Среда, 08 Август 2018    PDF Печати Е-пошта
Лазар Маџаров

Lazar MadzharovЛазар Маџаров (1872 – 10. XI. 1907) е македонски револуционер, припадник на македонското револуционерно движење, член и раководител на Македонската револуционерна организација, втор по важност во Одринскиот револуционерен округ по Михаил Герџиков. Познат под псевдонимот Босилков, од 1899 година бил нелегален организатор и војвода во Лозенградско. Во 1904 година бил еден од членовите на Задграничното претставништво на МРО за Одринско. Загинал во борба со турска војска кај селото Лаџаќој, Дедеагачко, во 1907 година.

Лазар (Поп)Иванов Маџаров е роден во 1872 година во село Негован, Солунско, Егејскиот дел на Македонија. Тој е син на архимандрит Иван (Јона) Маџаров, егзархиски архиепископ во Солун. Во 1892 година ја завршил Егзархиската Солунска машка гимназиja и заминал за Бугарија каде учителствувал во селото Жеравна, Сливенско и во селото Рила, Дупничко. Во 1897 година бил назначен од Егзаехијата за главен учител во Лозенград, Одринско.

Лазар Маџаров влегува во Македонската револуционерна организација и станува раководител на маесниот револуционерен комитет. Тој набрзо ја проширил револуционерната мрежа во Лозенградско. Но, на крајот на учебната 1898/1899 година, по наредба на Егзархијата, Маџаров требало да го напушти Лозенград и да заземе наставнциите место во Лехчево, Македонија. Маџаров го одбил преместувањето, поради што Егзархијата го отпуштила од работа.

По напуштањето на наставничката работа Маџаров преминал во илегала и се оддава целосно на револуционерната работа. Од 1899 година бил нелегален организатор и војвода во Лозенградско.  Тој го придружувал Гоце Делчев за време на обиколката на Одринско во текот на 1900 година.

Во пролетта 1901 година, година дена по Керамидиоглувата афера, во која беше уништена револуционерната мрежа на Организацијата во Лозенградскиот реон, Маџаров застанува на чело на чета и се обидува да ја обнови мрежата. Во првата постојана агитациона чета во Странџа, влегуваат Лазо Лазов од Лозенград, Јани Попов од Карахадар, Јанко Стојанов од Мало Трново и Коста Тенишев од Лозенград.

Во април 1902 година учествувал на Пловдивскиот конгрес на Македонската револуционерна организација, каде што бил избран за војвода на Лозанградскиот револуционерен регион.

На 28 и 29 јуни 1903 година, Лазар Маџаров учествувал како делегат од Лозенградско на конгресот на Петрова нива, каде беше одлучено да се крене востанието во Одринскиот револуционерен округ. Тој беше избран за член на Главниот штаб и бил втор по важност во Одринскиот револуционерен округ по Михаил Герџиков. Во Илинденското востание учествувал како војвода на чета во планината Странџа.

По востанието ja раководи организациjaта во Родопите и Западна Тракиja. На конгресот на Одринскиот револуционерен округ во Варна во 1904 година бил избран за член на задграничното представшство на Одринско. Учествува на Рилскиот конгрес во 1905 година.

Лазар Маџаров загинал на 10 ноември 1907 година во битка со Турците во селото Лаџаќој, Западна Тракија со Петар Васков, Ѓорѓи Гешанов, Чанко Карабраканов и Јанаки Милков. Денес гробот на револуционерите се наоѓа во старото егзархиско гробиште во Лутрос.

 

На прво место

News image

Владата мора да одговори колку пари годишно троши за советниците на Заев?

Одродената и криминална власт предводена од аболицираниот Заев безмилосно ги троши парите на гра...

Историја

News image

Привремена влада на Македонија – Единство создадена 1880 г.

Привремената влада на Македонија - Единство е политичка институција на народот во Македонија. Владат...

Иселеници

News image

ВОЛИНЦИ ЈА ОДРЖАА ХУМАНИТАРНАТА ВЕЧЕР

Во саботата, на 10-ти ноември, во прекрасните простории од...

Култура и туризам

News image

ИМПРЕСИВНИ ЦРТЕЖИ НА КАРПАТА „ЦРВЕНИЦА“ КАЈ СЕЛОТО ЛОПАТИЦА, ПРИЛЕПСКО

На околу 1 км западно од селото Лопатица, Прилепско, во подножјето на Селечка Планина, јужно од врво...

Фељтон

News image

Александар Македонски (58)

Во наредните продолженија ќе се обидеме преку порталот „Македонска нација“ да го п...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.