Среда, 03 Април 2019    PDF Печати Е-пошта
Велко Велјанов– Чичето

1zВелко ВелјановЧичето

Велко Велјанов – Чичето (1874 – 18. IX 1943) е македонски револуционер и скопски окружен војвода, учесник во Илинденското востание. Велко познат како Чичето бил член на Македонската револуционерна организација од 1899 година. Учествувал во Илинденското востание во Скопско и во Првата светска војна во Бугарската армија. Во емиграција во Бугарија учествувал во убиството на првиот министер на земјоделската влада А. Стамболиски.

Велко Велјанов е роден во 1874 година во скопското село Црешево. Во 1899 година станал член на Македонската револуционерна организација, а во 1903 година учествувал во Илинденското востание во Скопско.

По Илинденското востание и појавата на вооружените пропаганди во Македонија во 1904 година, Велјанов кој бил назначен за скопски околиски војвода започнува долгогодишна борба со српската вооружена пропаганда во овој дел од територијата на Македонија.

Велко Велјанов – Чичето учествувал и во Првата светска војна во Бугарската армија. По завршување на војната бил уапсен од српските власти и затворен во скопскиот затвор. Меѓутоа, успеал да избега од затвор и да се приклучи на обновената ВМРО. 

По приклучувањето на обновената Македонска револуционерна организација, искусниот македонски револуционер повторно бил назначен за скопски окружен војвода. Од 1922 до 1934 година тој дејствува како војвода во скопскиот реон. Поради неговите активности страда неговото семејство. Во српските затвори умира неговиот татко и неговите две малолетни деца.

Во 1923 година, според некои се сметта дека група македонски емигранти во Бугарија, членови на ВМРО и раководени од Велко Велјанов – Чичето, учествувале во убиството на првиот бугарски министер на земјоделската влада Александар Стамболиски.

Имено, уште на 10 јуни 1923 година воениот министер Иван Велков дал устна наредба на капитанот Иван Харлаков самиот Стамболиски да биде заробен и убиен и тој заминал со група воини за Пазарџик, каде што операцијата за апсењето била раководена од полковникот Славејко Василев. Стамболијски направил обид да побегне до дворецот во Кричим, но на 13 јуни бил заробен кај село Голак, по кое бил преместен во Пазарџик каде бил предаден на групата на Харлаков, којшто го одвел во вилата во Славовица. Таму тој бил убиен од група членови на ВМРО, водена од скопскиот војвода Величко Велјанов.

По убиството на Александар Протогеров во 1928 година, Велко Велјанов – Чичето застанал на страната на Иван Михајлов, кој за него ќе каже: „Иако неписмен, Величко беше интересен со некои сосема оригинални карактеристики. Правеше впечаток со едрата своја фигура и сосема тивкиот глас“

Во текот на Втората светска војна, по окупацијата на Југославија, Велјанов се преселил во Скопје, каде набргу починал.

Велко Велјанов – Чичето починал на 18 октонври 1943 година во Скопје.

 

На прво место

News image

САМО ЗДРУЖЕН МАКЕДОНСКИ НАРОД ,СО СИЛНА ВЕРБА И ЦВРСТ ДУХ ЌЕ ЈА ВРАТИ ДРЖАВАТА ВО СВОЕ ВЛАДЕНИЕ

САМО ЗДРУЖЕН МАКЕДОНСКИ НАРОД ,СО СИЛНА ВЕРБА И ЦВРСТ ДУХ, ЌЕ ЈА ВРАТИ ДРЖАВАТА ВО СВОЕ ВЛАДЕНИЕ. ...

Историја

News image

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ НА БУГАРИТЕ ИМ ПРЕЧИ ТОА ШТО СМЕ МАКЕДОНЦИ

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ НА БУГАРИТЕ ИМ ПРЕЧИ ТОА ШТО СМЕ МАКЕДОНЦИ

Иселеници

News image

Зоран Ќосески-мировен судија во окружниот суд на западна Австралија

Зоран Ќосески-мировен судија во окружниот суд на зап...

Култура и туризам

News image

ЕСМА РЕЏЕПОВА – ТЕОДОСИЕВСКА – КРАЛИЦАТА НА РОМСКАТА ПЕСНА (24)

ПРОСЛАВИ НА ГОЛЕМИТЕ ЈУБИЛЕИ НА ЕСМА И АНСАМБЛОТ „ТЕОДОСИЕВСКИ“

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (10)

БРИГИТЕ И ТРАКИЈЦИТЕ – ПОПУЛАЦИИ НА ЦЕНТРАЛЕН БАЛКАН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.