Среда, 16 Август 2017    PDF Печати Е-пошта
Никола Оровчанец

nikola-orovcanecНикола Оровчанец (25. VII 1905 – Москва, 1938) е македонски револуционер и комунистички деец. Во 1923 г. бил примен во КПЈ, а во 1925 и во КП на СССР. Студирал на Комунистичкиот универзитет во Москва. Во 1934 г. како инструктор на КПЈ, работел на обновување и зацврстување на македонската партиска организација и го формирал Обласниот комитет. Со Коста Рацин го покренал партискиот орган “Искра“. Познат под псевдонимите  Сандански, Пантиќ, поради провала, се вратил во Москва, каде бил жртва на сталинистичките чистки. Посмртно бил рехабилитиран во 1963 година.

Никола Алексов Оровчанец е роден на 25 јули 1905 година во Велес. Во родниот град завршува основно и средно училиште. Заедно Бане Андреев, Ганчо Хаџипанзов, Георги Шоптрајанов и други членува во Литературното-уметничко друштво „Нада“. Се вклучува во Сојузот на кумунистичката младина на Југославија (СКОЈ), а од јуни 1923 ходина станал член на Куминистичката партија на Југославија (КПЈ)

Во втората половина на 1925 година бил испратен на школување во СССР, каде бил примен за член на КП на СССР. По завршувањето на студиите во 1929 година на Универзитетот за националните малцинства на Западот во Москва, Оровчанец бил испратен во Украина во заводот „Петровскиј“, а  потоа станал инструктор во реонскиот комитет во Днепропетровск.

Во пролетта 1933 година, Оровчанец се вратил во Југославија, како инструктор на Коминтерната. Како инструктор на ЦК на КПЈ, тој се вратил во Македонија во август  1933 година. По доаѓањето во Скопје тој работел на обновување и зацврстување на македонската партиска организација и го формирал Обласниот комитет.

Во Обласниот комитет покрај него биле Живоин Ќурчиќ и Кочо Рацин,  со кого Оровчанец го покренал партискиот орган “Искра“. Пред годишнината на Октомвриската револуција во 1933 година тој ја напишал брошурата „Советскиот сојуз и Македонија“.

По провалата во јануари 1934 година, кога се уапсени 15 македонски комунисти, Оровчанец привремено се крие во Куманово, а кон крајот на јануари ја напуштил Македонија.

На 3 февруар 1934 година, во белградскиот весник „Политика“, тогашните југословенски власти ќе објават потерница со слика, во која се вели дека ќе му бидат благодарни на она лице које ќе помогне да се најде лицето Никола Оровчанец кое има легитимација издадена од  полициската управа од Нови Сад на име Александар Филиповиќ со која лажно се преставува и дејствува.

Оровчанец кој заедно со Рацин добро ја познава македонската историја, покрај Александар Филиповиќ (македонските кралеви Александар и Филип), се користел и со псевдонимот Сандански. Пред прогонот на југословенската полиција тој се враќа во Москва, каде продолжува со своето политчко школување. Станува аспирант на Ленинската школа.

Во 1937 година велешанецот Никола Оровчанец бил назначен за помошник директор за просветно-политичка работа во Медицинско-фармацевтскиот комбинат во Москва. Меѓутоа истата година станал жртва на сталинистичките чистки. Прво бил исклучен од Партијата, а потоа на 8 февруари 1938 година бил уапсен.

По не цел месец потоа, на 2 април 1938 година, Никола Алексов Оровчанец бил осуден за шпиунажа и истиот ден бил стрелан.

Никола Оровчанец посмртно бил рехабилитиран на 11 декември 1963 година.

 

На прво место

News image

ОБЈАВЕНИ СЕ Е 31 И 32 ЕПИЗОДА ОД СЕРИЈАТА „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“

Деновиве на Youtube се поставени 31 и 32 епизода од  документарната серија „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ...

Историја

News image

Харилаос Трикоупис - Премиер на Грција 7 пати меѓу 1875-1895 г.

Роден во Науплион во 1832 година, како син на Спиридон Трикоупис - кој беше Премиер на Грција во 183...

Иселеници

News image

Ватикан – центарот на Римокатоличката црква (3)

Посетата на Ватикан секогаш буди пријатни чувства, но овој...

Култура и туризам

News image

Вознесение на Александар Македонски на небо!

Во центарот на стариот руски град Владимир постои една неверојатна прекрасна православна црква - ста...

Фељтон

News image

Иван Трпоски – познат македонски поет и новинар (7)

Иван Трпоски е познат општественик  и творец во Сиднеј,  кој повеќе деце...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.