Среда, 17 Јануари 2018    PDF Печати Е-пошта
Борис Спиров

boris-spirovБорис Спиров (22. IX 1897 -  19. X 1974) е македонски лекар и револуционер. Медицински факултет завршил во Лајпциг (Германија) во 1928 година. Поради својата револуционерна дејност бугарските власти го осудиле на смрт во 1943 година, но смртната казна му била заменета со доживотна робија. Бил член на АСНОМ во 1944 година, секретар на Претседателството на Президиумот на АСНОМ, Министер за социјални грижи, претседател на МЛД (1945-1948), а во 1946 г. бил избран за претседател на Уставотворното собрание на РМ.Под негово раководство на 31 декември 1946 година бил прогласен првиот устав на Народна Република Македонија.

Борис Спиров е роден на 22 септември 1897 година во кичевското село Брждани, во земјоделско-печалбарско, но и револуционерно семејство. Неговиот татко и стрико биле селски војводи на Македонската револуционерна организација. Борис завршил основно образование во родното село, а три класа прогимназија во Кичево. Потоа заминал во Софија, каде истовремено работел и учел.

Спиров бил мобилизиран за време на Првата светска војна и учествувал на Македонскиот (Солунски) фронт. По завршувањето на војната тој се вратил во Софија каде со успех ја завршил гимназијата во 1919 година.

Две години потоа заминал да студира медицина на Карловиот универзитет во Прага, за да потоа студиите ги продолжи на Универзитетот во Лајпциг. По дипломирањето во 1928 година се вратил во Бугарија и од октомври 1928 до мај 1929 година работел како државен лекар во Плевенското село Горна Митрополија. Потоа тој станал општински и регионален лекар во Плевен, каде што исто така отворил и приватна медицинска ординација.

Во периодот меѓу двете светски војни, Борис Спиров бил политички ориентиран кон ВМРО (обединета), а потоа влегол и во Бугарската комунистичка партија (БКП). По 1941 година, тој активно се вклучил во акциите против власта. Поради неговите активности бил уапсен и интерниран во селото Скрино, област Дупница, каде што станал јатак на месните партизани.

Во мај 1943 година Борис Спиров повторно бил уапсен и осуден на смрт. Но, во јануари 1944 година, неговата смртна казна била заменета со доживотен затвор. Затворската казна тој ја издржувал во Плевен, каде што се запознал со Лазар Колишевски, на кого подоцна му станал кум во неговиот брак со Лилјана Чаловска.

По 9 септември 1944 година Спиров активно зел учество во организирањето на новата власт во Бугарија и станал привремено кмет на Плевен. На 20 септември 1944 година бил доброволец во бригадата „Гоце Делчев“ што била формирана во Софија и бил шеф на санитетска служба. Таквата должност подоцна ја извршувал и во Пехчево, во штабот на Брегалничко - Струмичкиот корпус. По завршувањето на војната заминал во Македонија, каде брзо бил издигнат на раководни позиции во новиот режим.

На 27 октомври 1944 година бил вклучен во Президиумот на АСНОМ и назначен за началник на здравството на Поверенството (Министерство) за социјална политика, народно здравје и исхрана. Истовремено бил и член на Извршниот одбор на Единствениот народноослободителен фронт (ЕНОФ), а од 30 декември 1944 година бил избран за прв секретар на Президиумот на АСНОМ, кој во април 1945 година бил преименуван во Президиумот на Народното собрание на Демократска Федерална Македонија (ДФМ)..

Во април 1946 година тој станал министер за социјални работи на ДФМ. На крајот на годината бил избран за претседател на Уставотворното собрание на Македонија. Од 30 декември 1946 до 30 декември 1947 година е претседател на Народното собрание на Македонија, а потоа бил прв потпретседател на Президиумот на Народното собрание, сè до крајот на 1950 година кога му завршил редовниот пратенички мандат. Под негово раководство на 31 декември 1946 година е прогласен првиот устав на Народна Република Македонија.

При формирањето на Медицинскиот факултет во Скопје, Борис Спиров бил избран за редовен професор на Медицинскиот факултет во првиот наставнички состав (1947 - 1956). Во почетоците на факултетот бил избран за продекан (1951 0 1952) и шеф на Централната медицинска библиотека (1952-1956). Тој е еден од првите 19 наставници на новоформираниот Медицински факултет во Скопје.

Борис Спиров повеќе години работел како шеф на Одделот при Хигиенскиот завод на НРМ, при што значајни се неговите епидемиолошки испитувања на заразните болести во Македонија, посебно на маларијата, тифусот и распространетоста на гушавоста во Западна Македонија. Исто така, уграл важна улога во основањето на Македонското лекарско друштво чиј прв претседател е во периодот од 1946 до 1948 година.

Поради несогласување со тогашните југословенски власти, по пензионирањето во 1960 година Спиров работел приватна пракса во Скопие. Подоцна се преселил во Бугарија, каде што ги поминал последните години од животот. Борис Спиров починал на 19 октомври 1974 година во Софија, меѓутоа по желба на семејството тој бил погребан во Плевен.

 

На прво место

News image

Македонската Дијаспора остро го осудува договорот Заев -Ципрас

Во просториите на Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ одржавме координативен состанок на претседателите н...

Историја

News image

До 1860 година не само овде во Србија туку и меЃу самите Бугари не било познато дека во Македонија има Словени!

“...До 1860 година не само овде во Србија туку и меѓу самите Бугари не било познато дека во Македони...

Иселеници

Култура и туризам

News image

Брајчинските иселенички средби

Се одржаа 23-те „Брајчинските иселенички средби“

Фељтон

News image

Александар Македонски (45)

Александар Македонски штотуку го освои Источен Иран, пред да го започне големиот пох...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.