Среда, 07 Март 2018    Печати
Андреја Мацанов

Андреја Мацанов (16 X. 1880 - 1947) е македонски револуционер деец на Македонската револуционерна организација. Тој бил еден од многуте заслужни македонски дејци, кој како хемичар и долгогодишен гимназиски учител ја посветил младоста за делото и развивањето на македонското национално ослободително движење. Неговиот основен политички слоган бил – автономија на Македонија и водел борба против официјалната политика на балканските династии чии основни заложби биле присвојувањето и поделбата на Македонија.

Андреј Мацанов е роден во градот Велес на 16 октомври 1880 година. Во 1899 година дипломирал со четиринаесетта класа во Солунската машка гимназија. Во Солун станал член на ВМРО. Во 1902 година дипломирал хемија на Универзитетот во Софија и станал учител во Одрин (Едрене).

По изборот на Спас Мартинов за член на Централниот комитет на ТМОРО, на негово место претседател Одринскиот окружен револуционерен комитет бил избран Андреј Мацанов.

Во периодот 1903 и1904 година, Андреј Мацанов предава во Одринаската машка гимназија и управува со активностите на Организацијата во Одринско. Неговиот ученик од Одринската гимназија Дамјан Калфов пишува за него:

„Тој е младо момче и исто така уреден.... Дали од пушењето или од некој хроничен катар во грлото, тој често се подкашлуваше на час, кратко, отсечно, и секогаш кога ќе се накашлаше, стоеше на место со раката на педа растојание од устата, а долго потоа, во таа замрзната поза гледаше во неговата дланка како да сакаше да ги види таму Коховите бацили.

По 1904 година, Мацанов станал учител во Солунската гимназија. Во 1906 година, од страна на властите случајно бил откриен дневникот на Мацанов, по што избувнала Мацановата афера. Оваа афера имала тешки последици во Солунската гимназија и револуционерното дело во Солун и Солунсло.

Имено, откако во рацете на властите случајно се нашол „дневникот“ на учител Андреј Мацанов во кој тој пишувал се што знаел за видните дејци на Организацијата во Солун и околните градови, биле затворени 36 учители. Од уапсените неколкумина биле осудени на доживотен затвор, некои на неколкугодишен затвор, а еден дел поради недостаток на докази биле ослободени. Многумина претходно избегале во Бугарија за да не бидат уапсени,

По избувнувањето на Балканската војна во 1912 година, Андреј Мацанов како доброволец се приклучил на четата на Тодор Оровчанов на Македонското-одринско ополчение и на 5 октомври 1912 година учествувал во ослободувањето на Велес од Турците. Во текот на Првата светска војна таа беше во редовите на 2 полк на 11 дивизија.

Андреј Мацанов по Првата светска војна се населил во Плевен, каде предавал во машката и женската гимназија во градот. Починал во Плевен во 1947 година.

По повод неговата смрт, „Македонското културно просветно дружтво“ ќе објави „Жална вест“ со која им соопштува на сите македонски  емигранти и бегалци во Плевен дека нивниот добар, чесен и предан на делото сограѓанин Андреј Мацанов од Велес починал по долго боледување на 65 годишна возраст. Во објавата за неговата смрт, поканувајќи ги сите Македонци да присуствуваат на погребот, македонското друштво од Плевен за Мацанов ќе наведе:

„Покојниот Андреја беше еден од заслужните македонски дејци, кој како хемичар и долгогодишен гимназиски учител ја посвети младоста за делото и развивањето на македонското национално ослободително движење. Неговиот основен политички слоган беше – автономија на Македонија и водеше борба против официјалната политика на балканските династии чии основни заложби беа присвојувањето и поделбата на Македонија.

Организацијата му доделуваше многу мисии кои со достоинство и чесност ги исполнуваше како специјалист хемичар. Неговото дело беше изработување на фалсификувани турски лири кои организацијата ги дистрибуираше во турската држава и во европските пазари за дискредитирање на отоманската држава“

andrej-macanov