Среда, 25 Април 2018    PDF Печати Е-пошта
Григориј Акиндин

palamaГригориј Акиндин (ок. 1300 – ок. 1348) е средновековен теолог и филозоф од Македонија, учесник во спорот за Таворската светлина. Се запознал со св. Григориј Палама и изразил желба тој да го воведе во монашката духовна практика. Во 1332 год. во Солун се сретнал со Варлаам, главниот опонент на св. Григориј Палама. Во граѓанската војна започнал отворена и остра критика на исихастичкиот метод за кој се залагал Палама. Автор е на повеќе текстови.

Григориј Акиндин е роден околу 1300 година во македонскиот град Прилеп. Родното име не му е познато, а Григориј е неговото монашко име.Акиндин пак е прекар што значи „непогрешлив“. Прво се школувал во Битола, а потоа кај Тома Магитер и Григориј Вриени во Солун, каде се стекнал со солидно образование од античката филозофија и литература.

Акиндин станал обожавател на Никифор Григора откако неговиот пријател Валсамон му го покажал неговиот астрономски трактат во 1332 година. Тој му напишал писмо во кое го нарекува "море на мудрост". Од Солун, Акиндин планирал да оди на Света Гора, но од непознати причини е одбиен.

Акиндин се запознал со платонистот и бранителот на исихизмот заснован на догматска база св. Григориј Палама и изразил желба тој да го воведе во монашката духовна практика. Во 1332 година во Солун се сретнал и со главниот опонент на св. Палама, Варлаам Калабријски, кој бил приврзаник на западната теолошка мисла во која разумот играл голема улога. Од првиот се запознал со суштината на платонизмот, а од вториот со Аристотеловата сколастика.

Во 40-те години на XIV век, Акиндин станал учесник во спорот за Таворската светлина меѓу Григориј Палама и Варлаам Калабријски. Од 1337 година, Акиндин кој бил запознат со двете учења, посредувал меѓу двајцата. Во 1340 година, тој го предупредил Варлаам дека нападите против доктрината на Палама се залудни.

По првичното неговото колебање, Акиндин се одлучил за рационалистичкото учење на Варлаам. По неуспехот на Варлаам во спорот со исихистите на Соборот во 1341 година, се вклучил Грегориј Акиндин од Прилеп. Поддржан од патријархот Јован XII Калека, Акиндин почнал да пишува против догматските ставови на Палама. Од 1341 година Акиндин застанал на критични позиции против паламизмот и го отфрла како масалианство. Во граѓанската војна започнал отворена и остра критика на исихастичкиот метод за кој се залагал Палама. Така стана најголемиот противник на Палама по пензионирањето на Варлаам во Калабрија.

Во тоа време Акиндин кој се издигнал до една од највидните личности на византиската култура бил способен да учествува во најтешките и најсуптилни теолошко-филозофски спорови. . Овој наш соотечесвеник во своето дело „За суштината и дејствата“, се обидува да ја систематизира рационалната доктрина на Варлаам. Тој го побива Палама и исихистите, тврдејќи дека до бога може да се дојде не со мистичен занес, туку со упорно учење и посветување на науката и филозофијата. Бог е вистина, а вистината се постигнува со разумот и неговите средства кои ги излага Аристотел.     

Сериозноста на полемиката го мотивирала Палама да напише посебен памфлет од 621 стих против Акиндин, каде што го нарекува „овчар“, што во тоа време било голема навреда на Славјаните од страна на Византијците.

Григориј Акиндин ја доживува судбината на Варлаам. Тој е одвоен на Цариградскиот собор во 1347 и умрел во прогонство, слично на Варлаам, најверојатно од епидемијата на чума во 1348 година. На Црковниот собор во 1352 година (посмртно) бил анатемисан. Палама потоа е прогласен за светец.

Григориј Акиндин е автор на повеќе текстови. Во „Антиеретики“ ја напаѓа основната идеја на монасите исихасти. Акиндин ја застапува тезата дека Бог може да му се јави на човекот само преку симболи, а меѓу божјата суштина и божјата енергија нема разлика.

 

На прво место

News image

Термините „Македонци“ и „Македонија“ му ги отстапивме на нашиот најголем угнетувач

Обликувај ги, освои ги, искорени ги – Културниот геноцид на Македонците

Историја

News image

Македонија не им припаѓа на соседите, таа им припаѓа на Македонците!

„Ние се обрнуваме до сите Македонци, без разлика на вера и раса, и ги колнеме да ги заборават своите...

Иселеници

News image

Маноил (Мане) Јаковлески – чувар на македонската вистина

Името и делото на Маноил (Мане) Јаковлески е особено позна...

Култура и туризам

News image

Во непосредна близина на Неготино врз темели на постара црква изграден е манастирот Св. Ѓорѓи

Во непосредна близина на Неготино источно од градот врз темели на постара црква изграден е манастиро...

Фељтон

News image

Александар Македонски (40)

И овој пат ќе нагласиме дека во изминатите и во наредните продолженија ќе се обидеме...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.