Среда, 27 Декември 2017    PDF Печати Е-пошта
Христо Поп Антов

Hristo PopantovХристо Поп Антов  (16. V 1879 – 31. I 1964) е учител и македонски револуционер, претседател на Тиквешкиот ОРК на МРО. Во 1899 година завршил педагошко училиште во Скопје, а право во Швајцарија. Учителствувал во Кавадарци и бил раководител на ОК на МРО во Кавадарци. Прогонуван од османлиските власти, по Востанието се засолнил во Софија. Во 1910 година работел како судија во Скадар, а потоа бил адвокат во Софија.

Христо Поп Антов е роден на 16 мај 1879 година во тиквешкото село Ваташа, во семејството на ваташкиот свештеник Андон Попкамчев. Негови браќа се Јованче и Тодор Поп Антов. Со основно образование се стекнал во родното село, а потоа учел во егзархиското четирикласно училиште во Скопие и во педагошка школа, која ја завршил во 1899 година. Уште како ученик тој станал член на Македонската револуционерна организација.

Во 1899 година Христо Поп Антов бил назначен за учител во Кавадарци и се вклучил во дејноста на револуционерната организација во Тиквешијата. Во 1901 година бил избран за член на раководството на Окружниот комитет на организацијата во Кавадарци, а пролетта 1903 година, станал и нејзин претседател.

Во октомври 1904 година, по провалата во организациската мрежа Христо Поп Антов бил принуден да избега во Бугарија. Во негово отсуство, тој бил осуден на седум години затвор.

Во периодот од 1904 до 1907 година, Поп Антов студира на Универзитетот во Лозана, Швајцарија, каде што завршува право. По завршувањето на студиите, од 1907-1908 година тој работел како учител во машката гимназија во Пазарџик.

По Младотурската революција во 1908 година, тој се вратил во Кавадарци, каде заедно со Добри Даскалов, турски офицер и два локални мусулмани работел во времената комисија, која управувала со градот. Потоа станал десец на Сојузот на бугарските конституциони (уставни) клубови и бил избран за делегат на Основачкиот конгрес од Кавадарци.

Во периодот од 1908 до 1910 година, Поп Антов специјализирал турско право во Солун и Цариград. По завршувањето на специјализацијата, од 1910 до 1911 година бил судија во Скадар, а од 1911 до 1913 година бил член на окружниот суд во Ќутахија, Мала Азија.

Во февруари 1913 година, Поп Антов бил принуден да избега од Османската империја и до 1919 година живее во Западна Тракија, каде што работел како адвокат (во Ѓумюрџина и Ксанти, општински советник, член на Окружната постојана комисија во Ксанти.) Во ноември 1918, Христо Поп Антов се жени за Марија Поп Алексиева, ќерка на Царевна Миладинова, а негов кум бил генерал Александар Протогеров.

Во периодот од 1920 до 1925 година Поп Антов бил адвокат во Софија и Пашмакли, а од 1925 до 1926 година бил директор на тутунската фабрика "Македонка".

Во периодот од 1927 до 1930 година, тој работел како инспектор во Главната дирекција за сместување на македонските бегалци во Софија и во Петрич, а подоцна одново работел како адвокат.

По Првата светска војна Христо Поп Антов се оддал и на журналистичка дејност, врзана најмногу со минатото на неговиот роден крај. Пишувал спомени и собирал материјали за револуционерните борби во Тиквешијата. Тој е еден од авторите на брошурата "Кратки биографски белешки во спомен на заслужните дејци од Тиквешко" (1925). Во 1933 година е избран во раководството на Тиквешкото благотворително братство.

Христо Попантов умува на 31 јануари 1964 година во Софија.

 

На прво место

News image

ДЕНЕШНИТЕ МАКЕДОНЦИ СЕ ПОТОМЦИ НА АЛЕКСАНДАР - ГРЦИТЕ СЕ ФАЛСИФИКАТ

ГЕРМАНСКИ ЕКСПЕРТ ТВРДИ ДЕНЕШНИТЕ МАКЕДОНЦИ СЕ ПОТОМЦИ НА АЛЕКСАНДАР - ГРЦИТЕ СЕ ФАЛСИФИКАТ ...

Историја

News image

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПСКО

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПС...

Култура и туризам

News image

ВРЕМЕ Е

Чедомир Б.Шопкиќ

Фељтон

News image

Александар Македонски (62)

ИЗГРАДБА НА БРОЈНИ ЗНАЧАЈНИ ХРАМОВИ ПОСВЕТЕНИ НА АНТИЧКОТО ВРЕМЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.