Среда, 07 Февруари 2018    Печати
Иван Божинов

Ivan BozhinovИван Кузманов Божинов (1807–1927) е македонски деец, поет, писател, издавач и печатар кој живеел на преминот од XIX во XX век. Се занимавал со литература, пишувал на бугарски јазик и имал своја печатница во Софија. Тој е печатар и уредник на списанието „Лоза“ на чии страници се пројавуваат повеќе истакнати имиња од македонското револуционерно движење и кое ја вознемири бугарската јавност со јавни заложби за македонско национално сепарирање.

Иван Божинов е роден во 1867 година во градот Дебар. По руско-турската војна ( 1877 - 1878), бегајќи пред турските зулуми, се преселил во слободното бугарско Кнежество и се насели во Видин.

Иван Божинов станал патувачки книжар и заедно со хаџи Михаил Костенцев од штипскотото Ново Село  дистрибуирал книги. Потоа основал своја печатница и книжарница во Лом, а отворил и филијали во Орјахово и Видин. Издава како прва книга "Сиромашната Лиза" од Николај Карамзин во 1884 година.

Во 1885 година зел учество во српско-бугарската војна за што му бил доделен Орден за храброст.

Околу 1886 година се преселил во Софија и на улица "Солунска" №30 отворил печатница и книжарница "Светлеум". Во 1896 година отворил и разгранок на "Алабин".

Во печатница беа печатени весниците "Македонски глас" (1893-1898), "Вардар" (1898), "Автономија" (1898-1902), "Борба за слобода на Македонија и Адријанопол" (1899), "Дело" (1901-1902) и многу други.

Од 1892 до 1894 година Божинов е печатар и уредник на списанието на Младата македонска книжевна дружина "Лоза", во кое користи повеќе елементи на македонскиот народен јазик. Истовремено на страниците на „Лоза“ овозможува да се пројавуваат повеќе истакнати имиња од македонското револуционерно движење. Ова списание ќе ја вознемири бугарската јавност со јавните заложби за македонско национално сепарирање.

Од 1893 до 1905 година, Иван Божинов бил и главен и одговорен уредник на списанието за наука, литература и домаќинство "Свет“, а од 1905 до 1907 година тој го уредувал и објавувал весникот „Дебар“, орган на македонската емиграција од Дебарско.

Божинов бил активен и во активноста на организациуте на македонската емиграција во Бугарија. Од 15 до 21 јуни 1897 година тој бил делегат на Четвртиот македонски конгрес во Бургас и на 1-ми мај 1899 година на Шестиот македонски конгрес на Белоградишкото македонско друштво.

Во 1897 година, Иван Божинов ја напишал и објавил брошурата "Ерменскиот масакр во Константинопол е петно за 19 век", посветена на ерменските масакри. Тој бил и уредник на календар (1885 - 1902), "Календар на Вардар" (1894 - 1926), "Големиот вечен календар за 400 години", колекции на народни приказни и др.

Во текот на 1903 година ја издал својата голема „Народна песнопојка“, која содржи 425 песни – војнички, јуначки, народни, старонародни, љубовни, ороводни, смешни и разни други. Во книгата има податоци дека е дебранец по потекло, издавач, печатар, главен редактор на „Лоза“ и автор на повеќе книги поезија.

По Втората балканска војна во 1913 година, по која неговата татковина Македонија е поделена меѓу Србија, Грција и Бугарија, Божинов ја напишал и објавил брошурата "Стремежите на руската дипломатија", 1914 година.

Во 1915 година, за време на Првата светска војна, Иван Кузманов Божинов бил назначен за кмет на Дебар. По завршувањето на војната, тој се вратил во Бугарија. Починал во 1927 година во Софија.