Среда, 04 Јули 2018    PDF Печати Е-пошта
Перо Ивановски – Тиквар

pero-tikvar-2

Петар Миланов Ивановски (28. IV 1920 – 28. VI 2018) е македонски револуционер, деец на македонското национално и комунистичко движење. Во 1936 година станал член на СКОЈ, а од 1938 и на КПЈ. Познат под псевдинимот Тиквар, по окупацијата бил член и секретар на Месниот партиски комитет во Скопје, командант на Оперативниот воен штаб. Во 1942 година бил затворен во затворот „Идризово“. По бегството во 1944 година се вклучил во партизанските единици. Бил командант на 42- та македонска дивизија и на XI МНО бригада. Бил делегат и учесник на основачкото собрание на АСНОМ на 2. август 1944 година.

Перо Ивановские роден на 28 април 1920 година во Прилеп. Како млад прво работи како кожарски, а потоа како тутунски работник. Револтот од експлоатацијата која се вршела врз работниците во тогашна кралска Југославија, него ќе го внесе во работничкото движење.  Во 1936 година станал член на СКОЈ, а од 1938 и на КПЈ.  

Во 1938 година, Ивановски станал член и секретар на Месниот комитет на КПЈ за Прилеп, а во септември 1940 година бил назначен за организациски секретар на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија.  Веќе наредониот месец, во октомври 1940 година учествувал на V земска конференција на КПЈ. До август 1941 година, тој останал на местото организационен секретар на ПК на КП во Македонија. По окупацијата тој бил вклучен во работата на Месниот комитет на КПЈ за Скопје и станал командант на Оперативниот воен штаб. 

Пред формирањето на ГШ, оружената борба во Македонија ја раководеле: Воена комисија – Методија Шаторов-Шарло, Коце Стојановски-Металец, Бранислав Шикиќ-Бруно, Љубомир Лековиќ - Горски и Илија Јакимовски, Покраински воен штаб – Лазар Колишевски - Митре, Михаjло Апостолски - Дончо, Мирче Ацев - Стојче, Страшо Пинџур - Jосиф, Цветко Узуновски - Абас, Трајко Бошкоски - Тарцан, Перо Ивановски - Тиквар, Кузман Јосифовски - Питу, Иван Дојчиновски - Димче и Оперативен воен штаб, како помошен орган на ПВШ – Перо Ивановски-Тиквар, Трајко Бошкоски - Тарцан, Киро Крстески-Платник и Стив Наумов. 

Во април 1942 година, кај велешкото село Голозинци, Перо Ивановски-Тиквар бил ранет, заробен и осуден од бугарските окупациони власти на 15 години затвор. Затворската казна ја издржувал во затворот „Идризово’, каде останал до 1944 година. На 20 јуни 1944 година, Перо Ивановски – Тиквар, Васил Ивановски, Димитрија Алексовски – Пекар и Никола Димитровски - Грчето избегале од затворот. Ивановски потоа се приклучил на Третата македонска бригада.  

Наскоро бил назначен за политички комесар на Единаесеттата македонска ударна бригада (од 27 август до 25 септември 1944), а потоа на 11 бригада во рамките на 48 - та македонска дивизија. Извесен период пишувал за „Илинденски пат“, органот на НОФ за Македонија, а бил и командант на 42-та Македонска дивизија и на 11 –та Македонска ударна бригада.  

pero-tikvar

Перо Ивановски-Тиквар бил делегат и учесник на основачкото собрание на АСНОМ на 2. август 1944 година. По Ослободувањето работел во ОЗНА, а потоа раководел крупни стопански организации. Бил директор на ФАС „11 Октомври“ и „Железарница – Скопје“, а од 1967 до 1973 година бил претседател на Извршниот одбор на „Комерцијална банка“  

На 10 окотомври 2014 година, Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, го одликува последниот останат жив учесник на АСНОМ Перо Ивановски - Тиквар со „Орден за заслуги за Македонија“, поради „неговиот исклучителен придонес во остварувањето на вековниот стремеж на македонскиот народ за слобода и зачувување на својот идентитет и создавање на сопствена, самостојна, суверена и демократска држава.“  

Потсетувајќи се на 2 август 1944 година, на славеничката атмосферата надвор од салата каде што се одржувало Првото заседание на АСНОМ, каде народот од сите локални села доаѓал да го слави Свети Илија Петар Ивановски – Тиквар тогаш ќе каже: 

„ На утрешниот ден [11 Октомври] во 1941 година се сврте македонскиот народ и му викна на окупаторот не ве сакаме. Од тој ден, од тоа не ве сакаме поминаа многу тешки денови, месеци и години дури не се создадоа услови да дојде денот да се свика Собранието на АСНОМ на кое се донесе решение за државност. Сите очекувавме дека Панко Брашнаров сериозно ќе го отвори Собранието и ќе зборува за тешките и мачни одлуки кои треба да се донесат. Но, тој имаше визија за Македонија и ни кажуваше каква ќе биде во иднина. На тој начин помогна полесно да се усвојат решенијата кои беа приготвени за да го добиеме тоа што другите го имаа, а ние го немавме – државноста... 

... Бев радосен што можев лично да му честитам на Методи Андонов-Ченто кој ми беше сосед, соборец и сограѓанин и на Михајло Апостолски кој тогаш постана генерал. Македонија се здоби со своја независност и државност затоа што имаше многу луѓе што беа определени на борба дури и да го загубат животот. На тој пример би требало и денеска да се потсетиме и сега кога стоиме пред можноста да се здружиме со други држави и пријатели треба да го сториме тоа на еден убав начин". 

Последниот учесник на АСНОМ и еден од основоположниците на државноста на Македонија, Петар Иваноски – Тиквар", почина на 28 јуни 2018 година.

 

На прво место

News image

Европската Унија и НАТО не смеат да ви бидат алиби за штетни и погубни политики на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да го подржиме нелегитимниот процес на СДСМ, на Зоран Заев и тесниот владин круг ...

Историја

News image

ЦИА за заедничката судбина на децата-бегалци од грчка и македонска националност

Во оваа прилика пренесуваме како агентите на ЦИА во 1953 година во детали известувале за состојбат...

Иселеници

News image

Митрополитот Кирил – првиот архиереј во македонското иселеништво (5)

  ДЕЛ ОД ПАТОТ НА УСПЕХОТ НА КУМАНОВСКО-ПОЛОШКИОТ АР...

Култура и туризам

News image

ДА СИ ВЕЧНА ЗЕМЈО МОЈА

ПРОМОЦИЈА НА ЕТНО ЗАПИС - „ДА СИ ВЕЧНА ЗЕМЈО МОЈА”  

Фељтон

News image

Александар Македонски (64)

  ПТОЛОМЕЈ I НЕ ГИ СМЕСТИ ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ ВО АМОН, КАКО ШТО БЕШЕ ЖЕЛБАТА ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.