Среда, 18 Октомври 2017    PDF Печати Е-пошта
Славко Димевски

slavko-dimevskiСлавко Кирилов Димевски (Куманово, 31. V 1920 - Скопје, 24. IV 1994) е македонски црковен деец, историчар и писател. Во 1943 година бил ракоположен за ѓакон во црквата „Св. Спас“ во Скопје, а во наредниот ден и за свештеник во Пробиштипската енорија.Учесник е во НОВ (1944) и фудбалер на КСК (Кумановски спортски клуб). Во 1956 дипломирал на Филозофскиот факултет (Група историја) во Скопје (26. IX 1956) и продолжил да студира на Правниот факултет во Скопје. Наредната година преминал на работа во Институтот за национална историја во Скопје. Неговата Историја на Македонската православна црква е вистински светилник за Македонија и на сите Македонци насекаде во светот.

Славко Кирилов Димевски е роден на 31 мај 1920 година во Куманово. Основно училиште и нижа гимназија завршил во родниот град и во Скопје. Извесен период живеел во Србија, а потоа го продолжил своето образование во Богословската семинарија (средно теолошко училиште) во Битола.

Кога пред почетокот на Втората светска војна војна, Српската православна црква ја повлекла целата епархија од туѓата земја Македонија, Димевски немало каде да „бега“, и задоен со вистинско патриотско чувство и со љубов кон својот народ и црква, останал и започнал да му служи на својот македонски народ како свештеник.

На 8 мај 1943 година, Славко Димевски бил ракоположен за ѓакон во црквата „Св. Спас“ во Скопје, а во наредниот ден и за свештеник во Пробиштипската енорија. Во периотот од 1943 до 1957 година како свештеник најдолго време работел во село Стојаково, Гевгелиско и во црквата „Св. Троица“ во родното Куманово. Исто така, Димевски бил учесник во НОВ од 1944 година и бил фудбалер на КСК (Кумановски спортски клуб).

По Втората светска војна, освен свештеничката дејност, студирал вонредно на Филозофскиот факултет во Скопје, на групата национална историја и по дипломирањето во 1956 година продолжил да студира на Правниот факултет во Скопје.

Наредната 1957 година преминал на работа во Институтот за национална историја во Скопје како асистент во Одделението за преродбенско националноослободително движење и раководител на Документационото одделение, каде останал до 1962 година, кога докторирал на тема „Католичката поропаганда на унијатското движење во Македонија од средината на втората половина на XIX век до Балканските војни“ на Филозофскиот факултет во Скопје.

По докторирањето во ноември 1962 година, на повик на Македонската православна црква истата година бил назначен за главен просветен референт и главен и одговорен уредник на органот на МПЦ „Весник“. Во наредната година првин бил произведен во протојерејски чин, а веднаш потоа и во чинот ставрофор, носејќи го црковното достоинство протојереј-ставрофор.

Познат по својата работливост, Димевски подоцна работел како секретар на Матицата на иселениците од Македонија (1966 - 1967), секретар на Програмскиот колегиум (1967 - 1969) и уредник на Образовната програма на Радиотелевизија Скопје (1969 - 1975), виш научен соработник (1975 - 1978) и научен советник (1978, до пензионирањето) во Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања во Скопје. Исто така, бил и главен и одговорен уредник на институтскиот „Гласник“, претседател на Научниот совет, раководител на повеќе проекти, професор на постдипломските и докторските студии и др.

Дејноста на Димевски е пребогата и тој има значајна улога во збогатувањето на научната историска и национална, а особено црковна мисла е особено значајна. Во тој дух се неговите научни прилози и дела, кои најмногу говорат за македонското национално и црковно прашање и ги разјаснуваат сите историски случувања во Македонија.

Славко Димевски е автор на голем број монографии, околу 300 статии и други научни прилози, драмски серии, ТВ-драми и документарни емисии. Од неговиот телевизиски опус, особен успех постигна со телевизиските серии „Курирот на Гоце“, „Јуначко колено“ (за детството на Никола Карев), „Детето и гулабот“ (за Никола Вапцаров), хумористичната серија „Шути и рогати“ и тв-драмата „Смилевски конгрес“. Сепак, негова главна научна преокупација беше македонската црковна историја, историјата на МПЦ и културнонационалното минато.

Негово најзначајно дело е Историја на Македонската православна црква во три тома. Ова дело преставува Библија во кое се содржи вистината за македонската православна црква, за Македонија, за Македонците. Во неа се содржи вистината за нашата посебност и како народ, и како црква, и како држава.

Славко Димевски починал на 24 април 1994 година во Скопје.

(извор: МАНУ, МЕ, книга 1, Скопје, 2009, стр. 462 - 463)

 

На прво место

News image

СТОП НА ПРЕДАВСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО КАНАДА СТОП НА ПРЕДАВСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

Историја

News image

Изминаа 113 години од крвавата зеленичка свадба

На 13 ноември 1904 година, во текот на свадбата која се оддржувале во леринското село Зеленич, грчки...

Иселеници

News image

39 години чествување за македонскиот јазик во НЈВ!

Македонскиот просветно училишен одбор за НЈВ,по 39-ти пат,...

Култура и туризам

News image

Како се изнесуваше македонското културно наследство за време на Првата светска војна – архиви, документи и др. од Прилеп

Етнографот на Втората бугарска армија Антон Поп Стоилов по влегувањето на Бугарија во Првата светс...

Фељтон

News image

Александар Македонски (6)

Авторот на историскиот роман за Александат Трети Македонски и Македонската Империја ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.