Четврток, 22 Ноември 2018    PDF Печати Е-пошта
Таки Даскало

1Таки Даскало

Димитар Николовски (17. XI 1921 - 3. V 1942) е македонски политички деец и првоборец. По капитулацијата на Југославија се вклучил во Националноослободителното движење предводено од македонските комунисти. Познат како Таки Даскало, тој бил еден од организаторите на Илинденските демонстраци во Битола во 1941 година. Во април 1942 година учествувал во формирањето на Првиот битолски партизански одред „Пелистер“ кај селото Лавци. Неговото загинување во борба со окупаторот е опеано во народните песни.

Димитар Николовски е роден на 17 ноември 1921 година во Битола, како прво дете во семејство на битолски книжар. Во родниот град, завршил четврти клас полуматура, а потоа своето образование го продолжил во Скопската учителска школа, каде влегува во кругот на прогресивните младинци.

Поради својата активност Димитар бил остранет од училиштето, по што тој своето образование го продолжил во учителската школа во Цетиње, Црна Гора. Но набрзо и од таму бил отстранет поради своите антифашистички дејности, па своето образование го продолжил во Алексинац во Србија.

За време на Втората светска војна, окупацијата на Југославија го затекнала Димитар во Битола. За да го заокружи своето образование, тој заминал во Алексинац од каде ги зел документите и потоа го положил матурскиот испит во Битола.

По капитулацијата на Југославија во април 1941 година, Димитар Николовски или Таки Даскало откако ја завршил учителска школа, се вклучил во Националноослободителното движење предводено од македонските комунисти. Тој станал член на Комунистичката партија.

Таки Даскало бил еден од организаторите на Илинденските демонстраци во Битола на 2 август 1941 година. Поради своите активности тој бил забележан од окупаторските власти и прогонуван.

На 11 октомври 1941 година агентите го забележуваат низ улиците на Битола и се обиделе да направат претрес во неговиот дом. Изложен на прогон, кон крајот на 1941 година, тој станал еден од првите илегалци во Битола. Меѓутоа, поради опасноста од дејствувањето во илегала во Битола, со одлука на Месниот комитет на КПЈ, Таки Даскало бил префрлен во селото Лавци.

Во април 1942 година, Таки Даскало учествувал во формирањето на Првиот битолски партизански одред „Пелистер“ кај селото Лавци. Тој бил избран за политички комесар со партизанско име „Шумски“.

Таки Даскало загинал на 3 мај 1942 година во борбата со бугарските сили на прогонот кај село Ореово, во Ореовската Корија. Во оваа битка, покрај Таки Даскало загинала и Елпида Караманди.

Загинување на учителот Таки Даскало е опеано во народната песна „Таму ле, мајко, близу Битола“:

Таму ле мајко, близу Битола,
во ореовската густа корија,
Таки Даскалот смело загина
со неговата верна дружина,
со нив загина смела девојка,
млада Елпида Карамандова.

Предадени од клети шпиуни,
ги сардисаа од сите страни,
пушки згрмеа, бомби трештеа,
крвава почна борба нерамна.

Тогај извика Таки Даскалот
на неговата верна дружина:
- Фрлајте бомби, тиран сотрете,
живи во рака не се давајте.

Клети тирани во борба нерамна
сета дружина му ја убија,
Таки Даскалот жив не се даде,
откачи бомба, над неа легна,
самиот крвта си ја пролеа,
за слободата на Македонија.

 

Историја

News image

ЦИА за заедничката судбина на децата-бегалци од грчка и македонска националност

Во оваа прилика пренесуваме како агентите на ЦИА во 1953 година во детали известувале за состојбат...

Иселеници

News image

Митрополитот Кирил – првиот архиереј во македонското иселеништво (5)

  ДЕЛ ОД ПАТОТ НА УСПЕХОТ НА КУМАНОВСКО-ПОЛОШКИОТ АР...

Култура и туризам

News image

ДА СИ ВЕЧНА ЗЕМЈО МОЈА

ПРОМОЦИЈА НА ЕТНО ЗАПИС - „ДА СИ ВЕЧНА ЗЕМЈО МОЈА”  

Фељтон

News image

Александар Македонски (63)

Александар Македонски (63)

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.