Среда, 10 Април 2019    Печати
Сашка Петковска

1sСашка Петковска

Сашка Петковска (7. IV 1951 - 30. VIII 1983) е македонска интерпретаторка на популарна музика. Во 70-те години на минатиот век беше голема музичка ѕвезда и модна икона која остави богато музичко наследство зад себе. Почнала да пее со група во Битола и набрзо настапила во Италија на познатиот фестивал во Сан Ремо, во неговиот дел за млади пејачи Кантаџиро (Cantagiro), на кој освои трето место. Настапувала со голем број познати солисти (К. Слабинац, Нови фосили, З. Чолиќ, Седуммина млади) и соработувала со познати автори на популарна музика (С. Димитров, К. Костов, Д. Масевски и др.). Учествувала на скопските фестивали. Снимила педесетина песни за продукцијата на МРТ, од кои дел беа хитови (“Што ли да ти кажам“; “Песно моја“; “Може ќе те сретнам“; “Најмил мој“ и др). Покрај солистичката кариера, беше член и на групата “Македонија“.

Сашка Петковска е родена на 7 април 1951 година во Зрењанин. Нејзиониот татко кој е воено лице набрзо добил прекоманда и Сашка како многу мала доаѓа во Битола каде го поминува детството. Одновно и средно образование завршува во Битола, а Филолошки факултет, група англиски и француски јазик завршува во Скопје.

Уште како мала Сашка станува позната како “девојчето со убав глас”. Во основно образование таа е зачленета во драмски секции и пее во пионерските домови. Потоа е ангажирана од групата „Скромни“, предводена од Славе Димитров, Кире Костов, Сашо Барабанов…

По почетоците со групата од Битола, Сашка набрзо настапила во Италија на познатиот фестивал во Сан Ремо, во неговиот дел за млади пејачи Кантаџиро (Cantagiro), на кој освои трето место. Потоа следуваат нејзините настапи на сите фестивали на забавни мелодии во нашата земја, како и учество на „Златен Орфеј“ во Бургас, Р Бугарија. Добива повеќе награди и тоа: Прва награда за интерпретација на композицијата „Еден пораз не е крај“ во Суботица, Втора награда за интерпретација на „Толку љубов“ во Бургас, Прва и Втора награда на Фестивалот за забавни мелодии – Скопје за „Никогаш, никогаш“ и „Бакни ме“.

Сашка Петковска настапувала со голем број познати солисти (Крунослав Слабинац, Нови фосили, Здравко Чолиќ, Седуммина млади) и соработувала со познати автори на популарна музика (С. Димитров, К. Костов, Димитар Масевски и др.)

Во 70-те години на минатиот век Сашка Петковска станува голема музичка ѕвезда и модна икона која зад себе остави богато музичко наследство. Зад себе има шеесетина снимки, неколку емисии на просторот на бивша Југославија, на Радио Скопје, шоу емисии и настапи на ТВ Скопје, ТВ-шоу на австриската телевизија и снимка за Интервизија. Исто така и таа има успешни настапи на националните телевизии на Бугарија, Советскиот Сојуз и Полска.

Најголем успех Сашка постигнува со композициите: „Бакни ме“, „Никогаш, никогаш“, „Грижа“, „Среќна сум што живеам“, „Чувство“, „Чао, адио“, „Запри срце“…

Сашка Петковска станува сопруга на познатиот естраден работник и менаџер Марио Липша, кој долги години беше на чело на најпознатата естрадна институција во Македонија, здружението на естрадни уметници „Естрада“.

Сашка Петковска – Липша одреден период беше и членка на легендарната вокално-инструментална група „Македонија“ предводена од трубачот Благој Чешларов, заедно со Даниела Панчетовиќ, Кирчо Поп Лазаров, Зорица Верица Ристевска и др.

Сашка Петковска почина 31 август 1983 година. Таа беше една од девете жртви во тешка собраќајна несреќа која се случи кај селото Градобил, на патот Куманово - Свети Николе. Животот го загуби премлада. Имше само 32 години, останаа нејзините песни преку кои таа сè уште живее меѓу нас.