Среда, 31 Март 2010    PDF Печати Е-пошта
Ристо Шишков
Ристо  ШишковВЕЛИКАН НА МАКЕДОНСКОТО ГЛЕДАЛИШТЕ

Мајсторство што во протег на релативно краток век од одвај дваесеттина години Македонија го доби како награда (од 1962-64 до 1984-86, кога тој ќе ги одигра последните ролји).

Ристо Шишков е актер кој во историјата на македонскиот театар зазема прецизно и исклучително место.

Прославениот македонски актер, Ристо Шишков, живееше и создаваше кратко време. Тој почина на 46-годишна возраст кога го достигна центарот на своето актерско творештво, кога најмногу можеше да му даде на театарот, кога најмногу беше потребен.

Таканаречен феномен Шишков

Да се зборува така – студено, рационално, дистанцирано, егзактно – за флуидниот, ефемерниот, во голема мерка емотивниот феномен каков што е актерската игра, можеби и не е толку компликувано колку што е невообичаено, барем кај нас (и, барем, засега).

Можеби токму преку кариерите на тројца врвни актери треба да се определуваат и вреднуваат трите клучни епохи/фази од развојот на македонското актерско мајсторство:

Првиот е Петре Прличко, амблематски знак за онаа иницијална, интуитивна – битовска – и уште сосема миметичка фаза од македонската театарска историја.

Вториот е Ристо Шишков, парадигма за онаа фаза којашто хронолошки ќе уследи, а ќе биде мошне настојчива околу сопствената едукација, разбирајќи ја како единствениот модус низ/преку кој умешноста ќе ја престорува во вистинската уметност; овој напорен процес на себеобмислување ќе функционира така што ќе воспоставува, усвојува и практикува проверен метод на игра, веќе докажан и прославен систем – се разбира, оној на Станиславски; Шишков и неговата актерска генерација методолошки и фактички и припаѓаат имено на таа голема школа/традиција;

Третиот е Ненад Стојановски, синоним на онаа фаза којашто драматично ќе ја наметне не само една поинаква чувствителност, туку и сосема поинакво разбирање на театарот (како уметност, ама и како медиј) – оваа етапа/фаза ќе ја афирмира таканаречената имагинативна глума, онаа што американскиот педагог и режисер Мајкл Чеков ја опишува како способност/кадарност да се замисли (а не да се доживее/преживее) она што и треба да се одигра.

Легендите за еден актер што записите (критички и други) безмалку до денешен ден не научија да го дескрибираат/ толкуваат освен како „вонредно талентиран“, „високо креативен“, „мошне интересен“, „експресивен“, „робустен“, „маестрален“, „врвен“, „вонреден“, „голем“, „генијален“, „фантастичен“... а најмногу му прилега епитетот "великан на македонското гледалиште".

Во една од оние алегориски опсервации коишто се осмелија да отидат најдалеку, ќе се најде и квалификативот кој ги надминува сите останати: според неговиот автор, Шишков е „водоскок на сцената“!

Неговата важна естетичка позиција во историјата на македонсакиот театар, филм и македонската култура воопшто, како и сите легенди, и овие – актулени – за и околу Шишков ги имаат своите поттикнувачи, поддржувачи и чувари, што е сосема разбирливо, и убаво. Шишков – великанот на македонското глумиште тешко дека ќе им е доволна сама-по-себе.

За да го протолкуваме Шишков онака како што треба – а треба да го толкуваме како великан на македонското глумиште, но и како протагонист на една од трите клучни фази во неговиот развиток, бидејќи тој и е токму тоа – треба да се потпреме на онаа клучна истражувачка метода врз којашто е втемелена театролошката наука „како таква“, метода на реконструкција. Имено, за да разбереме ЗОШТО Шишков треба да го разбираме како еден од најважните македонски актери, протагонист на една од трите клучни фази во развитокот на македонската глума и великан на македонското глумиште, треба внимателно да го реконструираме контекстот во кој тој агира не само во текот на оние веќе двапати спомнувани најпродуктивни години од неговата кариера (1966-1979), туку и севкупниот контекст на неговата граѓанска и уметничка биографија.

На 23 март 1940.- Во селото Мрсна, кај Серез, Егејска Македонија, е роден Ристо Шишков, македонски драмски, филмски и телевизиски актер. Својата љубов кон театарската уметност почна да ја манифестира уште во училишните клупи во Струмица. Академија за театар заврши во Белград, во 1963 година. Постојан член на Македонскиот народен театар стана од 1964 година. Во децениското живеење на оваа сцена, тој оствари многу ликови. Освен на театарската сцена играше речиси и во дваесеттина македонски играни филмови („Републиката во пламен“, „До победата и по неа“, „Црно семе“, „Жед“, „Истрел“, „Црвениот коњ“ и во други филмови).

Татко му Васил и најстариот вујко биле мразени од Грците и лежеле 4 години затвор на Крит. Во 1942 година Ристо ја доживува трагичката судбина на децата бегалци. Преку Бугарија во 1945 година неговото семејство доаѓа во Струмица, каде тој се школува.

Ристо Шишков во 1979 е обвинет за навреда на српски и хрватски артисти, исто како и навреда на Тито. Во 1980 е осуден и заминува во затвор. По боледување умира на 17 јуни 1986 година во Скопје.

Театарот, кога најмногу беше потребен

Едуциран според принципите на театарската школа на Станиславски, односно според онаа варијанта на таа школа каква што се практикуваше (како метод) на тогашната белградска Академија, Шишков темелно ги совладал нејзините два најсуштествени методолошки посулата: актерско/творечко самопочитување и фамозниот процес на преживување.

