Среда, 15 Август 2018    PDF Печати Е-пошта
Григор Тотев

Grigor Totev IMARO Sehovo

Григор Тотев (10. V 1868 – 11. VI 1934) е македонски револуционер, кукушки војвода на Македонската револуционерна организација. Познат како Григор Тотето, тој беше еден од четворицата најдоверливи соработници на Даме Груев, преку кои се организираа тајни состаноци и се испраќаше и примаше тајната пошта на Организацијата. Поради серизноста на болеста, тој се префрла во Бугарија, каде е опериран и подоцна работи Македонската корпоративна банка и е член на Гевгелиското братство и на Илинденската организација.

Григор (Глигор) Иванов Тотев е роден на 10 мај 1868 година во гевгелиското село Сехово (денес грчки Идомени), Егејскиот дел на Македонија. Во 1892 година завршил прв клас на егзархиската гимназија во Солун. Во 1894 година влегол во ВМРО, привлечен од Гоце Делчев и Атанас Мурџев и работел како книжар кај Петар Сарафов.

Григор Тотев потоа работел како учител во Долна Џумаја (1895), Горна Џумаја (1896/1897), Бајалци и Мачуково (1898-1900) и Шљопинци (1901). Како учител тој постојано бил во контакт со населението и своето учителствување го користел за ширење на организационата мрежа на Македонската револуционерна организација.

Гевгелискиот раководител на МРО Илија Докторов пишува: "Во тие два анови - хотели, кои беа еден до друг, постојано доаѓаа Васил Панчев, Поп Стамат Танчев, Атанас Мурџев и Григор Иванов Тотев. Овие четворица беа најдоверливите соработници на Даме Груев. Преку нив беа организирани тајните состаноци на Даме Груев со лица кои доаѓаа од провинцијата по организациски работи; тие добиваа задачи од сериозен карактер, беа во постојан контакт со сите терористи и преку нив се испраќаше и примаше тајната пошта од провинцијата.“

По Солунската и Бајалската афера, кои избувнале во почетокот на 1901 година, Тотев е баран од властите и во февруари бил принуден да премине во илегала заедно со гевгелискиот учителител Аргир Манасиев и стојаковскиот Ташко Мицев од Шљопинци.

Григор Тотев потоа станал секретар во четата на Крсто Блгаријата. Од август 1901 година е самостоен војвода во Кукушко. Во октомври 1901 година го казнува предавник на четата на Андон Ќосето од Калиново. Во 1902 година негов четник е Туше Георгиев - Големата гајда, а исто така и Христо Мицов и Дино Крундурски.

Во март 1903 година, Григор Тотев кој бил сериозно болен, отишол на лечење во една италијанска болница во Солун, а потоа преку Пиреја по морски пат се префрлил на понатамошно лечење во Бугарија. Во 1915 година Тотев бил опериран и му бил отстранет еден бубрег. Подоцна, тој работел како архива-регистратор и домаќин во Македонската кооперативна банка, а бил член на Гевгелиското братство и на Илинденската организација.

Григор Тотев умира на 11 јули 1934 година во Софија. Пред својата смрт тој ги пишува своите кратки спомени кои се публикувани во 1939 година во списанието „Илустрација Илинден“.

 

Историја

News image

Едмонд Бушие де Бел напишал книга под наслов: „La Macedoine et Les Macedoniens", (Раriѕ 1922, 80, IV. 303)

Едмонд Бушие де Бел, роден на 23 август 1878 година во Везиње, Франција. Завршил класична гимназија ...

Иселеници

News image

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски - најголемиот инвеститор од македонското иселеништво (11)

По осамостојувањето на Република Македонија, господинот Ат...

Култура и туризам

News image

Македонски литературен кружок во Софија

Македонскиот литературен кружок беше формиран во август 1936 година, при редакцијата на весникот „Ма...

Фељтон

News image

Александар Македонски (50)

И овој пат ќе нагласиме дека во изминатите, а и во наредните продолженија ќе се обид...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.