Среда, 30 Јануари 2019    PDF Печати Е-пошта
Милан Стоилов

Milan StoilovМилан Стоилов

Милан Стоилов (14. I 1881 – 6. IX 1903) е македонски револуционер, член-основач на ТМОК (1900–1903) и член-основач и секретар на МНЛД во Санкт Петербург (1902–1903). По објавувањето на Илинденското востание, заедно со неколцина други членови, заминува во Македонија и загинува како востаник во борба со Турците кај кочанското село Витоша.

Милан Трајков Стоилов е роден на 14 јануари 1881 година во Кукуш, Егејскиот дел на Македонија. Во 1892 година завршил основно училиште во Кукуш, а во 1895 година трикласно училиште во родниот град. Потоа своето образование го продолжува во Егзархиската духовна семинарија во Цариград, која ја завршил јули 1902 година.

На 14 август 1902 година, Милан Стоилов веќе пристигнал во Русија и во септември се запишал на Военомедицинската академија во Санкт Петербург.

Во С. Петербург, Стоилов веднаш станал член на Тајниот македонско-одрински кружок (ТМОК), а меѓу првите и потписник на основачкиот акт на Македонското научно-литературно другарство (МНЛД). На второто заседание на Другарството, кое се одржува на 29. декември 1902 година бил избран и за секретар-записничар.

По објавувањето на Илинденското востание, Милан Стоилов заедно со група студенти, , заминува во Македонија. Милан со неколцина други членови како Јули Розентал и Александар Соколов се вклучува  во четата на Никола Дечев.

На патот кон внатрешноста на Македонија четата е пречекана од турски аскер меѓу селата Витоша и Лески, На 5 септември 1903 година Александар Соколов, Марко Марков (студент-математичар) и Милан Стоилов загинуваат како востаници во борба со Турците кај кочанското село Витоша.

 

На прво место

News image

Бојкотот му одговара на Заев – глас за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ значи пад на власта!

Николоски:Бојкотот му одговара на Заев – глас за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ значи пад на власта!

Историја

News image

Македонија–создавана низ вековите

Запознај ја татковината за да ја сакаш повеќе!

Иселеници

News image

ПРЛИЧЕВИ БЕСЕДИ ВО СИДНЕЈ

Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сид...

Култура и туризам

News image

ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА – КРАЛИЦАТА НА РОМСКАТА ПЕСНА (10)

ЕДЕН ДЕН СО КРАЛИЦА НА ПЕСНАТА ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА – I ДЕЛ

Фељтон

News image

Александар Македонски (71)

АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ГИ ПОТТИКНА НАУЧНИЦИТЕ ВО УНАПРЕДУВАЊЕТО И РАЗВОЈОТ НА РАЗЛИ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.