Неспорно талентиран и неспорно одлично подготвен за својата идна мисија, Шишков најпрво чиракувал во реномираниот театар каков што е Југословенско драмско позориште. Во раните шеесетти години овој театар се уште важел за репрезентативна институција во која има место само за најдобрите. Несомнено е дека Шишков е еден од нив.

Во текот на својата 26-годишна професионална кариера, Ристо Шишков играл во 54 театарски претстави, снимил 11 филма (во дванаесеттиот, "Води", неговата ролја е преснимена), пет телевизиски драми и три телевизиски серии, додека бројот на радиодрамите не може да се утврди, заради непостоечка документација. Безмалку половина од сите ролји што ги одиграл се главни, околу четвртина се насловни: Иванов, Дон Цезар, Мезгрејв, Хелдерлин, Леоне Глембај, Питу Гули, Гоце Делчев...

Добитник е на две филмски награди - и двете на Фестивалот на актерски остварувања во Ниш, за филмовите "Планината на гневот" (1967 година) и "Најдолгиот пат" (1976 година) и на само една театарска награда на МТФ "Војдан Чернодрински" во Прилеп (1977 година) за улогата во претставата "Крчма под зеленото дрво". Него го познаваат како маркантна физичка појава со нагласена присутност не само на театарската сцена, туку и во секојдневниот јавен живот, со "општомедиумска слава", екстровертна личност со "бујна" природа.....

Прославениот македонски актер Ристо Шишков живееше и создаваше кратко време. Тој почина на 46-годишна возраст кога го достигна центарот на своето актерско творештво, кога најмногу можеше да му даде на театарот, кога најмногу беше потребен. Прерано замина од драмската сцена, филмот... Сепак, тој остави впечатливо актерско дело, остварено најмногу на театарската сцена. Зад себе остави брилијантни актерски улоги. Ценејќи ја важноста на делата кои ги остави личноста каква што беше Шишков, градот Струмица стана традиционален домаќин на Фестивалот на камерен театар што со гордост и пиетет го носи името на драмскиот уметник на сите времиња - Ристо Шишков.

Филмографија:

•    1966: До победата и по неа (Главна улога)
•    1967: Каде по дождот (Споредна улога)
•    1967: Македонска крвава свадба (Главна улога)
•    1968: Планината на гневот (Главна улога)
•    1969: Републиката во пламен (Главна улога)
•    1971: Црно семе (Главна улога)
•    1972: Истрел (Главна улога)
•    1975: Јад (Споредна улога)
•    1976: Најдолгиот пат (Главна улога)
•    1981: Црвениот коњ (Главна улога)
•    1984: Нели ти реков (Главна улога)

Песна од Ристо Шишков

Земи ги... очиве
моиве две остри сабји
нанижи си ги како два... Види повеќе
златни синџири
околу твоите бели гради.
Земи ја... устава
од неа вода да пиеш
јас ќе си одам в планина
и ќе ти бидам комита.
Јас сум ти твојот комита
Ристо Беломорски,
од Грамос и Вичо Планина
роден во време опасно,
време комунистичко.
Комунистиве глава кренаа
и мене в зандана турија
за моја жална
Македонија.
Комунистиве ми даваат
рубата комитска
да се претворам во
Турунџе
да се претворам во Гули
војвода
за да си ладам душава
душава моја изгорена.
Не сум ти јас Турунџе
ниту сум Гули војвода
јас сум си самиот комита-
Ристо Беломорски
Дај ми го....шмајзерот
јас да си одам в планина
там да си најдам дружина
дружина одбор комити.
На Грамос
ќе најдам Делчета
на Пирин ќе најдам
Сандански
на Бигла ќе најдам Јордан
Пиперка.
Дружба да дружам
со комити
дружба да дружам,
бој да си бијам
бој да си бијам со три
ламји со три аждаи
со варварите, татарите и
србоманите
што ми грабнаа убава
девојка,
ја грабнаа и оковаа со три
синџири.
Роб робува убава девојка
роб робува седумдесет
години.
Дај ми ја....сабјата
сабјата дипленица
да си искинам синџири
седумдесетгодишни
да си ослободам девојка
робинка
девојка робинка - лична
Македонија.
Земи ги........очиве
моиве две остри сабји
нанижи си ги како два
остри синџири
околу твоите бели гради.
Земи ја........устава
од неа вода да пиеш
јас ќе си одам в планина
и ќе ти бидам комита.
Јас сум ти твојот комита
Ристо Беломорски
од Грамос и Вичо
Планина.
 

На прво место

News image

ЗОРАНЕ ЗАЕВ, НЕ СУМ ТУКА ДОЈДЕН ДА ТЕ МОЛАМ, ТУКА СУМ ДОЈДЕН ДА ТИ КАЖАМ- ГОТОВ СИ!!!!!

  ОВА Е ПОСЛЕДНАТА ТВОЈА ОЛ-ИН ИГРА! ОВА Е ПОСЛЕДНАТА РАКА НА НЕУКИОТ КОЦКАР КОЈ...

Историја

News image

Одлука за кревање на востанието – прво и второ Софиско советување

Во јули 1902 година во куќата на Бојан Биолчев во Софија се одржала средба на која присуствувале: Го...

Иселеници

Култура и туризам

News image

Александар ДОНСКИ : ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ РОМАНОТ „КУРБАН“ ОД ВЕЛИКА ЏАНГАЛОВСКА ГАТСИС

Деновиве во издание на МЛД „Григор Прличев“ од Сиднеј (со издавачот Душан Ристевски) излезе од печ...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (49)

ГОЛЕМИ ПРЕСЕЛБИ НА СКИТИТЕ-ПРАСЛОВЕНИТЕ НА БАЛКАНОТ - НОВО ПРЕОБЛИКУВАЊЕ НА ПРАИСТ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.