Среда, 27 Јуни 2018    PDF Печати Е-пошта
Неделко Попнеделков

nedelko-popnedelkov

Неделко Попнеделков (1882 - 26 XI 1960) е македонски револуционер, припадник на македонското револуционерно, националноослободително и комунистичко движење во Егејскиот дел на Македонија. Бил член на Македонската револуционерна организација (МРО) и учесник во Илинденското востание. Бил член на НФП и учествувал во походот на Јане Сандански на Цариград. Меѓу двете светски војни бил член на ВМРО (Об.) Во текот на антифашистичката борба дејствувал во Солун како член на КПГ. Во 1945 г. преку Бугарија, се префрлил во Народна Република Македонија (НРМ) и до пензионирањето работел како технички раководител во државното градежно претпријатие „Бетон” во Скопје.

Неделко Попнеделков е роден во 1882 година во кукушкото село Јанешево. Станал член на Македонската револуционерна орга низација (МРО) и учествувал во Илинденското востание во 1903 година. По Младотурската револуција во 1908 година станал член на Народната федеративна партија (НФП) и бил борец во одредот на Јане Сандански, кој учествувал во походот на Цариград, против контрареволуцијата во Турција.

По 1925 година, Неделко Попнеделков станува член на ВМРО (обединета) и како главен дистрибутер, ревносно учествува во распространувањето на весниците „Македонско дело“ и „Балканска федерација“ во Егејска Македонија.

Постојано следен од грчките власти, Неделко заради својата активност во македонското националноослободително движење, а потоа заради комунистичка дејност како член на Комунистичката партија на Грција (КПГ), најпрво бил затворен на островот Фолегандрос, а потоа пет години во затворот Акронавплија на Пелопонез.

По окупацијата на Грција за време на Втората светска војкна, дедо Неделко имал особено заслуги за ослободување на дваесет и седум комунистички раководни партиски кадри, главно Македонци, од Акронавплија во јуни 1941 година. Имено, тој преку својата жена која била Германка, издејствувал кај германскиите окупаторски власти ослободување на Андреја Чипов, Лазо Трповски, Ташко Караџа, Лазо Дамовски-Ошенски и други.

Во текот на целата антифашистичка борба дејствувал во Солун како член на КПГ. По ослободувањето се приклучува на Националниот ослободителен фронт на ЕАМ. Одново бил уапсен од грчките власти и затворен во затворот „Павлос Мелос“. Но, по настојување на бугарските власти бил ослободен.

Во 1945 година. Неделко преку Бугарија, се префрлил во Народна Република Македонија (НРМ) и до пензионирањето работел како технички раководител во државното градежно претпријатие „Бетон” во Скопје.

Неделко Попнеделков бил активен член на Здружението на илинденците во Скопје и бил уживател на Илинденска пензија.

Неделко Попнеделков починал на 26 ноември 1960 година во Скопје.

 

На прво место

Историја

News image

Македонија не им припаѓа на соседите, таа им припаѓа на Македонците!

„Ние се обрнуваме до сите Македонци, без разлика на вера и раса, и ги колнеме да ги заборават своите...

Иселеници

News image

Маноил (Мане) Јаковлески – чувар на македонската вистина

Името и делото на Маноил (Мане) Јаковлески е особено позна...

Култура и туризам

News image

Во непосредна близина на Неготино врз темели на постара црква изграден е манастирот Св. Ѓорѓи

Во непосредна близина на Неготино источно од градот врз темели на постара црква изграден е манастиро...

Фељтон

News image

Александар Македонски (40)

И овој пат ќе нагласиме дека во изминатите и во наредните продолженија ќе се обидеме...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.