Среда, 02 Мај 2018    PDF Печати Е-пошта
Арсо Јовев – Локвички

Arso Lokvichki IMAROАрсо Јовев (1870 – 10. III 1923) е македонски револуционер и војвода, деец на Македонската револуционерна организација. За време на Илинденското востание тој се наоѓа во четата на Јордан Пиперката, а по востанието се бори со четите на српската пропаганда во Поречието и Азот. Учествува во Првата балканска војна, а по Првата светска војна се населил во Бугарија. На повик на Организацијата, тој повторно го заминал градителскиот алат со пушка и заминал за Македонија.

Арсо Јовев - Локвички е роден во 1870 година во Поречкото село Локвица, каде српската пропаганда имаше најдено плодна почва уште во XIX век. По професија тој е мајстор - ѕидар. Долги години Локвички минал на печалба во Романија и Трансилванија. Иако никогаш не посетувал училиште, чита и пишува на македонски и на романски јазик.

Арсо Локвички бил висок со широки плеќи и лице прошарано со слаби лузни од прележана сипаница за време на детството.

Разговорите со повеќе апостоли и организатори на Македонската револуционерна организација го пробудија револуционерниот дух во него и тој својот живот и суштествувањето на своето семејство го посветил во корист на својот роден крај и својата родна земја.

Илинденското востаније во 1903 година, го затекнал Арсо Локвички во неговиот роден крај и тој земал активно учество. За време на Илинденското востание, тој бил во четата на Јордан Пиперката.

По востанието, Арсо Локвички станал Поречки војвода и бил еден од првите кој водел жестоки борби со четите на српската вооружена пропаганда во Поречието и Азот. Во најтешките моменти Арсо се јавуваше на помош на велешките чети, кога сам кога со другарите.

Во пролетта 1904 година Локвички ја уништил отпадничката чета на Трајко од село Крапа.

Во 1905 година, повторно доаѓа до обединување на четите на војводите Пано Костадинов, Иван Наумов Алабакот, Ѓакон Евстатиј и Арсо Локвички.

На 6 август 1905 година, во борбата на обединетите чети на Македонската револуционерна организација и четите на српската вооружена пропаганда предводени од србоманите Глигор Соколов(иќ) (с. Небрегово, Прилепско) и Тренко Рујанов Крапјанин (с. Крапа, Поречие), која се води во близина на селото Крапа, Арсо Локвички бил ранет во десната нога.

Неговите соборци за него ќе забележат: "Арсо беше еден од најдобрите извидувачи и знаеше целосно да ги скрие своите траги. Тој, без најмал замор, минуваше за еден час 15 км. Како планинец, тој имаше ретки и вредни квалитети кои го издигнуваа над другите. За време на своите извидувања низ Поречието тој по цели  денови остануваше гладен за да може добро да ја изврши својата задача. Тој беше миленик на сите чети и на локалното население ... Неговото семејство живееше во селото Локвица и беше под постојано малтретирање на пропагандата. Единствената причина зошто неговото семејство беше поштедено е дека тие сметаа дека кога тогаш Арсо ќе стане нивен човек.“

Во 1911 година, српската пропаганда се обидува да го поткупи Арсо војвода со плата од три лири месечно, но не успева во војата намера. Сепак, за време на Првата балканска војна во 1912 година дејствува со четата во Поречието и ја помага српската војска.

По завршувањето на Првата светска војна Арсо Локвички се населил во Бугарија, каде работел како градител. Тој бил физички здрав и на барање на Организацијата, тој се одлучил повторно градителскиот алат да го замени со пушка.

Безаветната преданост на Арсо кон македонското ослободително дело нај јасно блесна со последното херојско дело, што го подигна во очите на велиот поробен народ како маченик за народното дело.

Во 1922 година заедно со својот другар Петар Ацев од Теово, Арсо, бил испратен од ЦК на ВМРО во Кичевско, но во Скопско тие биле заробени од српските власти заедно со печатени револуционерни летоци.

По мачењето, тие биле осудени на смрт од страна на скопскиот воен суд и стрелани на 10 март 1923 година во близина на Долно Соње.

Смрта на Арсо Локвички била една од најголемите загуби на ВМРО во Западна Македонија до 1924 година.

 

На прво место

News image

Четвртиот Илинден ќе биде денот кога Македонија ќе се повлече од т. н. преговори за името

ОМД: “Четвртиот Илинден” ќе биде денот кога Македонија ќе се повлече од т. н. преговори за името

Историја

News image

Македонската емиграција во Швајцарија со широка акција за самостојна Македонија

„Чест ми е да го известам Господинот Министер дека на 12 тек. месец во Женева било одржано едно собр...

Иселеници

News image

Илинденски поздрави од „Св. Ѓорѓи“ од Мелбурн, Викторија во 1983 година (35)

Од илинденските свечености и академијата на Македонската...

Култура и туризам

News image

Христијанството во Преспа

Македонскиот народ во неговата долговековна борба за своја сопствена држава, за национална и за култ...

Фељтон

News image

Александар Македонски (32)

Хиероглифските текстови сведочат дека Александар Македонски ги носел традиционално к...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.