Среда, 03 Октомври 2018    PDF Печати Е-пошта
Наум Пејов

Prva makedonska egejska brigada 1944

Наум Пејов (13. XI 1919 – 21. V 2003) е македонски револуционер, припадник на Македонското националноослободително движење. Тој бил член на КПГ (1938) и непосреден учесник во Антифашистичкиот отпор. Бил командант на Партизанскиот одред „Лазо Трповски“ и заменик-политички комесар на Првата егејска бригада. Пејов бил противник на политиката на КПГ во однос на македонското национално прашање и по Втората светска војна живее во Македонија.

Наум Пејов е роден на 13 ноември 1919 година во селото Габреш, Егејскиот дел на Македонија. Во 1938 година тој станал член на Кумунистичката партија на Грција (КПГ), а поради својата дејност во 1939 година бил уапсен и затворен.  

Во текот на Втората светска војна, Наум Пејов учествувал во итало-грчката војна (1940-1941), а по окупацијата на Грција во 1941 година од страна на германските, италијанските и бугарските фашистички војски, станал нелегален и е еден од главните организатори на комунистичкиот отпор во Костурско.  

Во април 1942 година во реонот на Корешта во манастирот св. Троица се формирал партизански одред составен претежно од Македонци на чело со Наум Пејов и Коста Тропвски. При формирањето на одредот присустѕвувал и Лазо Трповски кои се залагал за формирање на македонски одреди. 

Во текот на летото 1943 година, Окружниот комитет на КПГ за Костурско го назначи Наум Пејов за раководител на операциите против "Охраната" во Габреш, Брезница, Смрдеш и Руља

Во есента 1943 година Наум Пејовстанал командант на партизанскиот одред "Лазо Трповски". Член е на окружниот комитет на Славјаномакедонскиот народноослободителен фронт (СНОФ) за Костурско (декември 1943 - април 1944 година).  

Малку пред крајот на војната, во мај 1944 година, стравувајќи дека Македонците ќе создадат силна војска, која би била важен фактор во северна Грција, ЦК на КПГ издава наредба за расформирање и разоружување на СНОФ. Незадоволни од решението на КПГ за расформирање на македонските баталјони, некои од командантите на СНОФ, предводени од Павле Раковски и Вангел Ајановски - Оче, заедно со цели баталјони преминуваат во Вардарска Македонија. 

При распуштањето на СНОФ, силите на ЕЛАС го задржуваат на 8 мај 1944 година Наум Пејов, но тој успеал да се ослободи од притвор на 16 мај 1944 година На предлог на Кирил Георгиевски - Дејан, Пејов организирал некои од партизаните и активисти на СНОФ во одделен одред со кој се префрлол во Вардарскиот дел на Македонија.

Наум Пејов бил назначен за заменик-командант на Првата егејска ударна бригада, создадена во Битолското село Драгош во ноември 1944 и распуштената во април 1945 година.

По 1945 година, Наум Пејов зазема високи политички и државни функции во Република Македонија и во југословенската федерација, вклучувајќи пратеник во Републичкиот парламент во Скопје и во федералната Собрание во Белград.  

Наум Пейов напишал книги поврзани со историјата на Егејска Македонија по 1941 година. Зад себе ќе ги остави делата: Прилози за односот на раководителите на КПГ по македонското национално прашање (1953); Македонците и граѓанската војна во Грција (1968) и Заговор против Македонија (1993)

 Пејов Наум умира на 21 мај 2003 во Скопје.

 

Историја

News image

140 години од МАКЕДОНСКОТО ВОСТАНИЕ во Кресна, Пиринска Македонија!

Печатот на Главниот штаб на МАКЕДОНСКОТО востание, на кој убаво се чита им...

Иселеници

News image

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски - најголемиот инвеститор од македонското иселеништво (15)

Семејното дрво на Атанасовски е интересно со своите личнос...

Култура и туризам

News image

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (13)

ВОВЕДУВАЊЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА ВО ХРАМОТ

Фељтон

News image

Александар Македонски (54)

Овде, во Опис, на најблиската точка до Вавилон и на линијата за комуницирање со Запа...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.