Среда, 25 Јули 2018    PDF Печати Е-пошта
Тодора Анастасова – Скорна

skorna

Тодора Анастасова (1922 - 1948) е македонски комунистички деец, припадник на македонското национално - ослободително и комунистичко движење во Егејскиот дел на Македонија, учесник во антифашистичката борба и Граѓанската војна во Грција. Во текот на девете години војна во Грција (1940 - 1949), Тодора позната под псевдонимот Скорна, беше една од најистакнатите Македонки кој го даде својот живот за националните права и слобода на својот македонски народ.

Тодора Анастасова (Паскалова) е родена во 1922 година во селото Нострам, Егејскиот дел на Македонија, во сиромашко семејство. Во 1938 година, заедно со другите млади од селото, таа се приклучила  на грчката младинска комунистичка организација (ОКНЕ).

По започнувањето на италијанско грчката војна во октомври 1940 година и вклучувањето на Германија во април 1941 година, Тодора Анастасова  учествувала во акцијата за собирање и чување на оружјето кое зад себе го оставала поразената грчка армија.

Во 1942 година, по дојавата на локален информатор, италијанската војска влезе во селото Нострам во потрага по скриено оружје. И покрај заканите селаните не го предале оружјето. Но, заедно со своите соселани, Тодора била уапсена на 22 март 1942 година и затворена од италијанските окупаторски војски во атинскиот затвор „Авероф“, каде била страшно физички мачена. Меѓутоа, поради недостаток на докази, таа и другите набрзо биле ослободени.

По овој настан, тие се вратија во своето село и активно се вклучија во антифашистичкото движење. Во март 1943 година, по престојот на Првиот партизански одред на ЕЛАС во селото Нострам, Тодора стапила во неговите редови и отогаш учествувала во сите борби против фашистичкиот окупатор, рамо до рамо со другите борци, секогаш со оружје во раката.

Од есента остата 1943 година таа станала член и секретар на Нострамскиот реонски комитет на КПГ. Во јануари 1945 година, преставувајќи ги младите од Костурскиот регион, Тодора Анастасова Скорна учествувала на Сегрчката конференција на прокомунистичката Национална сегрчка организација на младите (ЕПОН) во Солун.

Во периодот пред официјалниот почеток на Граѓанската војна во Грција, Тодора учествувала во сите протестите, организирани од страна на ККЕ и ЕАМ, против грчките власти. Во септември 1946 година, Тодора Анастасова Скорна беше една од првите жени во Костурско која влегла во партизанските единици на ДАГ како активен борец. Во текот на втората половина на 1946 и почетокот на 1947 година, учествувал во многу вооружени конфликти во регионот.

Од јануари 1947 година ја посетувала школата за офицери на ДАГ. Како командир на вод на една единица на ДАГ продолжила со активната борба.

Тодора Анастасова Скорна загинала во борба со грчките владини сили кај месноста Копанче на Грамос Планина во јули 1948 година.

 

На прво место

News image

Неизбежноста на #2та Глобална Опција на Русија и Кина на Балканот и во Македонија

Неизбежноста на #2та Глобална Опција на Русија и Кина на Балканот и во Македонија

Историја

News image

Привремена влада на Македонија – Единство создадена 1880 г.

Привремената влада на Македонија - Единство е политичка институција на народот во Македонија. Владат...

Иселеници

News image

ВОЛИНЦИ ЈА ОДРЖАА ХУМАНИТАРНАТА ВЕЧЕР

Во саботата, на 10-ти ноември, во прекрасните простории од...

Култура и туризам

News image

ИМПРЕСИВНИ ЦРТЕЖИ НА КАРПАТА „ЦРВЕНИЦА“ КАЈ СЕЛОТО ЛОПАТИЦА, ПРИЛЕПСКО

На околу 1 км западно од селото Лопатица, Прилепско, во подножјето на Селечка Планина, јужно од врво...

Фељтон

News image

Александар Македонски (58)

Во наредните продолженија ќе се обидеме преку порталот „Македонска нација“ да го п...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.