Среда, 14 Август 2019    PDF Печати Е-пошта
Георги Белев

maxresdefaultГеорги Белев

Георги Белев (14 IV 1868 - 1945) е македонски револуционер, просветен деец и директор на Солунската гимназија. Во 1912 - 1913 година бил последен директор на егзархоската гимназија во Солун пред нејзиното затворање од страна на новите грчки власти. Белев е автор на вредни мемоари, публикации и брошури за македонско-одринските движења, од кои многу се испечатени во магазинот „Илустрација Илинден“. Во нив Белев истакнува дека „Движењето во Македонија беше домородно, автохтоно дело на самите Македонци, и не зависеше од бугарските власти и политички кругови, ниту од било какви надворешни фактори“.

Георги Иванов Белев е роден на 14 април 1868 година0 во Охрид. Според други извори тој е роден во 1875 година. Во 1889 година завршил четврта година на Солунската егзархиска гимназија, а во 1893 година математика на Софиското вишо училиште.

По завршувањето на образованието учителствувал во Државната машка гимназија „Кнез Борис“ во Русе и во Габровската гимназија „Васил Априлов

Георги Белев е член Младата македонска книжевна дружина, во која учествуваат голем број македонски просветители и обштественици од Македонија. Тие се познати уште како "лозарите". Меѓу нив се Евтим Спространов, Петар Поп Арсов, Тома Карајовов, Христо Коцев, Димитар Мирчев, Андреј Љапчев, Наум Туфекчиев, Георги Баласчев, Даме Груев, Гоце Делчев, Лука Џеров, Иван Хаџи Николов и Христо Матов, Војдан Чернодрински и др.

На IX Конгресот на Врховниот комитет станал нејзин член, а во 1901 - 1902 година бил касиер на крило на Стојан Михајловски и генерал Иван Цончев. За време на Илинденското востание тој бил секретар во четата на ВМОК на Јордан Стојанов во Серско.

По Илинденското востание, цончевистите се обиделе да ја искористат кризата која настанала во македонското националноослободително движење. Како и во минатото, врховистите се обиделе да ја потчинат Внатрешната организација преку преговори и предлози. Георги Белев учествува во мисијата спроведена во април 1904 година во Македонија, кога дошил во Солун, за да се водат преговори со Внатрешната организација. Според Белев требало да се постигне договор за кординација на активностите меѓу двете организации.  Но во тоа време ЦК бил распуштен и тој водел разговори со Солунскиот окружен комитет.

Од 1905 до 1911 година Белев бил директор на Трговската гомназија во Бургас, а од 1912 - 1913 година бил последен директор на Солунската егзархиска гимназија пред нејзиното затворање од страна на новите грчки власти. По војните, тој беше шеф на одделот во Дирекцијата за државен долг на Бугарија.

Во 1928 година, Георги Белев бил во раководство на Охридското македонско братство.


Георги Белев е автор на вредни мемоари, публикации и брошури за македонско-одринските движења, од кои многу се испечатени во магазинот „Илустрација Илинден“. Како директен учесник во настаните за време на Илинденското востание Белев сведочидекаво периодот спроти востанието, додека македонските и одринските комитети прибирале финансии за востанието, бугарската влада ги опструирала преку конфискување на имот на македонските друштва во Бугарија, на разни документи, вредни предмети, апсење на Македонците и сл.

Исто такаБелев во нив ќе истакне дека„Движењето во Македонија беше домородно, автохтоно дело на самите Македонци, и не зависеше од бугарските власти и политички кругови, ниту од било какви надворешни фактори“.

Георги Белев починал во 1945 година во Софија.

 

На прво место

News image

ВМРО-ДПМНЕ има поддршка да формира Влада

Муцунски после завршената посета на Брисел: ВМРО-ДПМНЕ има поддршка да формира Влада која ќе го за...

Иселеници

News image

КРЕАТИВНОСТА МИ ЈА ПОЛНИ ДУШАТА

Разговор со Лара Мабеи која ја игра главната улога во „Баб...

Култура и туризам

News image

ИЗРАЕЛ - ВЕТЕНАТА БИБЛИСКА ЗЕМЈА (12)

ЕРУСАЛИМ - ГРАДОТ НА ВЕЧНОСТА

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (31) I ДЕЛ

МИТОЛОШКА И ТЕОНИМСКА ОНОМАСТИКА НА ПАНОНИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.