Среда, 20 Септември 2017    PDF Печати Е-пошта
Борка Велески

Borka VeleskiБорка Велески  - Горанов (1912 –14. IX 1942) е македонски национален деец, учесник во НОБ и народен херој од НОАВМ. Во 1938 година, како синдикален активист бил организатор на едномесечен штрајк на монополските и на занаетчиските работници во Прилеп. За време на Втората светска војна, како член на КПЈ бил еден од организаторите на НОАВМ во Прилепско и командир на чета на НОПО “Димитар Влахов“.

Борка Велески  - Горанов (Левата) е роден 1912 година во Прилеп. Потекнува од сиромашно семејство и родителите прават се тој да се стекне со образование. Борка учи основно и средно во Прилеп. Иако бил одличен ученик, бидејќи почнал да чита од забранетата марксистичка литература, бил исклучен од 7 – ми клас на Прилепската гимназија. Борка потоа се запишал во военото училиште во Нови Сад, но и тоа не го завршил, па се вратил во родниот град.

По враќањето во родниот град почнал да се занимава со одгледување на тутун. Согледувајќи ги проблемите со кој се соочуваат прилепските тутунари, тој станува еден од иницијаторите и основачите на Здружението на производителите на тутун во Прилеп. Со својта работа и чесност набрзо ја стекнува довербата кај народот, а сезонските работници од монополот бараат тој да ги предводи во штрајкот.

На 4 април 1938 година, како еден од раководителите, Борка Велески  стои на чело на 2.000 штрајчувачи, на кои им се приклучуваат уште 1.000 занаетчии. Штрајчувачите кои бараат подобрување на материјалната положба, по месец дена постигнуваат делумен успех. Меѓутоа, како предводник на штрајкувачите Борка бил уапсен под обвинение дека во говорите пред штрајкувачите внесувал „политички содржини“. Набрзо бил пуштен, но како неподобен му била затворена вратата за ново вработување. 

Борка Велески  станува секретар на Здружението на производителите на тутун, кое се залага да добие подобра продајна цени на тутунот. Велевски кој бил повереник за откуп, во последните две години пред почетокот на Втората светска војна, се стекнува со голем углед меѓу граѓаните на Прилеп.

Уште пред почетокот на Втората светска војна Борка Велевски станува член на Кумунистичката партија на Југославија (КПЈ). Во пресрет на Априлската војна (6 април 1941 година, напад на предвоена Југославија), Борко често бил повикуван на воени вежби.

По окупацијата, Брка Велески влезе во првата партизанска чета на Селечка Планина, на 12 септември 1941 година. Бидејќи бил пешадиски наредник, тој бил војнички најобучениот партизан во четата. Тој ги обучуваше младите борци кои го нападнаа Прилеп на 11 октомври. Во текот на 1941, и до септември 1942 година, одредот на Борка преземал најмногу акциии.

Борка Велески – Левата како командант на Прилепскиот одред "Димитар Влахов", во мај 1942 година станал познат под псевдоним Горанов.

Во септемвриската непријателска офанзива првата чета на одредот "Димитар Влахов", во која бил Борко, била опкружена со непријателски обрач на местото наречено Сеченото, на планината Мукос. На 14 септември 1944 година, додека партизаните се пробивале низ обрачот, Борко бранејќи ја остапницата, паднал мртов погоден со митралезски рафал.

Борка Велески  - Горанов загинал во борба со бугарската фашистичка војска и полиција. Зачувана е неговата необјавена едночинка “Кољо Воденичарот“, напишана за потребите на одредот. Опеан е во македонската народна песна “Заплакала е гората“.

Прогласен е за народен херој на Југославија на 20 декември 1951 година.

 

На прво место

News image

Ламбе Арнаудов: Неколишевизам

Никој нема право да ја консумира слободата и во неа да ужива, ако претходно не ја заработил за друг....

Историја

News image

Трлиски инцидент

По Првата светска војна, соочени со фактот дека големите сили ја санкционираа поделбата на Македониј...

Иселеници

News image

Одгласи на Илинденското востание во различни кругови во светот (13)

Одгласите за Илинденското востани биле големи во различни ...

Култура и туризам

News image

Музеј на Старата скопска чаршија

Музејот на Старата скопска чаршија е сместен во рамките на Сули ан. Основан е како придружна институ...

Фељтон

News image

Александар Македонски (10)

Напливот на бегање од Елада предизвика и други соодветни барања, бидејќи намесниците...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.