Среда, 10 Октомври 2018    PDF Печати Е-пошта
Христо Трајков

Hristo Traykov

Христо Трајков (26. XII 1897 — 24. I 1933) бил македонски револуционер и политички деец. Бил член на ВМРО (обединета) и Бугарската комунистичка партија (БКП). Учествувал во издавањето на весниците „Македонски студентски лист“, потоа „Македонско знаме“ и други Поради македонските идеи, Трајков бил извесно време интерниран во селото Варбица, Преславско. Во Народното собрание на Бугарија се истакнал како непомирлив борец за правта на Македонците во Бугарија.

Христо Трајков е роден на 26 декември 1897 година во градот Кукуш, во семејството на коларот Трајко Христов и Елена Чулева. Во 1913 година завршил основно образование во католичкото училиште во родниот Кукуш.

По Втората балканска војна, семејството на Христо Трајков емигрирало со брод од Солун во Ѓумуриџина, тогаш во Бугарија, каде живеел неговиот постар брат Стојчо. Потоа се преселиле во градот Струмица, кој бил окупиран од Бугарите. Во 1915 година починал татко му, а сиромаштијата го натерала Христо повторно да се врати во Ѓумуриџина, каде работел како поштенски службеник. Но поради читање на забранети книги и дружење со „неблагонадежни момчиња“ бил отпуштен.

По завршувањето на Првата светска војна, во 1918 година, Христо Трајков се преселил во Крџали, каде работел како собирач на данок пет години.  Во 1922 година, тој се населил во Софија, каде работел како чевлар и станал член на здружението на кожаро-чевларските работници. По септемвриските настани во 1923 година, тој помогнал повторно да се започне синдикалното движење и да се изградат Независните работнички професионални сојузи.

Христо Трајков во бугарската престолнина се поврзал со македонските емигранти од Кукуш и станал член на ВМРО (Обединета). Работел во Кукушкото братство и соработувал со Бугарската работничка партија - комунисти и станал член на нејзиниот Градски комитет. Бил член на ЦК на ВМРО (Обединета) и на Општиот емигрантски комитет. Учествувал во издавањето на весниците „Македонски студентски лист“, потоа „Македонско знаме“ и други.

Во 1931 - 1933 година, Христо Трајков бил народен пратеник. Во Народното собрание на Бугарија се истакнал како непомирлив борец за правата на Македонците во Бугарија. Како народен пратеник од БКП во 1932 година поднел приговор по повод киднапирањето прогресивните Македонци - браќата Михаил и Борис Сматракалеви. По овој повод ќе истакне:

„Во Пиринска Македонија во името на ослободението и независноста на Македонија, се затнува устата на Македонците – за да молчат и да не расудуваат. Ние прашуваме: како тие коишто го прават сето тоа во името на правата и слободата на македонскиот народ, поробен под српска и грчка власт, имаат морално право да водат борба против српската и грчката тиранија во нашата поробена Македонија?!…  …Да не се заборави, македонското население во Петричката околија, вака или онака, претставува потиснато национално малцинство, зашто за нас Македонците, Македонија e разделена на три и е поробена во трите дела.“

Христо бил тежок противник на михајловистите, поради што му била изречена смртна пресуда. На конгресот на ВМРО во 1932 година во Софија тој успеал да влезе инкогнито и да се искаже обвинувајќи ги михајловистите дека соработуваат со дворецот и реакционерните влади.

Поради ваквите активности, истата година како пратеник полицијата го интернирала во село Врбица, Преславско. По барање на обвинителството му бил одемен пратеничкиот имунитет, бидејќи против него бил подготвен обвинителен акт за противодржавна агитација и пропаганда, која ја водел како одговорен уредник на весникот "Работничка дело"..

Подоцна Трајков бил фрлен во затвор како одговорен редактор на весникот „Работническо дело“. Таму, неговите противници се обиделе да го убијат, но неговите другари успеале да го разоткријат заговорот и да го спасат.

Сепак, Христо Трајков бил убиен од михајловистите на 24 јануари 1933 година во Софија.

 

Историја

News image

140 години од МАКЕДОНСКОТО ВОСТАНИЕ во Кресна, Пиринска Македонија!

Печатот на Главниот штаб на МАКЕДОНСКОТО востание, на кој убаво се чита им...

Иселеници

News image

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски - најголемиот инвеститор од македонското иселеништво (15)

Семејното дрво на Атанасовски е интересно со своите личнос...

Култура и туризам

News image

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (13)

ВОВЕДУВАЊЕ НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА ВО ХРАМОТ

Фељтон

News image

Александар Македонски (54)

Овде, во Опис, на најблиската точка до Вавилон и на линијата за комуницирање со Запа...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.