Среда, 17 Март 2010    PDF Печати Е-пошта
Никола Бадев

Никола БадевПараходот во изведба на големиот Никола Бадев, e песната на бардот на Македонскиот мелос. Никола Бадев во меморијата на неколку генерации, беше и останува кралот на Македонската народна песна.

Нема Македонец по сите меридијани кои непотпевнува песна од Никола Бадев, нема Македонец на овој век кој не го слушнал неговиот глас, кој иако после долги години од неговото заминување од живите, го растреперува срцето на оние кои ги слушаат неговите интерпретации. Човекот кој преку Македонската песна ќе допира до светот додека постојат сентиментални и весели луѓе. Песна која обелеќува со Македонски ритам и емоции.

Никола Бадев е еден од неколкуте изведувачи на Македонската песна кои што работат во периодот после втората светска војна. На 10 годишна возраст тој почнува да свири виолина и станува член на фолклорниот ансамбл во Кавадарци, во градскиот хор на Васил Хаџиманов, а подоцна станува познат како фудбалер на фудбалскиот клуб „Југославија“. После втората светска војна се сретнува повтроно со Васил Хаџиманов и токму оваа случка влијае на понатамошната кариера на Бадев како пејач.

Во 1948 го прави своето прво деби на програмата на Радио Скопје и тогаш почнува неговата блескава кариера. Тој станува еден од легендите коишто го интерпретираат и афирмираат Македонскиот фолклор.

Неговите први песни коишто тој ги сними за музичката продукција на Радио Скопје, на 5 август 1955 беа: „До три ми пушки пукнале“, „Мама Тоде учеше“, „Залајала црна кучка“, „Петлите пејат ден ми се дени“, „Нели го видов Асанеја“. Неговиот прв дует е со Мирвет Белковска на 5-ти  септември 1955 год. За музичката продукција на Радио Скопје тој има снимено преку 200 песни меѓукои и соло и дует.

Мотивите на овие песни се лирски, љубовни мотиви, хумористични, револуционерни, мотиви од животите на луѓето кои оделе да работат во странство.

Бадев има снимено преку 100 плочи за музичките продукции во поранешна  Југославија. Првата плоча е направена во 1952 год. за „Југотон“ за песната „Тешка беше нашата разделба“. Во 1964 год. ја доби наградата „Златна плоча“ на фестивалот „Илидија“ за народна музика, а во 1967 на фестивалот „Семптември во Ивањици“, заедно со неговата ќерка, Бадев ја освои првата награда. Честопати беше и гостин на фолклорниот ансамбл „Танец“ како и на други фолклорни групи од Македонија. Исто така учествуваше како гостин и на многу други ансамбли од Белград, Загреб, Сараево.

Многумина имаат кажано дека Бадев беше исклучително талентиран пеач, секогаш исполнувајќи живописно со богато украсени мелодии. Никола Бадев е еден од неколкуте исполнувачи на Македонската песна коишто ја направија популарна ширум светот. Со неговата интерпретација Никола Бадев остави исклучителни белези во нашиот фолклор.

Познати песни од Никола Бадев коишто тој ги има изведувано:

-  Ацано млада невесто
-  Ој Јано Јано
-  Праша ли Тинке мајка ти
-  Заплакало селото Ваташа
-  Не се бели Маре мори
-  Мајка на Марика думаше
-  Кажи Рајне кажи душо
-  Мори моме Магде
-  Стани моме да заиграш
-  Ајде дали знаеш паметип Милице
-  Слегов долу во визбата

Освен како пејач, Никола Бадев бил познат и како собирач на народни песни.

Неколку пати ја обиколил земјата и светот. За своите 58 години живот стана вистински народен уметник, а самиот за себе рече- песната е мојот живот.

Никола Бадев замина од овој свет одамна. Сепак, со својата интерпретација остави неизбришливи траги во нашето Македонско песнопојно творештво, ги испеа најлирските песни, ги разбуди најдлабоките чувства на слушателите и како птица- славеј го прелета светот на кој му раскажа дека на Балканот постои еден народ, мал по бројност, но голем по своето културно, уметничко и историсико богатство.

Анка Гиева, Гоце Арнаудов, Виолета Томовска, Наум Петревски, Зуица Лазова, Атина Апостолова се само некои од пејачите кои ги изведуваат најпознатите песни на Бадев.

Никола Бадев, еден од татковците на Македонската народна музика, воедно и еден од најдобрите интерпретери на Македонската народна песна. Имаше глас како славеј, кој долго, долго ќе го памтиме и слушаме. Бадев можеде да испее тон кој шо не можи ни инструмент да го исвири ...- велат неговите обожаватели.

Роден во Глишиќ кавадаречко, 1918 година, и од првиот настап во 1948 на Радио Скопје, отпочна неговата блескавата кариера- на легендарниот мајстор на староградските и чалгаџиски песни.

Неговото семејство- за Никола Бадев низ сеќавања

Неговата керка Роска Бадева, во спомен на својот татко, и песните испеани од грлото на Бадев, напиша монографија, како и три дела "Збирка на народни песни на Никола Бадев".

