Среда, 18 Април 2018    PDF Печати Е-пошта
Кузо Поп Динов

KuzoPopdinovКузо Поп Динов (1875 – 18. XI 1907) е македонски револуционер и војвода на Македонската револуционерна организација во Костурско, Во 1903 година, Кузо Поп Динов познат уште познат како Кузо Блатски, учествувал во Илинденското востание, како војвода на чета и раководител на Блацкиот центар.

Кузо Поп Динов (Кузо Попдинов) е роден во 1875 година во костурското село Блаца, Егејскиот дел на Македонија: Негов дедо бил Василиј Смирненски, Анхиалски и Смирненски владика. Во 1899 година завршил грчка гимназија во Цотил, по што работел како грчки учител во своето родно село. Подоцна учителствувал во костурското село Черешница, каде предавал на мајчин јазик и активно учителствувал во црковно-просветната борба на Македонците против Цариградската грчка патријаршија.

Во меѓувреме, Кузо се вклучил во Македонската револуционерна организација. За време на Ивановата афера во 1901 година, тој бил уапсен и осуден на 101 година затвор. Лежел во Корчанскиот затвор, но во 1903 година бил амнестиран.

Во 1903 година, Кузо учествувал во Илинденското востание како војвода на чета и раководител на Блацкиот центар. Со својата чета учествувал во освојувањето на Клисура на 23 јули 1903 година. По освојувањето на Клисура, Попдинов одржал говор пред локалното население, во кој рекол дека „борбата се води за ослободување на сите христијански нации и дека нема да престане се додека ... Македонија не ја стекне својата автономија.“

Kuzo Blatski and his podvoivoda

По задушувањето на востанието, Кузо преку Грција, заминал во Варна, Бугарија. Во март 1904 година, заедно со Георги Христов, тој се обидел да се врати во Македонија преку Грција, но бил уапсен во Трикала. Кузо Попдинов бил ослободен дури во декември 1904 година.

Кон крајот на 1905 година, Кузо се вратил со чета во Костурско и учествувал во борбата со грчките андарти. Во летото 1906 година, одредот на Пандо Кљашев и Атанас Каршаков фатила андартска кореспонденција, а Атанас Пировски и учитело Никола Калановски од Косинец успеале да ги дешифрираат писмата. Попдинов испратил лажно писмо во име на измислен капетан Билос до водачот на грчкиот комитет во Писодер Поп Ставрос Цамис (Ставре) и се состанал со него и со водачите на комитететот Доре, Хаџи Коце и Хасан Чауш и ги убил.

По смртта на Митре Влаот, Кузо Попдинов станал помошник на новиот реонски војвода Христо Цветков и за реон на дејствување ја имал јужната падина на планината Вич.

Во 1907 година, Кузо Попдинов влегол од Бугарија во Македонија и заминал во Костурско. Решил да го убие гркоманскиот поп на село Олишта Христо Попмихајлов кој живеел во Костур и бил  прв помошник на Костурско митрополит Герман Каравангелис. Меѓутоа, негов четник кој бил син на поп Христо Пандели, тајно се поврзал со својот чичко и го предупредил својот татко. Поп Христо и митрополитот Герман се поврзале со началникот на турскиот гарнизон во Костур и му јавиле за доаѓањето на четата, по што веднаш била испратена воена единица во Олишта.

По добивањето на информација дека дека четата ма Кузо заминала за Черешница, турскиот аскер се упатил кон селото. На 18 ноември 1907 година Турците ја опседнале куќата во селото Черешница во која престојувала четата на Кузо и ја запалиле. За да не биде заробен, Кузо Попдинов извршил самоубиство.

Георги Константинов Бистрицки за Поподинов ќе напише:"Кузо Блатски од селото Блаца, со средно грчко образование, најактивен и популарен војвода, кој учествувал во многу битки со Турците и Грците, несебичен херој и доблесен патриот, станал жртва на грчко предавство во селото Черешница по крвава битка со турскиот аскер.

 

На прво место

News image

Четвртиот Илинден ќе биде денот кога Македонија ќе се повлече од т. н. преговори за името

ОМД: “Четвртиот Илинден” ќе биде денот кога Македонија ќе се повлече од т. н. преговори за името

Историја

News image

Македонската емиграција во Швајцарија со широка акција за самостојна Македонија

„Чест ми е да го известам Господинот Министер дека на 12 тек. месец во Женева било одржано едно собр...

Иселеници

News image

Илинденски поздрави од „Св. Ѓорѓи“ од Мелбурн, Викторија во 1983 година (35)

Од илинденските свечености и академијата на Македонската...

Култура и туризам

News image

Христијанството во Преспа

Македонскиот народ во неговата долговековна борба за своја сопствена држава, за национална и за култ...

Фељтон

News image

Александар Македонски (32)

Хиероглифските текстови сведочат дека Александар Македонски ги носел традиционално к...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.