Среда, 05 Јуни 2019    Печати
Јосиф Даскалов

225px-Yosif DaskalovЈосиф Даскалов

Јосиф Даскалов (1868 - 1909) е македонски револуционер, деец на Македонската револуционерна организација. Бил учител во Скопје, Кратово и др. Гоце Делчев го вклучил во Организацијата како раководител на Кратовскиот револуционерен реон. Во 1897 година, за време на Виничката афера бил уапсен. Во текот на ѕверското мачење, ги излагал мачителите дека во Кратово има скриена архива на ТМОРО, па кога ноќе го повеле на посоченото место, за да не ги одаде тајните го фатил кајмакамот за заедно да се фрлат од Радин Мост. Кајмакамот сепак се спасил, а тој удрил во карпата на дното, но преживеал.

Јосиф Даскалов е роден во 1868 година во Кратово. Тој е син на свештеник и учител Димитри. Основно училиште завршил во родниот град, а потоа учел во Педгошкото училиште во Ќустендил. Во 1881 година татко му бил заточен во Приштина и тој останат без издршка, поради што извесно време работи како општински писар во Ќустендилското село Берсин.

Со поддршка на македонскиот револуционер и сограѓанин Ефрем Каранов, кој живее и работи во тоа време во Ќистендил, Јосиф Даскалов го зафршил IV клас и станал учител како и неговиот татко. Во учебната 1885/86 година Јосиф Даскалов предавал во Скопје. По  извесно време заминал за родното место и учителствувал во Кратово и други места.

Во 1894 година Јосиф Даскалов влегол во Македонската револуционерна организација. Тој бил заколнат од Гоце Делчев, кој го вклучил во Организацијата како раководител на Кратовскиот револуционерен реон.

По разоткривањето на Виничката афера во 1897 година,  Јосиф Даскалов бил уапсен и ѕверски  мачен. Поради многукратните измачувања да ги открие своите соучесници, Даскалов ги излагал мачителите дека во Кратово има скриена архива на Македонската револуционерна организација, Кога на 26 декември 1897 година, турските власти ноќе го носеле на местото за да им ја предаде архивата, тој го фатил кајмакамот за заедно да се фрлат од Радин Мост. Кајмакамот сепак се спасил, а тој удрил во карпата на дното, но преживеал.

Македонскиот револуционер, дец на ВМРО и историчар Христо Силјанов, за Јосиф Даскалов ќе напише:

„Од интелигентните луѓе најтрагично заврши учителот Јосиф Даскалов, кратовски раководител. Најбезочно измачуван, горен со вжештено железо во устата и анусот, Даскалов се решава на еден безумни дрзок потфат: го одведува мачителот на една скалеста стрмнина, божем да му покаже каде е складирано оружјето и се фрла оттаму в бездна. Даскалов се обидел да го повлече со себе и Турчинот што го придружувал, ама не успеал: сам се струполил во бездната, но за чудо, останал жив...

Јосиф Даскалов бил осуден на 6 години затвор и бил затворен на Родос. Во 1902 година бил амнестиран и се вратил во родното место, но поради изразените промакедонски ставови егзархистите не му дозволиле да се вработи во Кратово, туку (по многу чекање) во Злетово.

Подоцна Јосиф Даскалов бил испратен во Подрум Кале и таму во 1909 година бил отруен од врховистите (со отров во чаша вино) на патрониот празник „Св. Кирил и Методиј“.