"Татко ми собрал 800 песни, ги селектирав и од нив одбрав 400, кои се најдоа во трите збирки. Претстои уште една, а би сакала да ја проширам и монографијата затоа што имам многу нови податоци за него. Инаку, тој е роден среде убавата Тиквешија, лулката на виновата лоза, во селото Глишиќ, кава даречко место каде што луѓето ги красат ведрина, питомост и надареност за песна и за свирка. Роден е во семејство во кое многу се пеело, затоа уште како дете пројавувал интерес кон музиката и песната. Иако самоук, сепак тој умеел да свири на виолина, тамбура и хармо ника, а бил и многу добар играорец, но и нешто што е спротивно од музиката – одличен фудбалер",- вели неговата ќер ка Роска.

Говорејќи за својот татко, госпоѓа Бадева потсети и на неговите почетоци и секако градењето на неговата кратка, но плодна музичка кариера. Господинот Никола Бадев првиот настап го имал на Радио Скопје во 1948 година. Всушност, тој настап беше почеток на една блескава кариера на естраден уметник и една од легендите на интерпретаторите и афирматорите на македонската песна. Од тогаш тоа ретко грло ги испеа познатите јлирски песни. Нe водеше по сокаци, на чардаци, пееше за копнежот на вљубените, оживуваше ли кови и војводи. Многу пати ја обиколуваше својата земја и светот. Беше вистински народен пејач, национално име, ја имаше таа сила да возбуди и да расплаче со своите песни - вистински мали химни од мерак, љубов, легија и носталгија. Сe тоа го постигна со своите неполни 58 години живот.

"Беше многу добар човек. Имаше кадифена душа, сите го сакаа. На секого сакаше да му помогне. Со него почнале и Анка Гиева, Есма, Виолета Томовска...
Со Васка Илиева имаше отпеано најмногу дуети, но отпеа песни и со Сариевски, Караѓуле, Макеларска и со други", додава госпоѓа Бадева.

Иако гласот насекаде му е препознатлив, сепак неговото име најмногу е поврзано со песната "Параходот". Историјата на оваа песна, почнала на едно патување на господинот Бадев заедно со Трајана Манчева, патронот на културно- уметничкото друштво "Никола Бадев" од Кавадарци. На тоа патување таа му ја испеала песната, потоа малку нешто промениле во неа и оттогаш "Параходот" стана негова лична карта.

"Најмногу сакаше да ја потпевнува 'Параходот', која стана химна на Кавадарци, но ги пееше и 'Збогум мила','Блазе тебе Митро', ги потпевнуваше оние песни со рубато темпо. Меѓутоа, тој имаше и многу весели песни - 'Стани моме да заиграш', пееше и комитски, хумористични, песни од сите жанрови.

Никола Бадев имаше компонирано и свои песни, но во тоа време не можеше да има новокомпонирана песна, така што мораше да каже дека таа песна е народна. Затоа многу негови песни се претопија во народни. Но, болеста го пресече во 58-та година, меѓутоа и во тие тешки моменти тој пееше. Секаде каде што одеше тој пееше...
Бадев отпеа и многу весели песни, како- Стани моме да заиграш, пеел и комитски,хумористични, песни од сите жанрови.

„Детството со него ми беше многу среќно, нашата куќа беше постојано со игра и песна“, вели Роска Бадева. Татко ми Никола беше единствен човек, со неговиот златен глас тој беше амбасадор на Македонската народна песна, со гордост изјавува постарата ќерка Сузана.

„Се сеќавам во младоста кога доаѓаше од странство постојано раскажуваше за неговите доживувања со иселениците, како плачат и како го дигаат во раце, тагуваат за земјата која е напуштиле“, вели Сузана Бадева. „Јас 15 години бев кога заминав од Кавадарци, тој остана тука, а јас заминав на печалба“, вели Димитар Бадев.

Најомилена песна на семејството е „Ајде дали знаеш Милице“ посветена на сопругата на Никола Бадев, Милица, песна која секогаш се пее на семејни веселби.

Во родниот град на Бадев, Кавадарци, откриена е спомен- биста со неговиот лик.
 

На прво место

News image

ЗОРАНЕ ЗАЕВ, НЕ СУМ ТУКА ДОЈДЕН ДА ТЕ МОЛАМ, ТУКА СУМ ДОЈДЕН ДА ТИ КАЖАМ- ГОТОВ СИ!!!!!

  ОВА Е ПОСЛЕДНАТА ТВОЈА ОЛ-ИН ИГРА! ОВА Е ПОСЛЕДНАТА РАКА НА НЕУКИОТ КОЦКАР КОЈ...

Историја

News image

Одлука за кревање на востанието – прво и второ Софиско советување

Во јули 1902 година во куќата на Бојан Биолчев во Софија се одржала средба на која присуствувале: Го...

Иселеници

Култура и туризам

News image

Александар ДОНСКИ : ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ РОМАНОТ „КУРБАН“ ОД ВЕЛИКА ЏАНГАЛОВСКА ГАТСИС

Деновиве во издание на МЛД „Григор Прличев“ од Сиднеј (со издавачот Душан Ристевски) излезе од печ...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (49)

ГОЛЕМИ ПРЕСЕЛБИ НА СКИТИТЕ-ПРАСЛОВЕНИТЕ НА БАЛКАНОТ - НОВО ПРЕОБЛИКУВАЊЕ НА ПРАИСТ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.