беше голем родољуб, човекољубец, хуманист и активист. Уште како млад ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.