Среда, 09 Мај 2018    PDF Печати Е-пошта
Андреја Докурчев

Andrei Dimov IMARO

Андреја Докурчев  (или Андреа Димов) е роден во 1878 година во Велес, тогаш Османска империја. Со осново образование се стекнува во родниот град, а потоа учел во Солун, кој бил расадник на револуцинерните идеи за ослободување на Македонија.

Во 1896 година, Андреј Докурчев станал член на Македонската револуционерна организација и потоа целиот свој живот го посветил на борбата на македонскиот народ за создавање на самостојна и независна македонска држава.

Две години по влегувањето во Организацијата, во 1876 година, Докурчев преминал во илегала. Прво бил комита во четата на Андон Јанев –Ќосето, а потоа бил четник на војводите Михаил Попето и Крсто Асенов. Подоцна и самиот станал војвода.

Во периодот од 1901 и 1902 година, Докурчев бил кратко време војвода на чета во Одринско, потоа и околиски војвода на Горноџумајско и член на Струмичкиот револуционерен комитет.

Во овој период, Андреј Докурчев учествувал во ликвидирањето на злогласниот бег од Кукушкото село Мурулово и во грабнувањето на мис Елена Стон.

Во пролетта 1903 година, Андреј Докурчев заминал за Крушевско со четата на Питу Гули и зел учество во Илинденското востание како војвода на Првиот одред во Крушевскиот револуционерен реон на Македонската револуционерна организација.

На 2/3 август 1903 година Андреј Докурчев учествувал во заземањето на уќуматот, поштенско- телеграфската станица и беледието (општината) во Крушево.

По заземањето на градот Крушево, единицата на Андреј Докурчев била оставена да ги чува државните институции, додека другите чети ги бранеле премините  кон градот откај Прилеп од настапувањето на турската војска.

По задушувањето на востанието, Докуречев бил одново војвода  во Горноџумајско во периодот 1904 и 1905 година. Во наредната 1906 година бил нелегален член на Струмичкиот окружен револуционерен комитет и ревизор на четите.

Андреј Докуречев, познат под псевдонимите Докурчев или Осман Бегович, загинал на 10/11 октомври 1907 година во Кичевското село Белица.

 

На прво место

News image

Четвртиот Илинден ќе биде денот кога Македонија ќе се повлече од т. н. преговори за името

ОМД: “Четвртиот Илинден” ќе биде денот кога Македонија ќе се повлече од т. н. преговори за името

Историја

News image

Македонската емиграција во Швајцарија со широка акција за самостојна Македонија

„Чест ми е да го известам Господинот Министер дека на 12 тек. месец во Женева било одржано едно собр...

Иселеници

News image

Илинденски поздрави од „Св. Ѓорѓи“ од Мелбурн, Викторија во 1983 година (35)

Од илинденските свечености и академијата на Македонската...

Култура и туризам

News image

Христијанството во Преспа

Македонскиот народ во неговата долговековна борба за своја сопствена држава, за национална и за култ...

Фељтон

News image

Александар Македонски (32)

Хиероглифските текстови сведочат дека Александар Македонски ги носел традиционално к...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.