Среда, 04 Април 2018    PDF Печати Е-пошта
Спиридон Благоев

spiridon-blagoev

Спиридон Благоев (7. II 1926 - 2009) е македонски национален деец, член на КПГ, правник и историчар. По германската окупација на Грција во 1941 година станал активист на ОКНЕ и на ЕПОН, а потоа во 1942 година станал член на Секретаријатот на селската младинска организација ЕПОН и член на КПГ. Во времето на Граѓанската војна во Грција (1946 - 1949) стапил во редовите на ДАГ. Во периодот 1946 и 1947 година бил политички комесар на вод, командир на чета во баталјонот, помошник на баталјонскиот политички комесар и одговорен за Македонците во баталјонот. Потоа се вклучил во 107-та бригада на ДАГ. По војната. наредните три децении ги минал во Ташкент (СССР), а во 1979 година се вратил во Скопје каде работи во ИНИ како научен соработник до пензионирањето. Автор е на поголем број статии за Македонците во Егејскиот дел на Македонија и има значаен придонес во архивските истражувања во СССР за современата историја на Македонија.

Спиридон Благоев  е роден на 7 фебруари 1926 година во леринското село Пателе, Егејскиот дел на Македонија. Завршил шестгодишно училиште во родното село на грчки јазик во 1938 година, а во 1940 година се вработил во државно претпријатие.

По германската окупација на Грција во 1941 година станал активист на Федерацијата на грчката комунистичка младина (ОКНЕ), во која дејствува Македонското биро ОКНЕ. Во почетокот на 1942 година, по обединувањето на грчките младински политички организации во Национална општогрчка организација на младината (ЕПОН), тој во своето село станува член на Секретаријатот на младинската организација ЕПОН, а од мај 1942 година станал член на Грчката комунстичка партија (КПГ).

Во првата половина на 1943 година Спиридон Благоев  бил испратен на партиска работа во Соровичкиот реонски комитет на КПГ и од летото истата година па се до крајот на Втората светска војна тој дејствувал како партизан.

Во летото 1946 година, за време на Граѓанската војна во Грција, Спиридон Благоев  стапил во редовите на Демократската армија на Грција ДАГ во Штабот на на планината Вич. Во одредени периоди бил политички комесар на вод, потоа станал командир на чета во Леринско-костурскиот македонски народно ослободителен баталјон, Исто така бил помошник на баталјонскиот политички комесар Пандо Шиперков и одговорен за Македонците во баталјонот од 1946 до 1947 година.

Спиридон потоа се вклучил во 107-та бригада на ДАГ и во периодот од 1948 до 1949 година  учествувал во сите нејзини борби. Војната ја завршил во чин поручник. По битките на Вич и Грамушта во кои ДАГ била поразена, раководителите и остатоците на нејзините сили се повлекле во Албанија. По војната Спиридон емигрирал во Советскиот Сојуз.

Спиридон Благоев  наредните три децении ги минал во Ташкент, СССР. Во овој период тој бил назначен на разни раководни производствени дејности. Во меѓувреме дипломирал на Факултетот по механика специјалност технологија (1951-1955), а подоцна дипломирал и на Правниот факултет на Ташкентскиот универзитет „В. И. Ленин“ (1960- 1966).

Меѓу 1972 и 1979 година Спиридон Благоев  работел како помлад научен соработник во Институтот за филозофија и право на Академијата на науките на Узбекистан каде што и ја одбранил кандидатската дисертација „Правната положба на субјектите во составот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија“ (1979), со што го добил звањето кандидат на правните науки.

Спиридон Благоев  по враќањето во Скопје во 1979 година се вработил во Институтот за национална историја (ИНИ), каде работи како научен соработник се до пензионирањето во 1989 година.

Автор е на поголем број статии за Македонците во Егејскиот дел на Македонија и има значаен придонес во архивските истражувања во СССР за современата историја на Македонија.

Спиридон Благоев  починал во Скопје во 2009 година.

(извор: Македонска енциклопедија, том I. Скопје, МАНУ, 2009. с. 168-169.)

 

На прво место

News image

ЕРДОГАН И ЦИПРАС СЕ ИСПОКАРАА ЗА МАКЕДОНИЈА

ЕРДОГАН И ЦИПРАС СЕ ИСПОКАРАА ЗА МАКЕДОНИЈА РАЗГОВОРОТ БИЛ ДОСТА НАПНАТ

Историја

News image

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПСКО

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПС...

Култура и туризам

News image

ВРЕМЕ Е

Чедомир Б.Шопкиќ

Фељтон

News image

Александар Македонски (62)

ИЗГРАДБА НА БРОЈНИ ЗНАЧАЈНИ ХРАМОВИ ПОСВЕТЕНИ НА АНТИЧКОТО ВРЕМЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.